Их бин ајн Скопјаниште

Мајка Тереза точно на време замина од Скопје. Толку хумана жена јас стварно не сум видел. Знаеше дека доаѓаме и одлучи да се повлечит стратешки, тамам да ни остајт простор нас, да си ја напишиме нашата историја на градот кој денес славит формално-правно ослободување од типот „смрт фашизму, слобода народу“. 7 дена после Радовиш, 6 дена после Охрид. Скоро 3 месеци после Берово! (како бе некој воопшто го окупирал Берово?!). Ама, Скопје и покрај доцниот пубертет го обожавам по многу основи, иако му го зеде приматот на мој Охрид како град кој статистички гледано ги имат најлошите домаќини во Македонија. Прифаќам со ќеиф и јас да сум еден од нив. Скопје е слободно, вајстина е слободно!

Легендите велет дека ко го ослободвеле партизаните Скопје на тринајсти, во Охрид на веќе усвоениот општински устав биле поднесени барања за измени во преамбулата (Охрид е град на Охриѓани, сите други да си платет кревет), плажите не само шо биле поделени под концесија на најеснаф партизаните и била уважена стратегијата за антифашистички туризам, туку се знаело и која омладинка ќе пејт „Ауфидрзен Лили Марлен" на која плажа наредното лето.

Шеесет-и-кусур години подоцна, Скопје ги надомести тие шест дена и стана најпосетен туристички центар во Македонија. Ме купи и мене, со се партали. Се заљубив ко кретен. Зш? Зш така требит, пеер брат.

Јас сум ти еден од многуте идни дедовци на стари Скопјани преселен овде од еден, во ноември особено далечен град - Охрид. Како шо завршив факултет, одлучив корката сува леб со гарнир ќебапи, кромид и љута пиперка + Скопско да си ја барам некаде низ низ градот во кој што своевремено петстотки на чело на армоникаши лепел лично гркот Зорба (музичка пауза). И не ја најдов, него корката ме најде мене (кој поминал покрај Дестан во Буњаковец, локалот кај шо ја совладале техниката на манипулирање со гравитационото поле и желудочните сокови на случајните минувачи во радиус од 428 метри, знајт отприлика за шо зборвам). И да се разбериме, Скопје си го сакам ко да ми е во приќе даено. Зш го сакам? Дека е единствено на светов по многу работи, и ко ќе го споредвет со други метрополи, ми паѓат криво ем глупо. Зш? Еве неколку уникатни факти за Скопје ради кои шо ми е мило џуканович на душава до ниво да сум помислил барем едно 4-5 пати и лична карта да си побарам од овдека:

1. Скопје е единствен град на реката Вардар шо е ослободен на 13-ти ноември! Исто така е најголемиот град кој шо имат природна можност да им ја загадит водата за миење садови на Солунчани, под услов да се договориме сите да се фрлиме на сериозно патриотско пивирање и спроведување на пивото во Егеј виа канализација секој еден пат ко ќе комшиите од југ напрает некој антимакедонски зулум на плоштадите таму долу, кај што гирото рано изгрева и ѕаѕикито душа милува. Ама не го прајме то, дека сме култивирани до бескрај. И Солун сит и ние Европјани во душа.

2. Њујорк никогаш не бил окупиран од фашисти. Не ни планирале, абе од ремен не го мавале. Големо јаболко, голем стап. Наците стварно биле животињи, ама знаеле кај е поубо. Плус, никој не сакат да е во град шо никојпат не спијат. Град кој шо чат пат практицират кратка дремка стално е попривлечна дестинација.

3. Либерте, егалите, ќебапите. Од Дестан или од Турист. То нема ни у Београду, ни у Франкфурту на Мајну. Сараевски никогаш немат да пробам, од лојалност и принцип, макар Здравко Чолич одлучит наредната проштална турнеја да ја започнит од Сингелич и да ја завршит на прва наплатна.

4. Скопје е домот на најубајте цицки во светот! Можда Македонкиве не се многу многу по фитнес центри и (фала богу) по заспивање во солариуми, ама природно си-се најубај. Ако Битола им е модната писта, Скопје им е диското за афтерпарти. Микеланџело да не се ашкаше по Рим да бркат тезги и да беше доволно ербап да го откријат Скупи, овде ќе работеше про-боно. За пољупци. И на крај малото прсте ќе си го пресечеше од убајна. Визи за меѓубедрениот рај се вадет тука пријателчиња.

