Bookbox

Сиво, те сакам сино

Неодамна пишувавме за тоа дали бојата е физички ентитет, или е нешто што зависи од индивидуалната перцепција. Некој пак да ти имал песна токму на таа тема. За сината, која може да е и сива, и црна. 

„Оној кого го сакам“ (The One I Love, 2014)

Еден од ретките примери кога за да кажеш што и да е за филмот всушност мораш да ја откриеш главната финта. Затоа, освртот кој следи е од типот „газење по јајца“.

50 години од албумот A Saucerful of Secrets на Пинк Флојд

„Пајнче тајни“, од оние чинивчиња што стојат под порцеланските шољи за чај. Втор студиски албум на легендарната група, но значаен заради тоа што е и последен на кој свири еден од основачите, Сид Берет.

Нова книга на Стоја: Филозофија, мачиња и порно

Наречена „поп стар на порното“, Стоја, актерка и продуцентка на филмови за возрасни со српско потекло, е бранителка на порно индустријата и еден од нејзините најартикулирани коментатори. Сега има и нова книга.

Моќта на „сè уште не“: зошто страстите не се откриваат, туку треба да се развиваат

Советот на разни „тренери за живот“, коељовски настроени автори и мотивирачки твитови е - откриј ја својата животна пасија, и следи ја. Или пасивно чекај самата да ти се открие. Многумина во таквото чекање го минуваат животот.

Репортажа од концерт на У2 во Вашингтон

Наш човек кој бил присутен на неодамнешниот концерт на У2 во САД, во рамки на турнејата Experience+Innocence, ни ги испрати своите впечатоци, и споредба - како го доживеал бендот во живо пред четврт век, а како денес, со сиот технолошки напредок што тоа го подразбира. 

Библиотеки во кои лилјаците работат ноќна смена

На Универзитетот на Комбра во централна Португалија постои богата библиотека. А во неа, помеѓу првото издание на „Римски антиквитети“ на Дионизиј од Халикарнас и збирка книги од 15 век, се населени лилјаци. Со посебна намена.

Don't you „племе“ me

Да пишуваш рубрика за култура во турбулентни времиња е привилегија. Додека околу тебе „племето“ си ги вади очите, ти се бавиш со фини нешта - годишнини од раѓање на омилени музичари, опскурни изложби, патеписи од далечни земји (колку подалечни, толку подобро), стрипови, исчезнати панкери и умрени готвачи.

Назотека или збирка на скршени носови

Насловот звучи необично, но се работи токму за тоа - за голема збирка носови, изработени во мермер, камен и други материјали, кои отпаднале од оригиналните скулптури и сега не може да им се најде сопственикот.

Изложба која ги преиспитува границите помеѓу уметноста и документарното

Данкан Хигинс, професор по визуелна уметност во Британија и Норвешка, со изложбата во Скопје, која ќе биде отворена утре (вторник) во Музеј на град Скопје, поставува интересно прашање - дали уметничките слики можат да играат документаристичка улога?

Кога си „згладен“: нов збор за познато чувство

Она кога си вознемирен, нервозен, речиси агресивен, а можеби не знаеш дека ти е од глад. Hangry (со а, наместо hungry) на англиски, предлог за македонски - згладен. Збеснат, од глад.

Расказ за гостите

Ќутиш за да не ја нарушиш динамиката на муабетот. Можеби ова е последната седенка на земјата, со сето шаренило најчовечки табиети, желби и стравови, и баш тебе ти се паднало да ја организираш.

Најбруталниот филм на Хичкок кој никогаш не бил снимен

Бил инспириран од реален случај на сериски убиец. Но визијата на славниот режисер била оценета како премногу насилна и сексуално експлицитна за неговото време. Така, „Калеидоскоп“ останал само на хартија.

Патепис: 14 месеци низ Јужна Америка

Девојката од оваа приказна ја знаеме уште како студентка по етнологија. Но за нејзините патешествија дознавме неодамна, кога го купивме најновиот број на „Лице в лице“ и ја видовме на фотографија. Тијана била во Јужна Америка? Правела и продавала торти за да заработи за патувањето? Ја каснал мајмун? Секој го истражува светот онака како што умее, вели таа. Ама некои се малку похрабри од другите.

Ник Кејв како воинот на коњ

Не знаеме дали ќе му стават плочка, но наскоро во градот Варакнабил во Австралија ќе се издигне статуа на славниот музичар качен на коњ и прекриен само со „прометејски“ чаршаф. Знак дека не сме толку лоши во извезување идеи, кои додуша никој не признава дека се наши.

Премиера на документарец за Ферал Трибјун

Во кино Европа на 13 јуни беше одржана загрепската премиера на „Вива лудеж“, филм на Марина Баничевиќ и Саша Станиќ, кои велат дека тој всушност и не е класичен документарец.

Вонбрачниот син на Колумбо и најголемата приватна библиотека во Европа

Ретко кој има слушнато за Ернандо Колон. Но тоа, дека е син на славен лик не е неговото единствено животно достигнување.

70 години од раѓањето на Ник Дрејк

Свесни сме дека насловов звучи троа соц-реалистички, небаре ќе организираме симпозиум во училишната сала со маса покриена со виолетов сатенски чаршаф, и изрезбани букви на славеникот во стиропор. Ама па како поинаку да ви кажеме дека денес би му било роденден на човекот кој, да не се убиеше, ќе полнеше 70?

Наместо на стадион, во еден руски град фудбал ќе се игра на театарска сцена

Град од милион жители со стокмен стадион и голема желба на него да се игра натпревар од светското не успева во намерата. Но знае да возврати - со балет на тема фудбал.

Aвстралискиот уметник што помина 3 дена закопан под земја е здрав и жив

Четвртокот вечер толпа гледачи се собра во Хобарт, Тасманија, за да гледа како еден човек ќе биде жив закопан. Мајк Пар, перформанс уметник познат по претходни екстремни настапи, на 73-годишна возраст одлучи да остане под земја 72 часа, без храна, само со вода и една книга.

Самоукиот експерт за Џојс кој исчезна

Во саботата, на 16.06, традиционално се одбележа Блумсдеј, денот кога се одвива дејството во романот „Улис“ на Џојс. И иако изгледа дека сè во врска со него е веќе кажано, на виделина излезе необичен случај со истражувач на ова дело.

Последниот филм на Роберт Редфорд пред пензија

Деновиве, колку да сочуваме здрав разум и да се потсетиме дека на светов има и други теми, гугламе „наши“ луѓе за да видиме како се и што прават. Така дознавме дека еден од нив - Том Вејтс - снима филм со Роберт Редфорд, под наслов „Стариот човек и пиштолот“.

„Доверливо од Спрингфилд“: нова книга за Симпсонови

Неодамна Симпсонови ја прикажа својата 636 епизода и со тоа стана најдолго прикажуваното телевизиско шоу во американската историја. По скоро 30 години тоа стана институција, како што ретко се случува со која и да е серија.

Патните дневници на Ајнштајн откриваат шокантен расизам

Приватните дневници на славниот физичар, и (барем до сега) докажаниот хуманист, од негови патувања низ Азија, откриваат дека не ги сакал баш жителите на овој континент, особено не Кинезите.