Архива

Новата книга на Вилијам Гибсон замислува свет во кој во 2016 победила Хилари

Веројатно највлијателниот жив научно-фантастичен автор има нова книга. Се вика „Агенција“, а во неа се замислува свет во кој во 2016 победила Хилари. И, да нема дилеми, не дека тој е нешто подобар од овој нашиов.

47, година на мизеријата

Нова студија тврди дека сите луѓе имаат тенденција да бидат најнесреќни во ист од момент од животот, на 47 години. Истото од студијата го потврдуваат и луѓе што се на 47 години.

Победникот на втора шанса за милион е од Крива Паланка!

Тикетот го уплатил во октомври за 20 денари, со 20 меча, од кои промашил само еден тип, а имал вкупна квота од 19.562. Да го погодил и 20-тиот меч, ќе добиел 547 602 денара. Но, благодарение на Втора шанса на Sport Life тој доби речиси двојно повеќе.

11 минути на терен назад во Италија и одма даде гол

Само што се врати назад во италијанскиот фудбал како позајмен играч од Вулверхемптон во Фиорентина, Патрик Кутроне даде гол во 11-та минута од мечот во Купот на Италија против Аталанта. Дали е ова најава за ефикасна пролет на детето кое Милан го даде?

А на прошлото ЕП можевме и да се зезаме на тајм аут

Само две години претходно имавме група со Црна Гора, Словенија и Германија во која никој не успеа да не победи. Првите и вторите ги тепавме, а во трето коло му одигравме реми на тогаш актуелниот европски првак. Со помош на Столе ја слушнавме и најгенијалната идеја предложена на последниот тајм аут на мечот.

Да живееш како во облак

Им капнува ли некогаш вино на луѓево?

Жена да ви покаже за што е багажник на џип

Излезе дека сите до еден (со чест на исклучоци) еднаш го немате правилно искористено багажникот.

Скапо го плаќаме стравот од осаменост

Често носиме чудни одлуки, за кои подоцна можеме да зажалиме, врз основа на еден скриен страв, кој ретко се спомнува: страв да се остане сам.

Луѓето стареат поинаку од порано

Ви текнува на старите „Зона на самракот”, кога ќе најават „млад дечко, 23 години, вработен во банка...” и на сцена излегува Дин Мартин-тип, во одело, на кој му даваш најмалку 40? Ова е само еден во еден тон примери за разликата меѓу денешен човек на 40-50, и ист таков во '80-ти, да речеме.

Парите се половина здравје

Научници анализираат 10 години во здравствени статистики и како општествените и економските фактори доведуваат до здравствени проблеми на стари години. Излегло дека немањето пари оболува.

Што форсирате со тенисов штом не се дише?

На Австралија и пресметаа дека периодов загадува повеќе од 100 држави заедно, но и покрај страшната и алармантна ситуација на многу делови на континентот, Австралија Опен си тера по протокол.

Дефиниција на „за не дај Боже“

Вселенски сили се новиот огранок во вооружените сили на САД (покрај пешадија, авијација и морнарица) и како такви тие сакаат да ги имаат сите протоколарни обележја како и другите родови, макар тоа значело и „официјална благословена библија на вселенските сили“.

Ѓоковиќ може и како келнер да работи

Роџер Федерер, Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ, Серена Вилијамс и многу други тениски ѕвезди учествуваа на ревијалниот меч Rally For Relief (Собир за утеха) на кој играчите и навивачите донираа средства за помош во борбата со пожарите во Австралија. АТП соопшти дека играчите донирале вкупно 384.000 фунти.

И кравите си имаат јазик: не е секое „муу“ исто

Нова студија открила дека кравите користат специфични вокализации во различни емоционални контексти. 

Стивен Кинг не верува во рамковни договори за уметноста

Кругови во Холивуд се ужаснаа од проуениот писател на хорори и неговото мислење за тоа кому треба да му се даваат Оскари. Што е тоа толку контроверзно и шокантно што го рекол Стивен Кинг? Дека критериум треба да биде квалитетот а не диверзитетот.  

Настапот на Македонија отсликан во еден слободен удар

Кога ќе пораснам сакам да шутирам како Роберто Карлос. Легендарниот бразилски бек се повлече пред пет години и сега може да спие мирно.

Очи печеа од што беа лоши за гледање

Ни жар како порано, ни борбеност, ни идеи во напад, ни вкрстувања, ни цепелини како што знаеа, ни одбрана освен со Чешка во прво. Ништо, ама баш ништо не видовме од онаа квалитетна, ценета и добро позната Македонија која редовно остава белег на големите натпреварувања. А па Брестовац?

Вчера шетав крави на ливада, а сега сум тренер на најдобриот тим на светот

Шеесет и едно годишниот нов стратег на Барселона има многу интересно портфолио. Во минатото работел на разни места, а најинтригантно е што бил дури и селектор на репрезентацијата на Русија во фудбал на плажа.

Сесењон промаши сам пред гол линија, Мурињо се фати за глава

Во 3. рунда од ФА Купот, Тотенхем со 2-1 гоп победи Мидлзборо. Головите за домаќинот ги дадоа Џовани Ло Слесо и Ерик Ламела во 2’ и 15’ минута, а убедлив триумф им избега поради до скоро најголемиот талент во цела Британија, Рајан Сесењон.

Чекај бе Лукаку, уште не сме загреани

Што трансфер ќе беше ангажирањето на Ромелу Лукаку во Интер. Влезе во некоја криза на Олд Трафорд, изгледаше тромаво, ама на Меаца сезонава се препороди. 18 гола има постигнато сезонава на сите натпреварувања. Синоќа Конте го стави и во Куп против Каљари. Тепаа 4:1, а тој го постигна најбрзиот гол сезонава.

А лажна рабона?

Он тоа намерно или па не му успеа? Со оглед на тоа дека се работи за Алексис Санчез ова треба да е само трик као на божемски ќе ја додава со рабона потег.

Нервоза на денот

Македонската спортска па и неспортска јавност не е навикната на волку лоша игра и рана елиминација на македонската ракометна репрезентација кога ќе дојде јануари. Затоа се наоѓа и по некој ваков кој гаѓал прецизно во левиот долен агол, па сега ќе треба да мења телевизор.