„Мурат“

Интерактивен стрип од чешки цртачи

Веројатно има конзервативни љубители на стрипови кои ги признаваат само оние на хартија, без непотребни финти, ама овој навистина делува како да си влегол на пијачка во баров, со сите тие сомнителни ликови околу тебе. Топ: начинот на точење на пивото.

Чешкиот независен колектив Мотив направи краток интерактивен стрип, со аудио-визуелни ефекти и анимација. Дејството се одвива во мрачно касино, наречено „Нонстоп бар", а приказната во голема мерка ја одредувате самите, со насочување на дејството, а во еден момент и со составување сложувалка од различни парчиња од неа. Од почеток е малку морничаво, ама после кога ќе се заиграте чувството е како да сте влегле во некој филм на Џармуш. 

Интерактивниот стрип тука

Краток трејлер:

3 јули 2014 - 10:02