Историја на „влијателните“ - од Шекспир до Инстаграм

Влијанието е предизвик за суверенитетот, и политичкиот и личниот. Да признаеш дека си повлијаен од некого или од нешто значи да се откажеш од атрактивната идеја дека како поединец, или како општество, си самодоволен.

Mинатата година за најмлад инфлуенсер на социјалните мрежи беше прогласен Ралфи Ваплингтон од Британија. Со своите две (2) години, тој има дваесет илјади следбеници на Инстаграм, а најголемиот дел од својот досегашен живот е модел за бебешка облека и друга опрема. Неговите родители го фотографираат согласно насоките кои ги добиваат од комерцијалните партнери, а членовите од поширокото семејство мора да побараат дозвола пред да постираат сопствени слики од Ралфи, за да не го нарушат имиџот на неговиот „бренд“.

Ралфи е секако сладок, но таа негова шармантност предизвикува чувство на нелагодност кога подетално ќе почнеме да се занимаваме со инфлуенсерите и нивната вештина. Од една страна тоа е некој кој заработува од популарноста онлајн преку поддржување на производи или услуги. Но „инфлуенсер“ звучи и по малку морничаво, како некој кој има геполитичко влијание од досега невидени размери. Влијателниот кој е таков главно мотивиран од пари има свој „црн“ двојник во хакер или ПР бот кој се обидува д аго моделира политичкиот идкурс. Обајцата успеваат во нашиот вмрежен свет, во кој дигиталното влијание е меч со две острици - стока која може да се продаде и закана за демократијата. Комерцијален сон и политички кошмар.

Influence доаѓа од латинското influere, во смисла на проток, течење. Денешното значење, на невидливо или индиректно дејство кое се врши за да се предизвика промени е воспоставено во схоластичкиот латински во 13 век, но во англискиот се појавува дури во доцниот 16-ти. Истиот корен се содржи и во „инфлуенца“ (грип), болест на дишните патишта, која се шири имено преку проток на вируси.

Оттаму истиот термин ги буди и сите наши стравови во врска со непријателско туѓо присуство кое ни ги руши системите за одбрана. Влијанието е предизвик за суверенитетот, и политичкиот и личниот; да се признае дека си повлијаен од некого или од нешто значи да се откажеш од атрактивната идеја дека како поединец, или како општество, си самодоволен.

Подеднакво е дестабилизирачко и чувството на немоќ кога се обидуваме да ги идентификуваме изворите на влијанијата или нивниот ефект. Најголемите влијанија се оние кои се вршат опскурно, зад сцените, а тоа, во нашата економија базирана на дигитално влијание, директно влијае врз културата на скептицизмот и параноја. Стравот од нечие наметнување влијае врз нашето чувство на реалност и способноста да им веруваме на сопствените проценки за тоа што е вистина. Оние кои местат избори и комерцијалните инфлуенсери можеби имаат различни цели, но сите придонесуваат кон атмосферата на недоверба на нашето доба, во кое јазикот на измамата, фејксерството и неавтентичноста стана толку фундаментален, што без него не можеме да го толкуваме (ниту опишеме) светот.

Зборот „инфлуенс“ се среќава во четвртина од Шекспировите драми. Во нив она врз што се влијае ретко излегува среќно или достоинствено. Бардот на влијанијата им дава мрачна астролошка аура. Во „Сè е добро штом добро ќе се сврши“ еден вулгарен војник го охрабрува младиот гроф Бертрам да си ја искористи дворската позиција, бидејќи дворјани се обично оние кои „јадат, зборуваат и се движат под влијание на најсреќната ѕвезда“, а во денешна смисла и се - ѕвезди.

Денешните пандани на ваквите астрономски влијанија се алгоритмите кои диктираат кои видеа се препорачуваат од јутјуб, или скриените машини кои им даваат приоритет на одредени постови на социјалните мрежи. Нивните агенди не ни се познати, но се и променливи, како да им служат на каприциозни божества.

И самиот феномен на влијанието почнува да мутира на необични начини. Инфлуенсерите почнуваат ДА ЛАЖИРААТ спонзорства од брендови, постирајќи фотографии кои создаваат илузија на рекламирање. Од друга страна, хакери „киднапираат“ успешни акаунти и бараат откуп за нив. Затоа што за инфлуенсерите тоа е прилично конкретен, често и животно важен имот - архива на слики, видеа и текст кои за нив значат исто колку и каков и да е физички имот во „реалниот“ свет.

извор

7 мај 2019 - 11:11