Архива

Хакан Шуќур вози такси во Вашингтон, не смее да се врати дома

Стрелецот на најбрзиот гол во историјата на Светските првенства, бронзен медал од Мундијалот во Кореа и Јапонија, најдобар турски голгетер на сите времиња, врвен шпиц кој се прослави во Галатасарај и Интер, денес продава книги и вози такси.

Лажовноста на изборните мапи и криминалот на нивно кроење

Анализата на Фајненшл тајмс е како кроењето на гласачките единици ќе ги реши изборите во САД. Кај нас не мора теоретски да се анализира затоа што во пракса знаеме како Скопје заврши двојазично после еден хируршки зафат од пред 15-на години познат како Закон за територијална поделба.

Писмо на читател кој нема разбирачка со ЕХФ и една македонска кладилница

Дечкото е добитен, 100% добитен со фото и видео доказ, ама Европската куќа на ракометот направи несфатлива грешка на мечот Македонија - Украина. Не му го признаа четвртиот гол на Талески, а чист е. Кладилниците се водат по статистиките на ЕХФ и така махеров неправедно стана малер.

Во италијанско сум за Рома и Јуве

Го имаме фотото на денот од навивач кој се надеваме дека синоќа безбедно стигнал од стадионот Олимпико до дома. И сега тепаа неговите или најсреќен ќе беше со реми? Инаку Рома - Јуве 1:2.

Падот на француската империја

Како што многу големи империи го доживеале својот крај, така почетокот на 2020-та година ја остави репрезентацијата на Франција без шанса да се бори за златото на Европско првенство и првпат во својата историја после првата фаза да ги пакуваат куферите со повратна карта во џеб.

Како Америка влегува во војни

Има едно непишано правило дека американските републиканци преферират да бомбардираат по Блискиот исток а на американските демократи поинтересен за тоа им е Балканот. На овие простори генерал Весли Кларк е познат по 78 бомбардирање на НАТО. Демократски ориентираниот пензиониран генерал опишува како Пентагон под републиканска палка лесно решава да влетува во воени сценарија на истокот.

Го гледаш Ѕаниоло на тв и ти доаѓа од зад грб

Беше дел од трампа во која со Сантон заминаа во Рома, а Наинголан во Интер. Стана најмлад двоен стрелец во ЛШ на мечот против Порто. Брз е и пргав, а некои го сметаат за наследник на Тоти. Иако има само 20 години веќе им е идол на навивачите на Рома. Погледнете како ги израдува децава. Збунети беа сите.

Двојните стандарди ќе ја доупропастат оваа земја

Уредничката на Алфа излегува од шаблонот за новинари жртви на вмровски манијак? Помалку е жена од Мери, работи во неподобен медиум, или како?

Имате Кинез за перика?

Како за други работи, така и за коса, за тие што ја имаат многу е неважно дали ја имаат или не, за тие што ја немаат многу е важно да ја имаат. Како и да е, добро за овие вториве е што работата е многу напредната.

Ако добиеното беше човек

Ќе беше од оние досадни луѓе во животот што од некоја причина мораш да ги трпиш, а упорно ти го загорчуваат денот.

Сепак, понекогаш е битно да си ѝ прв

Во Канада постои сервис за изнајмување реалистични секс-кукли. Сега јасно ви е зошто е насловот таков?

Трамп тарифа за рекетарење богати држави

Трамп тргна да објаснува колку е добар во дипломатија, за до крај на реченицата да признае дека всушност рекетарски ги продава американските војници како заштита низ свет.

Македонецот со труба и Ѓоковиќ со песна ги растревожија Косоварите

Откако тениската репрезентација на Србија го освои новиот АТП Куп по триумфот над Шпанија со Надал во финалето, Ѓоковиќ и колегите запеале неколку песни од кои една посебно ги нанервирала косовските претставници.

Кире vs Кристијано 74:71 во сантиметри

За четири месеци полни 40 години, ама Лазаров мува не го лази и на ракометот му се дава како да е меѓу најмладите. Ти го мислиш е пред пензија, а тој скока како да е на федери.

Верона - Џенова доцнела 15 минути поради криви линии

Серија А сезонава е топ. Тука е Роналдо, тука е Ибрахимовиќ, тука е Конте, има интриги, но старата добра Италија никаде не мрда.

Барселона сака да ја спаси сезоната со Чави, но легендата ги одбила

На последните пет меча Каталонците имаат само една победа: нерешено со Сосиедад, неубедливо Ел Класико (0:0), нерешено на дербито со Еспањол (2:2), и последна капка која ја преполни чашата е испаѓањето од Супер купот на Шпанија од Атлетико Мадрид.

Хрватски коментатор почна да хрчи на сред тениски меч

Во интервјуа со Стиков и Калински сме прашувале за разни анегдоти во нивната професија, ама до сега не сме чуле дека во таква работа за која е потребна многу внимание и концентрација, човек може до тој степен да се исклучи од пренос.

Шпанија ќе лови „влијателни“ што се штетни за здравјето

Откако „влијателните“ успеваат спектакуларно да ја кренат продажбата на неколку производи за кои стандардно треба рецепт од доктор, министерството за здравство почнува со лов на само-прогласените Јутјуб / Инстаграм здравствени гуруа.

Непријатната вистина за мајчинството

Авторката Луси Елман на тема мајчинство го кажа она што, божем, никако не смее да се каже. А реално, на светот одамна му е потребна ваква храброст.

Златан растура и на 38 години, не му требаше многу да почне да го вади Милан од криза

Се врати во Милан. Не му требаше долго време за да покаже зошто е дојден. На првиот меч против Сампдорија влезе од клупата за резерви и одигра 35 минути, а на вториот меч даде гол, намести еден и одигра одлично.

Кралот на финалињата е Зи Зу

Како и да ја вртиш, тоа е факт од кој нема бегање. Зинедин Зидан е специјалист за финалиња. Сите што ги одигра со Реал Мадрид ги победи, без ниту еден кикс, а во меѓувреме си даде и отказ па го вратија.

Роналдо со еден потег го врати Смолинг на Олд Трафорд

По пауза од 2014-та, Јуве ја доби Рома на гости и му избега 2 бода на Интер кој ремизираше дома со Аталанта. Роналдо беше стрелец од пенал, а на Крис Смолинг му одигра еден на еден со прашањето Где је лопта?

Што ѝ треба на Македонија за пласман понатаму на Европското?

Кире и екипата совршено добро знаат каква е комбинаториката пред стартот на 3. коло, за да ги продолжат настапите на Европското првенство кое се игра во три земји.

Руските научни списанија повлекоа повеќе од 800 статии

Комисијата формирана од Руската академија на науки ги „чешлаше“ научните списанија од различни области поради обвинувања за плагијаторство, авто-плагијаторство и таканаречено „подарено авторство“. Резултатот е „бомба“ во руските научни кругови.