Архива

Како московските тревници станаа алатка против руската опозиција

Државното претпријатие одговорно за одржување на улиците во Москва, Автодор, на суд бара отштета од организаторите на протестите во Москва за изгазената и уништена трева за време на неодамнешните демонстрации.

Махер на колото кој им влезе дрско со 3+ второ

Колку треба да си оптимист дека фудбалски земји како Албанија, Молдавија, Луксембург и Црна Гора може да ти ги даде 3+ второ. Абе понекогаш е тешко 3+ цела да погоди човек, а не па само во второ и тоа на квалификациски. Плус противнициве не им се велесили. Браво Дуле, комарџија добро познат на редакцијата.

Ветеранот Луис Скола сам ја прегази Франција

Со 39 години, Луис Скола постигна неверојатни 28 поени и имаше 13 скока и 2 асистенции за импресивен триумф на Аргентина против Франција 80:66, во полуфиналето на Светското првенство. Сам се бореше против далеку помлади гиганти и поспремни атлети од него. Аргентинците во недела (14:00) ќе играат против Шпанија во големото финале за златниот пехар.

Како тоа никој не пуши, а тутунската индустрија заработува милијарди?

Во 2015, најголемите 6 производители на цигари прават поголем профит од Дизни, Кока-кола, Гугл, Мекдоналдс, Старбакс и Федекс, заедно. А тоа не се пари што се прават во свет што не пуши.

Никој не го збори, а гази како Мбапе

Се вика Доменико Берарди, има постигнато 58 гола во Серија А, сите за Сасуоло и е само еден од четворицата фудбалери родени после 94-та, кој има постигнато минимум 50 гола во топ 5 лигите. Другите тројца се Мбапе, Вернер и Стерлинг. Во оваа конкуренција е лидер со 5 хет-трикови.

Ни Амстердам отсекогаш не бил Амстердам

Плоштадот Рембрант е еден од најголемите плоштади во центарот на Амстердам. Во 1960-та плоштадот е автомобилски фронт, денес истиот овој потег е мерак, пешачки и велосипедски.

Бекот на Јувентус кој зема 2,8 милиони евра годишно, а се срами кога ќе потроши 400 евра

Бразилскиот репрезентативен лев бек Алекс Сандро важи за еден од поскромните фудбалски ѕвезди на денешницата. Заработува пари за генерации и генерации, ама никогаш не заборава од каде потекнува.

Прав анти-ваксер не си го вакцинира ни кучето, ваистину не си го вакцинира

Една од дилемите која одамна мачи околу анти-ваксерите е: како не си го вакцинираш роденото дете, а си го вакцинираш кучето? А, кој ќе ти реши ваква дилема, ако не анти-ваксер.

Земавте кеш за ваквото судење а?

Австралиецот Ендру Богут не може да се помири за елиминацијата во полуфиналната пресметка против Шпанија, на светското во Кина. Прво имаше многу директна и цинична реакција за судиска одлука, а потоа пцуеше пред новинарите.

Столе: Вардар е посебен клуб за цела Македонија, а јас сум еден од Комитите

Тие му пејат: Столе ти си наша икона, а тој во Европа ги претставува како најдобри навивачи меѓу кои вели дека е и самиот тој. Ете така се претставува своето во интервју, покрај се разбира на паркетот каде крвари за Вардар.

Истражување за тоа зошто грицкаме моливи помеѓу добитниците на овогодинешната Иг нобелова

Германски научник ја доби пародијата на Нобеловата за оваа година заради откритие дека држењето молив во уста не носи радост. А има и уште поживописни теми.

Во Иран девојка се самозапали зошто ја чекал затвор што гледала фудбал

Освен некој формален извештај и по некој „груб“ збор во полу-празна сала на ООН и ФИФА, светот не знае ништо за средовековните забрани и казни во Иран каде се самозапалли најпознатата активистка за правата и слободите на жените.

Македонските миланисти со трол на денот за Јуве

Во пресрет на новата сезона во Лига на шампиони, македонските навивачи на Милан им ја фрлија ракавицата на Јувентините и тоа ги погодија во најболната точка каде ги водат со 7:2. Чекаме реплика.

Саудиска принцеза доби условно за тепање водоводџија во Франција

Хаса бинт Салман е сестра на актуелниот престолонаследник на Саудиска Арабија, која некако сфаќа дека нејзиниот кралски статус важи и на другата страна на светот, во Париз.

Американскиот твитер уште полуд од српскиот чалам

Америка игра кошарка на големи натпреварувања (Олимписки Игри и Светски првенства) уште од 1937-ма година. До денешен ден имаат 15 златни медали од Олимпијадите и уште 5 злата на Мундијалите. Поради тоа не можеа да си простат како изгубиле од таму некоја Србија во која, пази богати, имало и храна па и интернет.

Недопирливиот Златан

Ни новинар може да излезе на крај со него, ни играч да добие дуел, а уште помалку навивач туку така да слезе на терен и да му го земе дресот. Буквално е антачбл.

Што се случи со „Урбан речник“?

Urban Dictionary во раната интернет ера делуваше како одличен проект - отворен речник на англискиот во кој секој може да придонесува. На неговиот 20-ти роденден ова веќе не изгледа како добра идеја. 

7 хотелски финти што никој не ви ги кажал

Дури и да не сте го поминале животот по хотели, сте биле барем еднаш и ние дојдовме да ви кажеме дека тоа совршената белина што ја начекувате при прво влегување во соба баш и не сакате да ја видите со флуоресцентно светло.

Лажните клиники за абортус во Америка

Не сме саде ние со фејк институции.

Кои цртани Дизни планира да ги упропасти во догледно време

Веројатно сите, ама тие за кои веќе има одлука се неколку.