Маме ни ебавте...

Сега и со листерија нè жигосавте

Погоре напишаното не е порака до некој си. Не е ниту четиво за разонода. Ниту писмо до непознато другарче. Ова е само морален абер до мојот град, преубав. Ова е само одраз на локал - патриотизмот кој не давам да изумре.

И така, миц по миц,  ние од Куманово и листерија ви донесовме. Вишок имавме, па и на вас малку решивме да ви дадеме. Ништо не е тоа за нас, ние сме народ што редовно афери и смртоносни болести извезува. Сега ако не знаете, и за ебола се токмиме.

Не е лошо да се спомене дека ние како народ и сто пеесет илјади евра можеме да изедеме. И секој ден во црна хроника, и за цигарче трева да се прочитаме. Дека деца средношколци се степале, ама ете, од сите малолетници, само за нашите дека се кумановци, од редовни МВР билтени можеме да дознаеме. После Скопје, највеќе сида шириме. Све сами педери овде, чисто да си знаете. Иако цел град од таа месна индустрија се раниме, и ниту еден болен не регистриравме, а башка што јужњациве од соседството овде од наши продавници ги труеме, ние сепак листерија шириме.

Нас зовјут свински бут.

Налет листерија и коза козерија. Ние сме србомани што слушаат српска музика. Србија била блиску, па сите на ''иќ'' сме се презивале, српски сме збореле, и тоа како товарено магаре мора го носиме. Кумановскиот не е македонски - ај ти Сандра, доста на тој јазик овде по бели офф страници се лигавиш. Мрш комуњарке, изгуби се - ете така на мејл вие Семакедонци пораки ми праќате.

Жиг или судбина? Проклетсво или од Кумани генетика?

Кај и да се појавиме - вие кума - новци, вие кума - новци. Еден у сто Македонци, веднаш ''ку - де си бе кумановец?. Абе вие таму власт од 44. не сменивте? Уа, комуњари и есдеесовци, натовци, авганистанци и од свињи грипосани. Пуста фрустрација.

Да, тоа сме ние. Жигосани, и во сопствена држава, и од сопствен народ, повторно оцрнети.

Живееме со жолти знамиња, бетер од Евреи. Казнети ли сме, што е, некој нека прозбори...

Што да кажам народе македонски... Дадовме осум народни херои, први пушки, врагови. Плаќаме даноци, умираме, се раѓаме, но сепак недоволно правиме.

Погоре напишаното не е порака до некој си. Не е ниту четиво за разонода. Ниту писмо до непознато другарче. Ова е само морален абер до мојот град, преубав. Ова е само одраз на локал - патриотизмот кој не давам да изумре. 

Издржи, Куманово. 

Било и потешко. 

А сите останати, да ни се фатите. Во нашите кумановски листерии, нема вратови. Сѐ што има е само горда и храбра крв македонска. Многу погорда отколку што мислите. 

 

 

 

 

11 август 2014 - 03:30