Детски приказни читани од астронаути

Земските деца наскоро ќе можат нивните приказни за добра ноќ да ги слушнат од необични гласови и ликови кои доаѓаат од - вселената!

Денес (четврток, 9.1.) леталото Сигнус без човечки екипаж ќе полета од Вирџинија, натоварено со книги за новата образовна програма на Меѓународната вселенска станица, под име „Приказни од вселената". Според еден од креаторите на програмата, астронаутот Ал Дру, целта е да се „стават во погон детските мотори за авантура", комбинирајќи ги вештините за читање со науката, технологијата, инженерството и математиката.

Главен јунак во книгите кои ќе бидат читани и снимани од страна на астронаутите, а потоа достапни како видеа за децата од целиот свет, е кучето кое патува низ вселената Макс, од популарната серија на детски книги на Џефри Бенет. Книгите го следат Макс додека тој ги посетува месечината, Марс, Јупитер, а во нова книга напишана специјално за „Приказни од вселената" и Меѓународната вселенска станица.

Екипажот на МВС истовремено ќе прави едноставни демонстрации кои се дополнувања на содржината на книгите. Видеата ќе се едитираат и ќе се складираат во онлајн библиотека со образовни содржини. Намерата на проектот, меѓу другото, е и да ја приближи науката од вселенската станица до „обичните" луѓе и до децата, за кои инаку она што се случува таму е прилично апстрактно.

9 јануари 2014 - 17:11