На денот без тутун

Бертранд Расел: „Пушењето ми го спаси животот“

Во 1959., Бертранд Расел, британскиот логичар, математичар и историчар, кој тогаш имал 90 години и Нобелова за литература, сè уште можел да даде добро интервју. Во ова зборува за еден од неговите (ретки) „конвенционални" пороци - пушењето луле, и како оваа негова навика во една ситуација му го спасила животот.

Ова видео, како и она во кое Расел испраќа порака до луѓето кои живеат 1,000 години во иднината, е класика, но го актуелизираме за да ви го честитаме - Светскиот ден без тутун, 31. мај.

Додека Светската здравствена организација предупредува од опасностите од пушењето, Расел си го пуфка лулето и делува пресреќен што е жив.

31 мај 2012 - 09:27