Архива

Господин Грег Поповиќ

„Воопшто не е важно кои дечки не дошле, важни се момците кои се тука, кои жртвуваа цело лето за да бидат овде. Непочит е и кон Франција да зборуваме за тоа кој не дошол. Важни се овие 12 кои дојдоа“.

Епстин и МИТ го покажаа моралниот банкрот на технолошките елити

Дебаклот на МИТ со Епстин е проституција на интелектуалната активност, за чие санирање е потребно затворање на МИТ Медиа лаб, укинување на ТЕД говорите и отфрлање на парите од технолошките милијардери.

Има надеж за нашиот фудбал

Не дека е добро што во Радовиш нема каде да тренира или можеби има некоја послаба понуда, како и тоа што не му се овозможува редовен превоз, сепак тука е многу битна желбата. Браво бе дете.

Абе Косовариве стварно биле опасни

Ај тоа што поведоа против една Англија уште по 35 секунди и успеаа да им шибнат три гола, него внимавајте каква акција им одиграа. Мирно, паметно и без паника излегоа од високиот пресинг, па уште направија и шанса за гол.

Како жената на Роналдо им го покажа голот на тато на децата

Кристијано Роналдо постигна 4 гола во триумфот на Португалија на гости кај Литванија (1:5) во квалификациите за Европско првенство 2020. Роналдо сега има 93 гола на 160 меча за Португалија, а еден од погодоците се проследи и во неговиот дом.

„You'll Never Walk Alone“ наскоро ќе грми во Скопје

Пет години откако беа домаќини, македонските навивачи на Ливерпул ете ги повторно со огромен собир на свој терен. Овој пат горди како европски прваци. Што ќе се гледа? Реприза од финалето со мноооооооогу пиво и ракија. Вреди да се тркне.

Толку и од Американците на Светското

Грег Поповиќ и Стив Кер ја платија сметката на многуте откази во репрезентацијата. САД - Франција 79 - 89 (18-18, 21:27, 27:18, 13:26) и „триколорите“ во полуфинале против Аргентина. Америка со најслаб пласман на Мундијал во последните неколку децении.

За да бидеш подобар човек, треба да знаеш да се засрамиш

Кант сметал дека моралното образование е „хидрауличен“ процес - срамот ни ги потиснува пороците, и прави простор за да се издигнат нашите доблести. Ова особено ефикасно функционира кога сме соочени со примери кои нè засрамуваат со својата морална исправност. Како тоа - кои примери?

И Кејтлин да чуе некој виц за Кејтлин

Кејтлин Џенер беше дел и тема на добар дел стендапи и вицови што се раскажаа од моментот кога Брус одлучи да стане Кејтлин. Речиси ниту еден од овие вицови, барем во јавност, не беше кажан пред Кејтлин. Блејк Грифин се погрижи да го исправи тоа.

Сите 99 гола на Интер во триплета сезоната

Горан Пандев, Самуел Ето, Диего Милито, Снајдер, Мајкон, Деки Станковиќ, Марко Матераци, Хавиер Занети, Иван Кордоба - каква банда предводена од Жозе Мурињо кои во 2009/2010 освоија Лига на шампиони, Серија А и Копа Италија.

Роналдо му ја подаде, а овој си ја закопа во гол

Толку е нејасна, несмасна и глупа интервенцијата на голманот на Литванија, што ова по логично е да се запише како негов автогол. 10 пати го изгледавме видеово и не сфативме како една ваква тренинг топка успеа да си ја смести во гол.

Како беше убиен Џамал Кашоги

Саудискиот новинар е убиен и распарчен (буквално) во саудиската амбасада во Турција. Катарска Ал Џезира, врз основа на турски извори, прави видео реконструкција на убиството на Кашоги.

Махери под притисок

Квин, Ени Ленокс и Дејвид Боуви ја вежбаат „Under Pressure“. Квин си шијат како стари занаетлии, Ени концентрирана за да може да биде прецизна во високото а оној Боуви е факинг фраер дури и во тенџере плаво сако. Позади некаде, редот си го чека Џорџ Мајкл... Херојски времиња.

Кога ќе ја чукнеш колата на НХЛ ѕвезда, па ќе му оставиш писменце

Тајлер Сегин важи за еден од подобрите хокеари во најдобрата светска лига НХЛ. Игра за Далас Старс, и веројатно тоа ќе го спаси оној што му ја чукнал колата од плаќање оштета.

Ако фудбал се прекинува заради хомофобија, кој ќе му каже на судијата дека е педер?

Првиот човек на француската фудбалска асоцијација објави дека им дал инструкции на судиите повеќе да не ги запираат натпреварите заради хомофобно навивање од трибините, затоа што „хомофобија не е исто што и расизам.“

Некој префрли милијарда долари во една биткоин трансакција

Не се знае од каде излегле парите, ниту се знае каде завршиле, само се знае дека во прашање се 94.504 биткоини.

После дождот

Нефролошкото одделение во Струга е во полоша ситуација отколку бубрезите на неговите јадни и кутри пациенти кои лежат по ходници, покрај нив канти што го собираат она што капе од натопените и рошави тавани. Еве ви ги, нагледајте си ги реформите, багро функционерска, и тие денес, и тие вчера.  

Рахим, па дали знаеш колку ќе му значат?

Англија и Косово одиграа меч со дури 8 постигнати гола, а на крајот од дуелот во Саутемптон славеше домаќинот со 5-3. После натпреварот, Стерлинг даваше автограми на навивачите и израдува едно дете.

Вакво голчиште во Јемен немало откако им постои земјата

Додека во Европа се играат квалификации за ЕП, во Азија се борат за влез на СП 2022. Мохсен Мохамед ќе ја памети синоќешната вечер додека е жив, а богами и сите што беа на стадион. Вакво нешто не се гледа ниту во најсилните фудбалски лиги.

Од чија си бе ти пријателе?

Фасцинантно од синоќешните квалификациски натпревари е што Косово успеа на Англија да и даде три гола и тоа на гости. Поведе во 37 секунда, ама затоа до крај на прво прими пет, а во второ даде уште два за конечни 5:3. Автоголот што си го даде е како за во градинка.

Кога машините за перење свират на харфа

Бизнисот на изработка на „џинглови“, потсетници и аларми за различни апарати за домаќинството цвета. Но дали звуците што ги испуштаат тие навистина им прават разлика на потрошувачите или само создаваат непотребна врева?

Во одбрана на перфекционизмот

Излагање во име на „Ѓаволот” од „Ѓаволот носи Прада”.

Зошто не кажувате колку е лесно да се поедностави животот?

Кога ќе речат „тајните на едноставното живеење се на дофат”, или нешто во тој контекст, на ова мислат.

Вистинската причина што носиме хеланки

Да, добро, за трчање, за вежбање, за јога, за таму некои работи што ги прават таму некои други жени. Ај сега озбилно да разговараме. Хеланки се за по дома и да не се занесуваме многу, многу.