Читај дур не ти ги скинат

Aпокалипсата на е-книгите на Мајкрософт

Да поседуваш нешто, и да купиш дозвола која овозможува пристап до тоа нешто, се две различни работи. Тоа сега на груб начин го разбраа корисниците на е-книгите на Мајкрософт. А наскоро може да го разбере секој со пристап до кој и да е сличен сервис, за филмови, книги или музика.

Во април 2019 Мајкрософт соопшти дека засекогаш ќе го затвори одделот за книги на Мајкрософт стор. Компанијата влезе во бизнисот со е-книги во 2017. Сервисот се потпираше на употребата на веб браузер а не на посебна апликација, а „носачи“ на текст требаше да бидат компјутерите Срфејс. Целиот проект не покажа резултати, и сега гасне, при што сите наслови кои биле купени или симнати бесплатно веќе нема да бидат достапни.

На корисниците за непријатноста им се нуди поврат на средства, кои вклучуваат 25 долари доколку тие воделе белешки или подвлекувале, нешта кои исто така сега ќе бидат избришани. Иако денес Амазон доминира со пазарот на е-книги со Киндл, Мајкрософт всушност беше многу - седум години - пред својот конкурент.

Сепак, ова е трет пат што компанијата се повлекува кога се во прашање книгите, и можеби тоа е доволно за да крене раце од овој производ. Прво, во 2000, го лансираше форматот MSReader кој требаше да профункционира во соработка со книжарницата Барнес и Нобл. Ништо. Во 2012 по втор пат се обиде со истиот партнер, до 2014 кога тие дефинитивно се разделија. Иако голем број читатели не ни знаат дека имало и трет пат, експертите велат дека ова е веројатно најапла потсетник дека со купување на ваква книга тоа не значи дека истата се поседува, туку она што се има е само привремена дозвола за користење која има свој рок на траење.

DRM (Digital right management, управување со дигитални права) е финтата преку која Амазон, или која и да е компанија која продава е-книги, го контролира нивниот екосистем. Правно сè си е на свое место, ама нешто во читателите се бунтува. „Книгите ќе престанат да работат“, вели еден твит. „Не мислам дека ова звучи добро во ниту еден универзум“.

извор

Поврзана тема: „Златната ера на стримингот завршува“