Дали може да се разболиш од одење во музеј?

Не мислиме на некаква метафоричка болест која се фаќа од посета на места обременети со идеологија и историја, и со артефакти кои асоцираат на нив. Зборуваме за многу физички болести кои се фаќаат ако фаќате предмети во музеј, a кои ги фаќале многумина пред вас

Интерактивните екрани, новиот тренд по музеите кои сакаат да се нарекуваат модерни, се богат извор на бактерии. Со оглед на тоа што хигиеничарите не можат да постигнат да ги чистат повеќе пати дневно, најразумниот совет е рацете да се измијат веднаш по нивното користење. Во спротивно ризикот за зараза според истражувачите е и поголем од тоа да се допира седиште на тоалет.

Тоа не значи човек постојано да се мачка со антисептици, но по допирање на екран музејските посетители би требало да си ги измијат рацете со сапун и вода пред да си ја допрат устата, очите или носот. И, како што советува Џонатан Ајсен, професор по микробилогија и имунологија на Универзитетот Калифорнија, „да не се лижат музејските ајпади и монитори“.

Ова е особено важно за деца, и во време на сезона на грип. Кога се на располагање слушалки, посетителите два пати размислуваат дали да стават нешто на уши освен ако тоа не изгледа навистина чисто. Инвестирањето време и средства во ваквиот тип хигиена за голем број музеи е голем издаток, но тоа едноставно мора да се прави - се проценува дека 30% од 7-те милиони посетители кои минуваат низ само една ваква институција во Вашингтон, Националниот природонаучен музеј, ги допираат екраните (50 на број), а 10% на нив се задржуваат прилично долго. Тоа значи дека годишно 700.000 луѓе виртуелно се „ракуваат“ меѓу себе. Оние поагилните музеи почнале да поставуваат кутии со антибактериски гелови на влезот на салите, но забележале дека луѓето ретко ги користат.

Музејските работници сега се скептични за следниот можен чекор - помасовно користење на опрема за виртуелна реалност во нивните институции. Тогаш ќе треба да се мисли и на маските за лице и на контролерите. Што ќе отвори нова страница во излегувањето на крај со можните бактерии.

24 август 2017 - 16:25