Што е тоа „зло“?

15 најстрашни книги според Џордан Питерсон

„Голем број луѓе ме имаат прашано што да читаат за соодветно да се образуваат. Еве список книги кои имаат извршено големо влијание врз мојот интелектуален развој. Предупредување: ова се најстрашните книги кои ги имам прочитано“

Вака го објаснува Џордан Питерсон списокот кој следи - комбинација на романи и филозофски дела кои го отсликуваат светот во кој живееме. А таа слика баш и не е некоја убава. Подетално ги претставивме само оние кои сметаме дека не се толку познати:

1. „Храбриот нов свет“ од Алдос Хаксли

2. „1984“ од Орвел

3. „Патот до пристаништето Виган“ од Џорџ Орвел

Првата половина на книгата е опис на ужасните услови за живот на англиските работници, а вториот е автобиографија на Орвел, за неговиот живот како претставник на средната класа и критика на односот на Британците кон социјализмот.

4. Злосторство и казна од Достоевски

5. „Демони“ од Достоевски

6. „Отаде доброто и злото“ од Ниче

7. „Обични луѓе“ од Кристофер Брауинг

Книга за тоа како „обични“ луѓе станале убијци под нацистичкиот режим.

Во ова видео Питерсон објаснува зошто оваа книга е толку важна, споредувајќи ја на ниво на нарација со „Брејкинг бед“. Таа почнува во раните денови на Втората светска војна, кога група германски полицајци се испратени во Полска, каде требало да помогнат во истребување на полските Евреи. Нивниот командант притоа им рекол дека можат да напуштат кога и да е, но тие сепак не го сториле тоа и покрај ужасните работи кои морале да ги прават, а кои чекор по чекор ја промениле нивната личност. „Токму тоа - постепеното и неосетно влијание на злото врз личноста - е она на што треба да се внимава“, заклучува тој.

(2:49 мин)

8. „Насликаната птица“ од Јержи Косински

Полуавтобиографска книга на Косински за неговите поствоени искуства во Источна Европа, низ која талкал како дете.

9. „Силувањето на Нанкинг: заборавениот холокауст на Втората светска војна“ од Ајрис Чанг

Опишана како „една третина ужасен хорор, третина скандалозен историски документ и третина сага за надежта и добрината“. Приказна за злосторствата направени од јапонските војници врз Кинезите.

10. „Архипелагот Гулаг“ од Солжењицин

11. „Човечката потрага по значење“ од Виктор Франкл

Три години Франкл бил затворен во четири различни концентрациони логори, вклучително и во Аушвиц. Тој ги опишува страшните, но и инспиративните моменти, што оваа книга ја прави до некаде и прирачник за само-помош. Од сопственото искуство како психијатар, тој опишува колку е важно да се најде значење во животот, имајќи предвид дека страдањето, во ваква или онаква форма, не може да се одбегне.

12. „Модерниот човек во потрага по душа“ од Карл Јунг

„Секој пат кога го читам Јунг сфаќам колку е паметен. Не дека не можеш да дојдеш и самиот до одговорите, туку никогаш не ти текнало да ги концептуализираш проклетите прашања“, вели Питерсон.

13. „Мапи на значење: архитектура на верувањето“ од Питерсон

Објавена во 1999, тој ја наведува оваа своја книга како резултат на влијанијата на сите останати од списокот.

14. „Историја на религиозните идеи“ од Мирчеа Елијаде

15. „Афективна невронаука: основите на човечките и животинските емоции“ од Џаак Панксеп

Синтеза на огромен број знаења од невронауката која се однесува на цицачите, а со тоа и на човекот. Питерсон по смрта на Панксел во мај 2017 го нарече „гениј од креативен научник“.

Бонус за љубители:

Предавање (42 мин) на Питерсон за природата на злото во кое:

- Почнува со признание за соништа кои долго време го прогонувале, за нуклеарна катастрофа

- Прави разлика помеѓу „зло“ и „трагедија“, и анализира зошто злото не е, и не може да биде академска тема

- Кажува за игра која често ја игра со своите студенти (згодна за во друштво)

- Дали Бог, таков како што е, семоќен и сезнаен, сепак има некаква фалинка?

- Објаснува зошто ранливоста е благородна. па дури и пожелна човечка карактеристика

- Го дефинира злото како „ненужно, а доброволно дејство“

- Како да го живееш животот како во основа трагично суштество (=човек), а од својата инхерентна ранливост да направиш предност?

8 март 2018 - 08:47