Нова бавча на слободата

Дарко Лешоски - Пичвајз

Сакам живи луѓе. Спонтани, а спокојни. Ги сакам оние луѓе што први имаат храброст да се насмеат на погреб ако е пијан попот или ако падне ковчегот. Ги сакам оние луѓе што на слави или родендени први почнуваат да пеат, иако им е тапа гласот, ги сакам оние по свадби што играат иако не можат да го фатат ритамот.

Добар ден добри луѓе. Се викам Дарко. Дарко Лешоски (од стално го сакав она Бонд, Џејмс.. Бонд!)

Од Вевчани сум. Не знам кога беше последниот систематски .. имав сто осумдес два три сантими и седумдес три четри кила. Сега везе немам, ваљда тука негде исто. Македонец сум. Името не го давам, ама па и не и им ја давам ни младоста на оние што го отекуваат со името. Имам работено различни работи. Сега работам за Американците (кога ќе помислам дека сум роден на 4 јули осумдесчетврта ( илјаду деветсто фала Богу!) , некако ми има смисла све...

Ги сакам кафаните во Вевчани и сите луди луѓе во најпозитивна смисла што ми се таму. Ја сакам чаршијата во Скопје, го сакам топлиот бетон по Ленинова и Ѓуро Ѓаковиќ што се лепи за патики од прокапаните липи во пролет на полна месечина во еданаес навечер. Ја сакам бавчата од Излет и наутро црните дупки од Балет, Џубокс и Сектор. Ги сакам и со радост им се сеќавам на лунѕањата со тетин ми низ Дорќол. Никогаш нема да му простам на дедо ми што не се пребегавме во Минхен само ја и тој (бев страшно љут со денови и имав седум!) и вака кога ќе погледам не знам ни од кај сум, ни кој сум. Сакам живи луѓе. Спонтани, а спокојни. Ги сакам оние луѓе што први имаат храброст да се насмеат на погреб ако е пијан попот или ако падне ковчегот. Ги сакам оние луѓе што на слави или родендени први почнуваат да пеат, иако им е тапа гласот, ги сакам оние по свадби што играат иако неможат да го фатат ритамот. Ги сакам оние луѓе што се свои и имаат разбирање и љубов за сите. Што се спокојни во себе и тебе те прават таков.

Оние што нарачуваат шприцер ако им се пие тоа и во Монте Карло во Шератон. Сакам обични работи. Бурек во пет сабајле, наутро горко нескафе, Родео меко, Порше деветсто единаеска карера, кожни јакни од Isaac Sellam,ама некогаш и Ресен на автобуска ме прави среќен да испијам едно макијато. Сакам отворени простори и мориња и езера и кај и да е ќе ги испорушам сите ѕидови во станот. Не сакам да зборувам за тоа пишувам... и воопшто не ми е гајле дали е добро едноставно ми излегува, олеснува, а потем се црвенеам ко некој кретен и гледам во земја кога ми го зборуваат напишаното.

Во продолжение ми е една ствар што ми е откорната од душа . Ќе се гледаме овде почесто. Па нек се угоде- што викаше Исак Њутн:

„Дете од лоша фамилија"
(отаде разумот. отаде вселена)

 

27 април 2013 - 17:19