Полициски траги во стихови

Хаику поет-убиец

Полицијата во внатрешноста на Јапонија гони 63-годишен маж за кого се сомнева дека убил пет лица, потпалил две куќи и зад себе оставил трага во вид на хаику песна.

Денес ни тргна со акциони филмови. Ама следнава сторија не е филмска, туку реална.

Неделата вечер во остатоците на нивната куќа, во планинските делови на провинцијата Јамагучи, биле пронајдени тела на две седумдесетгодишни старици, а недалеку од нив, во друга куќа која била потпалена во истото време, била пронајдена уште една жена. Изолираното село се состои од само 10 домаќинства, храм и месна заедница, па откако следниот ден биле пронајдени уште две тела на возрасни жени, кои биле усмртени со удари со тежок предмет по глава, излегло дека бројот на населението е намален за една третина.

Криминологот Јинсуке Кагејама изјавил дека сите жртви сигурно спиеле додека биле нападнати, бидејќи дури и постарите лица, колку и да се немоќни, пружаат отпор, а пронајдените тела не укажувале на тоа. Но затоа убиецот оставил трага, и тоа во сопствениот дом, кој исто така се наоѓа во селото. Песната, напишана во стандардна хаику форма од 17 слогови, била закачена на прозорецот од неговата куќа и гласи:

„Потпалување оган.
Чадот го радува
пријателот од селото"

Иако името на авторот не се обелоденува, селаните велат дека бил непријателски настроен и стално правел бељи. Но велел дека и да се случи да убие некого, ќе биде ослободен, бидејќи е на тешки лекарства.

Поука: ако имате комшија поет, внимателно прочитајте му ја поезијата. Бар да си знаете од што да си ја осигурате куќата. За козата си знаете и самите.

25 јули 2013 - 13:43