Доста „везете" - везете!

300 бесплатни книги за рачна работа

Универзитетот Саутхемптон има посебна референтна библиотека за она што со векови се сметално за женски марифет и обврска. Книги, каталози, шеми, списанија, можеби и понекоја Бурда. Сè што треба денес е прстите навикнати на типкање на тастатура, или на ракување со моторцангла, да се превоспитаат така за да држат чингелаке.

Анти-конзумеристи, феминисти, вешти во рацете, креативци, оние во потрага по издишка од напорниот ден, левичари (буквално) и десничари (буквално), ова е вистинското поле на кое е можно обединување - наместо бесплодно „везење" на округли маси, дебати и ТВ дуели, наместо пилатес и кревање тегови, сите со иглите пред себе и во тишина, прекинувана само од молњевитите движења на рацете, клот-фркет, клот-фркет.

Во македонскиот фолклор вештината на рачната работа се пренесувала усно, од баба или мајка на ќерка. Освен по теренските материјали на етнолозите, до упатства и шеми од прва рака за предење, ткаење, везење или плетење на начин на кој тоа го правеле нашите предци тешко се доаѓа. Но Британците имаат подолга пишувана традиција, и толку голема продукција на книги на оваа тема што Универзитетот Саутхемтон успеал да собере дури 300 книги во периодот од 1847-2012.

Една од нив е книга на извесна Мис Ламберт која освен шеми за бебешки „бодиња" содржи и нешто што се вика „кочијашка чорапа", која требало да се носи над чизма.

Интересни се и „волнените шлемови" содржани во „Помагајќи им на рибарите", памфлет од 32 страници издаден од Кралската национална мисија за рибари во длабоки води. Целта била граѓаните да направат, а потоа да донираат рачно направени чорапи, елечиња и други предмети кои би им помогнале на сиротите рибари полесно да го поднесат студот.

Целата колекција е достапна за бесплатно симнување тука (за подобра прегледност и печатење на шемите се препорачува пдф верзија). Особено ни се бендиса овој модел со бизони и кравата, кој одлично оди во комбинација со аксесориз - огнено оружје. Има и такви машки модели кои се повеќе од џемпери, и претставуваат природно продолжување на нивната влакнетост.

A сега, на работа!

Извор: Open Culture

12 април 2016 - 10:53