Водич кроз галаксију или ми ти...

Afterparty

Шала на страна, кој што сака нека каже, тешко на разведените родители што од кило месо свои деца , во ''човек'' треба да ги израсне. Тешко кога згора на сè, немаш работа, живееш со твоите, си се вратил таму каде што некој твојата соба со непотребштини после свадбата ти ја наполнил, од маса твојот тањир на полица прашњава го вратил, тешко кога не се решаваш на повторна шанса, затоа што свое дете тешко кај вториот избор се носи, тешко е кога живееш во страв од повторно фијаско,  тешко кога општеството не ти дава ни да плачеш нит да се радуваш, тешко кога едноставно сфаќаш дека животот е сѐ, а најмалку заебанција.

Ех, невесто... Лиду, лиду, ду...

Дали ти се чинеше момче шеќерче? 

НЕ

Каква шовинистичка спрдња од песна е онаа што ја изѕуца Васка Илиева пред многу години, крај на приказнава. Демек, си се омажила мори сестро, и сега, тој ти е - што ти е. Ха, важи.

Нејсе...

Читам оној ден кај нашава колешка елаборира на тема мажење, па така ми дојде у момент да се отворам пред светот за една тема бетер од Сезам, а се вика: што откако ќе се ''размажиш'', затоа што ебати тоа мажачката - женечката која не ја бива никако. Еве ти Јано како у реалност изгледа afterparty...

Кога ќе се разведеш Јано мори бело грло од некој си, прва фаза е - ух, ми се раздени. И добро, ти се разденува, па ти се заоблачува, па ти се смрачува тук - тамо, арно ама... Тераш и мислиш дека the world is mine. И проаѓа таа фаза онака на брзака, и slowly but steady, доаѓа време кога почнуеш да се освестуваш дека - матер му ебам, ова малце по малце, све се навали на мој грб. Иако во брак си била и жена и маж (што на Балкан е исто нормално како да си се помочал после десет пива), во оваа фаза сфаќаш дека ти си, и жена, и ако имаш деца, и мајка, и татко, и свекрва, и баба, и девер, и јатрва, и плаќач на сметки од А до ЕВН,  и влекач на кеси од маалското гранапче, и чистачка, куварка, куче чувар, односно, слугинка без пари.

У фаза кога сфаќаш колко е уствари заебано да си ''сам дома'', тогаш доаѓа фаза на полудепресивна состојба. И почнува да те тресе секој ден грозница од тип, ох мене, како ќе се снајдам понатаму, може ли да се случи да останам без кров над глава, имам ли доволно пари да покријам сите трошкови, децава како ќе пораснат само со еден родител, имам ли ја живци сето оваа да го поднесам стоички?

Полудепресивната фаза драга Јана има шанси да отиде у ПМ, ако навреме не се освестиш дека разводот како процес не носи ништо добро, ама не и полошо од тоа што си го доживела порано. Да се живее во брак со лош избор, дали е тоа е маж или жена небитно кој пол е, е полош избор од изборот да се оконча нешто што од старт е осудено да пропадне. Причините се небитни, односно, све у животот е поврзано со причинско - последични акции и реакции, така да, кој е крив а кој прав, станува апсолутно небитно. И после нормално, следи фаза три,  фаза кога после неколку години самохран статус, преоѓаш у фаза кога више  ти е сеедно што Србија нема море, сеедно ти е и не чувствуваш мачнина од тоа дали ти е тешко, не ти е, дали магарето лета или не, и сè што ти станува небитно е твојата слика и одразот во околината во која живееш, бидејќи... Имаш зад себе историја, имаш пред себе иднина... Но...

Зошто народот и роднините околу разведените толку ги боли газот зошто си се развел? Зошто сите одеднаш имаат неописива потреба од своите бракови да прават рај? Зошто тогаш сите заборааваат како дома со своите мажи или женишта се караат до тепање? Зошто е народот толку проклет да живее туѓи животи? Зошто им е битно со кој се гледаш после разводот, дали било нормално или не ''да си имаш некој/a''? Зошто им е битно со кој живеат децата? Зошто им е битно мајката да биде таа што ќе ги одгледа синовите? Зошто им е битно дали ќе се премажиш? Зошто е битно да си најдеш некој, за да не те згазат годините? Зошто да си немажена после развод било најглупавата можна одлука? Зошто мамето нивно им е битно со колку партнери спиеш додека си сама?

Уствари, тешко на тие мајки што се самохрани херои. Самохрани татковци на прсти да ги наброиш овде по кафанава. После развод, трас децава кај мајките, татковците по кафиќи, главни дечковци. Ги сретнуваш насекаде, пуни себе, демек он си плаќал алиментација, па уште и дели лекции - абе, децата со мајка треба да си бидат. Ние татковците не знаеме да чуваме деца како што ќе чуваат мајките. Јаааа... Стварно? А да ги направиш си знаел?

Шала на страна, кој што сака нека каже, тешко на разведените родители што од кило месо свои деца , во ''човек'' треба да ги израсне Тешко кога згора на се, немаш работа, живееш со твоите, си се вратил таму каде што некој твојата соба со непотребштини после свадбата ти ја наполнил, од маса тањирот на полица прашњава го вратил, тешко кога општеството не ти дава ни да плачеш нит да се радуваш, тешко кога едноставно сфаќаш дека животот после разводот е сѐ, а најмалку заебанција.

Можеби немаше да напишам ред два, а да не видов како во оваа држава сѐ што се смета за добро гласачко тело, добива милион повластици. Можеби немаше да напишам некој ред, да видов дека во оваа држава, самохраните родители се до некаде субвенционирани, им се дава предност при вработување, им се дава шанса да преживеат во овие сурови времиња. 

Не, напротив. Ние самохраните не сме предмет на ничие разгледување, ние сме само одвреме навреме добра подлога за поткусурување од типот - па кој те тераше да се разведеш, ние сме луѓе кои живееме живот заебан, кои мораме да носиме вина што сме биле доволно храбри на Суд да одиме, кои мора да живееме со минатото кое како проклета сенка те прати во иднината.

Кучињата лаат, предизборниот караван со бесплатни скијања на вода си врви, децата си раснат уз парола - ја имам свој живот, ти што сакаш прави, а ти иди со плата едвај рамна на ''цркавица'' да живееш достојно и онака како што налага едно човечко достоинство. Ама он плаќал алиментација де, и тоа уредно, па дај не кукај, има и од лошо полошо, нели? 

Ех, Јано моја... Што да кажам освен една стара добра:

Секој си кука на свои гробишта

П.С

Ај еден виц на кумановски, па што му ебеш матер. Кољо и онака го продаде чифликот

Иде муж да се крсти по стари године у цркву, и док му поп мие главу, прашуе га:

ОДРЕКНУЈЕШ ЛИ СЕ ОД САТАНУ?... па још ед'н пут...

ОДРЕКНУЈЕШ ЛИ СЕ ОД САТАНУ? и такој до треќи пут, к'д ов'ј што се крсти му вика:

Абе дедо попе, па ја дојде ли да се крсту или да се разведују?

 

 

 

 

 

22 јануари 2014 - 00:36