Раце за Ива дадоа, не се исушија

А, вие кои ме прашавте на мејл дали е Ива циганка, подобри ли луѓе станавте?

* Месец дена после ова

---------------------------

Со Лиде кај Сандра на гајрет бевме. Почина татко ѝ додека да трепнеш. Беше стар ама витален. По тело карпа се гледаше дека од под Марковите кули доаѓа. Но, дотука било пишано. 

Судија во пензија.

Што и да лафи човек по нечија смрт - на исто се сведува. Добар беше, кандилото гори, помен за делата, да живее Јустиција.

Шљапаат чизмите од времиштево надвор. До кола, потоп се напраивме. 

- Лиде, абе ај по една кифла да купиме. Детево дома ќе бара јадење, дрндам додека чекам лампата за контакт на Фордот да изгасне.

Брисачите, де на лево, де на десно, и се појави тој вештерски лик пред очите. Капут долг рамно годините на нане мое 27' роденo, шамија ко у жените на Јуруците по селата кочански. Нос шилест како вистината на Грујо. А кантата празна и предлабока. Залудената старица е одамна во друга димензија. Нејзе ѝ е тотално небитно што бомбите на МТВ не ги даваат.

- Еве ја баба ѝ на Ива, вриснав ѓоамити Иванов го гледам до мене.

Пола геврек од ташната Лиде извади. Јас у рикверц колава, среќа надвор дожд, па не погазив пола Куманово. А кантите се празни. Гледам две раце како во буре без дно се дават. Сиромаштија. Леб од завчера веќе никој не фрла. А мама е нон - стоп гладна и веќе е на умирање, спомна Весна оној ден, на Ива наша мајка ѝ. Прозор на копче спуштив, старицата иако психотична, разбира пари и суви гевреци. Се доближи, нешто измумла, онака, жива мокра и небањата.

А само неколку дена пред тоа...

1.Ѓубрето во кое спие старицата го собравме. Од ЈП ''Чистота и зеленило'' дојдоа.

2. И барање пуштивме да дојдат и во Бардовци да ја соберат. Таму е нејзиниот рај. Служби, не ја оставајте да умре од туларемија.

Ние неколкумина помогнавме. Смртта на Ива допре до хуманите.

3. Собравме јорган, алишта, храна, играчки бебешки, шампони, портокали, сликовници, патики, лигавки, шпилхозни, цуциња, флашички, ориз, сокови,  мајонези, шпагети, прашоци, грашоци, омекнувачи, бекутани, марамчиња влажни, зејтин, риба во конзерви. Еден пикап сѐ заедно.

Faith in humanity restored.

4. Вработени во зелени униформи на 14 април ветија своето ќе го кажат. Од свои плати - помош за оние што останаа по Ива ќе одделат.

Допрва таму каде што Ива почина ќе градиме. Море, и црква ќе дигнеме.

6. Братчето и сестрата на Ива, веќе не се фантоми. Изводи добија.

7. Мајка ѝ постојана парична помош, семејството Мирковиќ социјално ќе зема за да не умре.

8. Тетка ѝ на Ива допрва за своите дела ќе бара покајание. Служби ѝ испративме, оти сака децата сами да се успиваат, додека мама во нечиј подрум за љубов наплаќа.

9. На четирите братучеди, исто храна дадовме. Греота се. Трите од на Ива тетка ѝ, во двор не се играа. Мајка им ги собрала. Клуч на одајата без прозорци.

На одење, се поздравивме, ама температура на едното, телефонот го испржи.

10. Средното братучедче на лекар го однесовме. Не слуша, оти крајниците увото му го затвориле. Пари за лекови, 1000 денара, закажавме и операција за која појма немам како ќе ја платиме.

Весна, зошто пак си небањана?

11. Купивме и црвено корито. Ива сестра ќе добие. Умреницата уште не е готова, а Весна кажува дека на три месеци од смртта, никој на гробишта не отишол. Не ѝ замерам. Весна едвај да знае кај се наоѓа.

Стигнаа мејлови оној ден повторно.

12. Ќе чекаме уште помош и од други ветени донации. Сакаме да изградиме бања, под во трошната соба да поставиме откако од кумановската црква преку фирми, варосавме и децата во вера ги ставивме.

13. Ќе чекаме да видиме јали Владата долгот за струја ќе го прости. Уште не е одлучено. Ние се надеваме. Децата, кажува стрина ѝ на Ива, често без домашна на школо одат. Во 21 век, на свеќа и на еден кревет, шестмина. 

А него тој ден го немаше. Па ни клуч не оставил бремената да отпочине.

14. Се слушнав со татко ѝ на Ива. Го мрзам тој човек. Весна кажува дека одвреме навреме ја тепа, па откако сфати што кажува, замолча. И Весна ќе полуди, се плашам. Што од гените, што од условите. 

А таа е толку убава. 

Остана оној ден во дворот пак небањата. Чинам, научена е на нечистотија. Пег години без струја живеачка.

Оставивме за некој ден храна и алишта.

А јас дома деца што само прашуваат: Мамо, абе сериозна ли си кога викаш дека детето од студ починало?

Легнав ноќва, а мозокот ми лачи прашања.

Зарем влегов во зона на самкракот вчеранавечер? Хичкок ли ме режира, ебати тоа ендорфинот заебан кога ќе помислам дека ние души гладни на момент спасивме.

Иста ноќ...

Бев на гајрет за оној кој на времето правда во поранешниот Суд делеше. Таму Ива почина. Баба ѝ на улица. Гевреци, дождови, глад, абе нека дојдат и нека ја соберат, пред Јустиција пак да задоцни. Глувци ќе ги изедат. Тетка ѝ од страшен суд се исплаши. Правдата нека победи.

И да не заборавам:

Благодарност до сите оние кои даруваа. Има некоја сила во орбитата. Добро нѐ заборава.

15. Гостував на радио, и јавно прашав:

Абе, вие кои ме прашавте на мејл дали е Ива циганка, подобри ли луѓе станавте?