Архива

На браникот на велосипедската лента

Додека кај нас со наведната глава возиш покрај кола паркирана на тротоар да не му направиш незгодно на „па нема дечко кај да се паркира“ ликот, британските велосипедисти немаат намера ни на момент да ги отстапат велосипедските ленти што од постојните улици беа издвоени за нив. (Ок, да, тие на своја страна имаат и полиција за која велосипедистите се рамноправни учесници во сообраќајот.)

Превенција од дрога не треба да е преплашување од дрога

Норвежани тргаат по сосема нов пат од востановениот „ова си ти на ххх дрога“ и искрено разговараат околу последиците (и немањето на исти) од најразлични пороци, а не само најекстремниот можен исход.

„Убав ден во соседството“ или приказната за Фред Роџерс

Филмот за кој Том Хенкс доби номинација за Оскар е приказна за човек кој реално постоел. Но неговиот карактер е толку редок и неверојатен, што исто како да е измислен.

Учи јазик за да не одиш бос по трње како италијанските тренери

Иако италијанската тренерска струка важи за една од најдобрите на светот, сепак проблемот со не знаење странски јазици кој стручњаците од оваа земја го имаат, знае да биде доста сложен.

Америка не може да ги води своите војни без платеници

Неопходноста на американските платеници повеќе е политичка отколку воена, затоа што ниту еден функционер не морал да полага одговорност за тоа колку платеници му умреле, а без никаков проблем истите може да ги скрие од сите статистики за сопствените воени загуби.

Само 1 милион евра проневера во ФФМ

Кола за нејзе, кола за сопругот, кола за синот кој студира во Италија, три пати годишно на одмор на скапи места и не само тоа. На слава имала келнери, а на матурска кај синот пеела Северина. Ова тешко некако од плата а?

Фото на денот

Претседателот на шпанскиот третолигаш Унионистас, Мигел Анхел Сандовал во петокот напладне на состанок со градското собрание во Саламанка решил да го пречека Реал Мадрид во шпанскиот Копа дел Реј на своето стадионче „Лас Пистас“ кое собира 4.000 гледачи. А пазете ова, на само 50 метри до нивниот стадион се наоѓа еден поголем (17.000 капацитет) на попознатиот клуб Саламанка кој има играно и во Примера.

Левандовски го копира Џејсон Вилијамс?

Поранешниот плејмејкер на Сакраменто ни е некако асоцијација за “лажни очи“. Во фудбалот тој епитет треба да му следува на Роналдињо. Но во такво издание го гледаме и чичко ви Роберт кој одлично го изведе ова, а претходно и атрактивно ја прими.

Гугл влезе во големите 4

Алфабет им се приклучи на Микрософт, Епл и Амазон, како 4-та компанија во историјата што ја надмина вредноста од 1.000 милијарди долари.

Не, Јокиќ шпорет да фрли, ќе даде кош

Денвер Нагетс со 134-131 го победи Голден Стејт а српскиот репрезентативец постигна 23 поени со 12 скока и 8 асистенции. Просто неверојатно е какви шутеви вади и баскетот влегува низ обрач.

Зошто шишање жени е поскапо од шишање мажи?

Насловот, вака со прашалник, не сака да каже дека подолу ќе го објасниме овој феномен. Никој не го објаснува. Се работи за едно благо негодување.

Малото девојче што дрибла како Лионел Меси

Да бидеме искрени, сме гледале машки деца на оваа возраст што прават чуда со топката, имаат вроден талент и милина е да ги гледаш. Ама девојче со ваква дарба за фудбал стварно не паметиме дека сме виделе.

Кога врне - истура

Нередовниот секс води до порана менопауза е денешната напријатна вест. Ем нередовен, ем ти да го јадеш.

Животниот натпревар на маестро Горан Пандев

Италијанците веќе почнаа да го нарекувааат „вечен“, што е нормално бидејќи од 2001-ва е таму, па дури доби и прашање да не планира до 52 да игра како Миура. 2020-та е година во која има две јасни цели како за крај на една кариера за почит. Ама голема почит.

Со пакување претеруваме заради стрес

Ако се најдете на аеродром, веројатно ќе забележите два типа на патници - имаш тип што се мачи со пренатрупан куфер (два, три), па до него тип со мало ранче што не знаеш дали му ги собира слушалките и ајпедот во исто време. И ти, со твојот куфер, со маицата што ја имаш 5 години, а никогаш ја немаш облечено, ама баш сега може ќе ја облечеш.

Лајк за ова со Иле

Приказната за Дејан Станковиќ дека им дал гратис карти на свои сограѓани “ги испровоцира“ нашите читатели па ни пишаа дека и наши фудбалери правеле вакви убави гестови. Еден ни сподели сличен, па и подобар пример со Несторовски. Браво за потегот.

За Роналдо да влезе во тимот на годината, УЕФА сменила шема и го исфрлила Канте

Јасно е како ден дека фудбалот веќе подолго време е суров бизнис, ама ретко кога главната фудбалска унија си дозволува очигледен и намерен привид, со цел поголема популарност и атрактивност.

Не секој заслужува право да каже како што се чувствува

45-годишен педофил, кој не може да изгледа повеќе како педофил и да сака, пред суд изјавува дека не е педофил затоа што се идентификувал како 8-годишно девојче, па затоа и не се страшни делата што ги правел.

Реал му го дава стадионот и цела заработка од карти на малиот клуб Унионистас

И покрај тоа што играчите и малубројните навивачи на шпанскиот нисколигаш Унионистас полудеа од среќа кога на ждрепката слушнаа дека ќе го пречекаат Реал во Купот на Кралот, сега може да има измени.

Еден дожд, желби рој

Најискрениот изблик на среќа што денес ќе го видите на интернет: во делови од Австралија почна да врне дожд и човеков не може да се прибере од среќа.

Голот на Кире за победа влезе во Топ10 на првенството

Како ретко кога во изминатите 15-ина години, македонските ракометари нè оставија без подолго уживање во нивните настапи. Испаднаа рано, ги елиминираа, а нам ни остана да се сеќаваме само на голот на Лазаров против Украина.

Добро колку години го вежбаше шутов?

Прво дечково е фудбалер, се вика Томи Томпсон и игра во МЛС за Сан Хозе. Второ во сала не е сам, туку со Харлем Глоубтротерс. Ќе претпоставиме дека му одржале неколку часови.

Најпознатото дете навивач на Феенорд и оваа стара слика сега добија нова димензија

Често родителите се решаваат да ги крстат своите деца во чест на некои нивни идоли, миленици или херои. Во 2000-те години во Франција имаше голем бран на деца кои го добија името Зинедин, по јунакот кој на Французите им донесе многу радости.

Ни една ваква акција не направивме

Сè уште е некако горчливо чувството од нашата нетипично куса и неуспешна авантура на едно Европско. Е вакви вкрстувања фалеа како ова на Германците кои синоќа ја совладаа Белорусија и демонстрираа моќна акција во која создадоа играч повеќе. Маестрално одиграно. Со мозок.