Архива

Ах што му фати на Елмас голманот на Џенова

Мирољубиви 0:0 во македонскиот дуел на Елмас и Пандев со што Наполитанците ја продолжуваат кризата. Пандев излезе во 80-та минута, а Елмас влезе во 66-та и за влакно не успеа да го извади својот тим од калта во финишот од средбата. Погледнете за колку малце не влезе цела топка во гол. Мајсториски му ја сврти со глава.

Меси најде да го љутиш а?

Ако не го видовте финишот од првиот дел на средбата Барселона - Селта, сте испуштиле многу. Двајца јужноамериканци се такмичеа кој ќе даде појак гол од слободен удар. Во 42-ра минута Уругваецот Лукас Оласа го замолчи Камп Ноу, ама затоа го предизвика доктор Лео Меси.

Цел Јане згрми за Карачиќ, а Столе му подари дрес

Вардаровата публика никако не заборава што направи Игор Карачиќ за скопски Вардар. 6 пати македонски, 4 пати регионален, 2 пати европски првак по што се одлучи кариерата да ја продолжи во Кјелце. Тој беше срцето на Црвено - црните. 

Скубе со лажњак горе, ударац доле и тоа два пати

Вака го гледаш ситен, ама оди сопри го да те видам. Сташ Скубе, два пати на иста фора ги фати Пољаците.

Гебдан во драматичен финиш одбрани зицер и го спаси Вардар од пораз

Ракометарите на Вардар и Кјелце одиграа многу неизвесен меч во 7-то коло од ЛШ. Црвено - црните со многу проблеми околу составот имаа +5, но на крајот добро е што извадија и бод.

Зошто треба да се пие вино?

Не, не само затоа што во виното е вистината.

Како да си слободен после доживотен затвор?

Американски робијаш умира накратко, во клиничка смрт, по што го враќаат во живот. Сега тврди дека со тоа ја отслужил доживотната казна затвор. Има логика. ама не наиде на разбирање кај судиите.

Двајцата во него

Кога се мислиш спремен како Џон Статам пред филмска сцена, а уствари си убиен како Чарли Шин после една од оние негови журки со Џорџа Џонс и Капри Андерсон.

Не бевме подготвени за свет без ѕидови

Три децении после падот на берлинскиот ѕид, светот не е онаков каков се надеваа дека ќе биде оние кои го рушеа. Сега се бараат нови ѕидови; некои на границата со Мексико, некои во своите глави.

Моден предлог: што да облечеш на одбрана на докторска?

Некои луѓе се фрустрираат од тоа да бидат одбиени, многумина и целосно креваат раце од она со што почнале да се занимаваат. А други...

Па, да

Кога лансираш ракета на далечен пат, нејзината непрецизност на почетокот може да изгледа мала и небитна но како што проаѓа време и растојание, грешката во траекторијата станува сè поголема и повидлива за на крај таа да отиде негде уџум. Значи, зошто сме ваму кај што сме во 2019-та година? Можеби затоа што вака тргнавме во 1991: