10 цитати од Џорџ Харисон

15 години од смртта на тивкиот Битлс

Потценет за време на неговото битлсување, во свој филм по излегувањето од групата, тој е еден од најинтересните ликови во музичката историја. Секогаш одмерен и мудар, тој во наследство ни ги остави и овие цитати.

„Се сеќавам дека сакав повеќе. Мислев - ова не е тоа. Славата не е цел. Парите не се цел. Да знаеш како да бидеш раат, како да бидеш среќен, не е нешто на што случајно налетуваш. Мора да го бараш тоа“.

„Битлсите го спасија светот од досада“.

„Ако има едно нешто што сум научил е да не се облекуваш неудобно, во стил кој те повредува: шпицерајќи кои ти ги деформираат нозете и тесни пантолани што ти ги смачкуваат јајцата. Индијската облека е подобра“.

„Понекогаш се чувствувам како да сум на погрешна планета. Супер е додека сум си во мојата градина, но кога ќе излезам низ портата веднаш помислувам - ’Што правам тука, по ѓаволите’?“

„Најголемиот пробив во мојата кариера беше влегувањето во Битлси во 1962. Вториот најголем пробив ми беше кога излегов од таму“

„Има високо, и повисоко и навистина високо - толку високо што можеш да одиш по вода - е, натаму сум тргнат“

„Ние бевме Спајс Бојс“.

„Најубавото нешто е да отвориш весник и да не се најдеш таму“

„Искуството е главната причина зошто сме тука, на светов - да собереме искуство. Од нашето искуство ќе добиеме знаење...а, ако добиеме знаење, тогаш добиваме и слобода“

„Зошто да живееме во мрак цел живот? Зошто ако си несреќен едноставно не сториш нешто во врска со тоа? Зошто живееш во темнина? Побарај ја светлината, а таа е во тебе“

„Внатрешна светлина“ на Џорџ, со стихови од Тао Те Чинг, вклучен на Б-страната на сингл на Битлси од 1968 (со „Лејди Мадона“ на А-страната)

29 ноември 2016 - 16:24