Архива

Зошто ми е смачено луѓе да се бодрат со мене

Нашиот инвалидитет е негативната споредба што го прави легитимен нашиот позитивен спортски резултат. Не можеме да го имаме едното без другото. Иронијата е дека за голем број параолимпијци, нивниот инвалидитет е добра работа, пишува британската параолимпијка и соработничка на Би-би-си Хана Дајнс.

Нова бравура на др. Рони О’Саливен

„Вежбам помеѓу 6 и 10 часа неделно. Сметам дека не ми треба ништо повеќе од тоа“, изјави Рони О’Саливен по двете воведни победи на турнирот во Јорк Барбикан против Рос Булман и Тиан Пенгфеј. Денес на мечот против Нопон Саенгхам одново брилираше.

И Роналдо доби награда, ама ја чекаше како да е Путин

Кристијано Роналдо синоќа беше прогласен за трет најдобар фудбалер во светот на церемонија во Париз каде не се појави. Истовремено во Милано се одржуваше друга церемонија на која се појави, ама не како што се очекуваше или како што тоа го прават сите други.

Грдата вистина за брзата мода

Колку пари планирате да потрошите околу празнициве? Ај сега помножете го тоа со сите комшии, пријатели, познати и непознати. Резултатот? Многу, многу потрошени пари. И тоа ние, што сме вака малку, а што останува со побројни и финансиски многу помоќни општества?

Може ли да биде спасено Црното море?

Ние од континентална Македoнија можеме само да бидеме пакосни па да се тешиме дека да беше тоа море убаво, немаше да го викаат Црно. Но, сериозен проблем има најзагaденото европско езеро кое на неколку земји кои го делат, со децении им служи како контејнер. А не дека секоја надеж е изгубена.  

Македонска верзија на „џајв“ - тајниот јазик на нашите чалгаџии

Каква врска има американското „не биди мокро ќебе“, со велешкото „аспир“? Обата се изрази од таен говор на музичари, а тие знаат што е она најважното што треба да се кодира, за друг да не разбере.

Упорниот мит за женското ривалство на работа

Популарните медиуми се полни со статии за жени што малтретираат други жени, шират малициозни трачеви за нив, дволични се и се обидуваат да ја нарушат сликата за нив, на професионално ниво. Проблемот со ваквите тврдења е дека - не се точни.

Дрогба користи мобилен стар 5 години кој чини 16.000 денари

За време на гала вечерта за доделување на наградата „Златна топка“ во Париз, легендарниот фудбалер го имаше моментот на вечерта кога откри една интересна анегдота.

Се разбира дека Фенти доби модна награда

Модниот бренд на Ријана - Фенти, доби награда во категоријата Урбан Лукс на модните награди што се доделуваа синоќа во Ројал Алберт Хол во Лондон.

Трамп го претица Линколн

За мнозинството Републиканци, актуелниот претседател е подобар претседател од иконата на американската државност, Абрахам Линколн. Да, добро прочитавте. После, велешани биле криви....

„SPORT LIFE“ ве води на ЕУРО 2020 во ракомет!

Тројцата прворангирани играчи со највисоки погодени вкупни коефициенти во периодот на акцијата добиваат пакет-аранжман за две лица на Европското првенство во ракомет во Австрија.

Зошто секогаш имаш (и ќе имаш) место за десерт

Може само да се помириш со фактот дека си прасе што ќе изеде сè што ќе му стават пред него. Може и да не се помириш со тоа и да им дозволиш на научнициве да ти креираат алиби за душманските прејадувања што ти претстојат.

А има некој што не гласа за Меси и Роналдо?

Веќе една деценија го држат приматот и ги собираат наградите со исклучок на ланската кога доминацијата барем за момент им ја прекина Лука Модриќ. Ама без разлика на тоа што се најјаки, има ли земји кои не мислат така?

Еклатантен пример зошто Холандија е друг свет

Марко Ван Бастен, жива легенда на холандскиот фудбал, еден од најголемите после Јохан Кројф, во едно студио каде работи како стручен коментатор, од само нему познати причини рекол: „Зиг Хајл“, познатиот нацистички поздрав. Го суспендираа од работа, му одбија плата, го избришаа од ФИФА20.

Живеете ли 500 метри до зеленило?

Резиденцијалното зеленило штити од предвремено умирање, заклучува една мета-анализа на Институтот за глобално здравје од Барселона којa вклучува девет долгорочни студии во седум земји за вкупно осум милиони луѓе.

Огнометот на Сардинија, одговор на тие што ја негираат Серија А

Во последниот меч од 14. коло на Серија А, синоќа Каљари и Сампдорија одиграа луд меч кој заврши 4:3. Од 69’ до 76’ минута паднаа 4 гола, а победникот го одлучи Чери со гол во 90+6’ минута.

Се кладиме дека Ајфон не е за отворање пиво?

Ако си решен да пробаш, направи си услуга сам на себе и прво изгледај го клипов со еден твој истомисленик.

Зошто шпицот на Лестер Ихеаначо има чудни точки под презимето?

Екипата на Лестер во моментов е второ место во Премиер лигата, а „лисиците“ го играат можеби најубавиот фудбал во цела лига, поубав дури и од времето кога со Раниери сензационално ја освоија титулата. Келечи Ихеаначо им е еден од поинтересните играчи.

Реакцијава на Симеоне само потврдува каков монструм од играч е Лео Меси

Атлетико е Атлетико со Ел Чоло. 90 минути гризе, игра цврсто и одлично им парира на Реал и Барса низ годиниве. Ама и 120% да дадат од себе, пак е џабе кога треба да се чува најдобриот.

Сојата ја пеплоса амазонската шума

Глобалната побарувачка за соја, која незапирливо расте, се задоволува со систематско уништување на Амазон, како дрвјата, така и сè што живее меѓу дрвјата.

Добро вие фудбал играте или пинг понг?

Погледнете ги царевиве во Полска каква акција врзаа. Ако не сте доручкувани може да ви се слоши. Полека, не мора да броите колку пати ќе ја удрат.

Се стутка целиот и му ја даде

Порто славеше синоќа против Пакос Фереира со 2:0. Вториот гол е дело на Ѕе Луис кој изведе една многу тешка акробација за да ги направи ножичкиве. Како ли му успеа ова? Ко ќофте се собра.

Колодиум во движење: изложба на Сашо Алушевски

„Изложба“ веројатно и не е најсјајниот опис на она што треба да се случи во четврток, 5.12 во 20 часот во кино Култура. Креативна соработка помеѓу балерина и фотограф чија специјалност е посебна, тн. колодиумска техника, резултира со слики кои делуваат како пораки од оностраното.