5. Дебар Маало. Многу пијан реон на градов бе. Често улиците знает да забегет во лево или синусоидно десно така шо ни искусен геодет не би си го нашол патот до дома, ако баш морат да напуштит брод укотвен на некој тротоар на Орце Николов или Ленинова. Ама то ретко се дешават пошо вријат од асли капетани низ градските меани (Ха, рима! Поетичен станвам бре од асоцијативниот ќеиф!). Дебар маало ми делуват ко споменар кој шо сакаш да го прелистуваш деј афтер деј пошо во него се потпишани многу љуѓе со кои шо радо би седел и муабетел на караула две смени. Википедија и Гугл да дојдет во хуманоидна форма и да седнет во ДМ во четврток поручек (дека петок е ден за аматери) ќе се сардисет од шо ќе сфатет колку се уствари боси.

Македонскиот монмартр кој шо си ги негуват и ги служит со жолта и зелка-салата истовремено Салиери и Моцарт, Модиљани и Пикасо, Дарт Вејдер и Мики Маус, во една уба кохабитација на која шо би и' подзавиделе и Боро и Рамиз, е точно таму. Кој ќе ви кажит поинаку, е жесток навивач на Пелистер.

6. Е сеа, Боро и Рамиз живеет во гурманска заедница во Чаир. Имет донерџилница и сериозно си ја имет сфатено улогата на јатаци за сите нас, космополитско комитски невоспитани гладни души кога ќе им се фрлиме безусловно во прегратките на убаво испечените теленца во донероидна агрегатна состојба. Тие срдечни и среќни како да си им уплатил рата од кредит, ние измерачени како да сме добиле Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Намести му женска на сувиот другар". Без таква логистика, ќе легнувавме многу погладни и немаше да можит да сонуваме све шо утре ќе го видиме на улиците во овај град (океј, и цицки).

7. Калдрма. Штикли на калдрма, шо би рекла Јана. Вади ја калдрмата, шо би рекол градоначалникот во функција на паша во Охрид пред петнаесеттина години. А калдрма ко калдрма, си повлеквит и други работи освен штикли: и чајче со табла (никогаш не сум пробал, ама делуват крајно мудоладачки), и меснати даски (за јадење зборвам), и бокалчиња со сложени хемиски деривати на грозје, и трустови на мозоци кои упорно бараат своја правда групирани во некој локал со неанглиско име, и групи на ведри хиени со луцидност ала Дарко Панчев кога не го гледа голманот кој во случајов е субјект од женска природа (пауза за да помислите на цицки) и тајни дувла на отпорот во кои сеуште „ѕидовите мирисаат на тутун" (чао пазарна) и џез и џипси кингс и Бади Холи и Партон Доли (убиче ме поезија). Кал малку, дрма-ње до земјотресно ниво.

Можит да редам уште многу точки, ама симболичните седум за седумте порти на Скопје се доволно (шо е убаво кога човек ќе си најт некаков си тотално безвезен непланиран симболизам). Можам и песничка да напишам за Скопје, поуба од таја на Балашевич, Влатко и Тони Зен. Можам и да се качам на Кале и да се издерам: „Их бин ајн Скопјанер", ама е веч видено.

Ама прашањето не е шо јас можам да напрам за Скопје, туку шо мојт Скопје да напрајт за мене. Граду, ова се мојте пет денари. Сеа ти си на потег. Да знајш, мене не ми е доста од тебе. Пукај и ослободи не` :)

п.м.с. Ако денес го дрвиш со муабети од типот дека „слободата е неостварен стремеж“ најдругарски сакам да ти кажам на сКопјево да ми дремеш. А сега, отидов јас во Дебар Маало на либертаријански културни средби и размена на мислења преку алхемичарска вербализација на звукот во течност. Да не го дрвам и јас, за квантна механика се работи, ќе ти објаснам во кафана. Да направиме едно Живели, за Скопје!

Конструктивни слободарски идеи праќајте на betmenvelit@gmail.com и @BatmanSaysT 

13 ноември 2012 - 13:15