Есен во Скопје

Денов нè затече со неговиот намуртен лик, па решивме да му го возвратиме ударот - кој тебе со пролетен дожд, ти нему со француска шансона.

Ова е всушност песна за песна. Првата ја напишал Превер во 1945, на музика на Јозеф Козма, и во оригинал се вика „Мртви листови" (Les Feuilles Mortes). Откако во 1947 стиховите беа препеани на англиски, таа стана една од најобработуваните поп/џез стандарди. Едит Пјаф ја има снимено и на француски и на англиски, а во филмот „Есенски лисја" со Џоан Крафорд има верзија од Нет Кинг Кол. Во 1962. Серж Гензбур направи свој трибјут, под наслов „Песната на Превер" (или што би рекол наш Петре М. - песна за твојата песна). Ете ги тука, верзијата на Пјаф, и онаа на Серж.


30 март 2012 - 12:58