Читањето е валкана работа

„50 нијанси сиво“ има херпес

Двајца професори од Белгија извеле токсиколошки и бактериолошки испитувања на десетте најпопуларни книги во градската библиотека во Антверп. Резултатите - бљак.

На испитаниот примерок на „50 нијанси сиво", сосема соодветно на содржината, се пронајдени траги од - херпес. Концентрациите на вирусот не е доволен за тоа да претставува јавен здравствен ризик, и истражувачите смируваат дека само преку допирање на книгата вирусот не може да се пренесе.

Сепак ваквите наоди ја зголемија свесноста за тоа што држиме во раце кога читаме позајмена книга од библиотека. Еден читател под статијата на оваа тема објавена во Тајм искоментирал: „Книгава ја симнав електронски, па сепак се чувствувам како да треба да се проверам".

Уште поинтересен е фактот што на сите книги биле пронајдени траги од кокаин. Што читатели беа овие од Антверп? А можеби всушност требало да се провери библиотекарот. Елементари, мај диар Вотсон.

Можеме само да претпоставиме какви траги во оваа смисла би содржеле книгите во нашите библиотеки. Ајвар и турско кафе?

15 ноември 2013 - 20:19