Хороскопска музика свирена на музички кутии

Карлхajнц Штокхаузен (1928-2007), германски композитор, музички визионер на 20 век, автор на електронска, камерна и хорска музика, седум опери. Но и на - минијатурни композиции за музички кутии.

Компонирани во 1974 и 1975, „Хороскоп“ (Tierkreis), се состои од 12 мелодии, секоја претставувајќи еден од знаците на астролошкиот календар и секоја свирена на посебно дизајнирана музичка кутија.

И покрај нивната едноставност, овие композиции од 12 односно 14 тонови звучат многу различно од нежните мелодии кои обично доаѓаат од музичките кутии. Сепак, тие биле првично наменети за деца, и претставувале дел од бајковидна музичка претстава наречна „Музика од стомак“ - израз кој Штокхаузен го користел да ги опише звуците кои доаѓале од стомачето на неговата мала ќерка Јулика.

Откако ги компонирал 12-те мелодии, ги нарачал дрвените кутии од швајцарскиот изработувач Reuge. Тие се произведувале до осумдесетите, а во 1998, по повод 70-тиот роденден на Штокхаузен била изработена посебна серија. Од нив денес се останати уште неколку, од знаците риби, овен и стрелец, по цена од 310 евра парче.

Ова е една од оригиналните кутии, со звуците на музиката за знакот Овен.

А оваа си ја одбравме за Лав:

Сите музички кутии односно хороскопски знаци тука

Претходно: Музика за 4 хеликоптери и оркестар

28 септември 2018 - 20:55