Архива

Така се гостува, ги газиш набрзина и си одиш

По ремито против Словенија и Израел, македонската фудбалска репрезентација ја продолжува позитивната гостинска низа. Петте освоени бодови на гости нека бидат мотив плус и за реванш средбите против Полска и Австрија.

Пандев и Барди за 3 минути ја средија Летонија

Супер прво полувреме за македонската фудбалска репрезентација. Веќе до 17-та минута разбиена е Летонија со два гола на гости. Елмас, Барди и Пандев одиграа акција со која ја извадија од колосек одбраната, а Барди испука бомба на прва.

Зошто Фреди Меркјури и Мајкл Џексон никогаш не снимија дует

„Доаѓај и вади ме од овде!“, избезумен му се јавил на својот менаџер Фреди Меркјури за време на една сесија во студиото на Мајкл Џексон. „Како зошто? Па овој секој ден носи лама во студио!“

Трамп ги враќа старите сијалици

Трамп реши да ја повлече регулативата која носеше стандрди за тоа како сијалиците треба да бидат штедливи и енергетско ефикасни. Сè од кое на неговите противници им паѓа мрак на очи за него е добар потег.  

Потег број 1 во квалификациите за ЕП

Светскиот шампион Франција очекувано со 4:1 ја декласираше Албанија во квалификациите за ЕП 2020. Гризман не успеа да постигне гол, а промаши и пенал, но УЕФА токму неговиот потег го прогласи за нумеро уно. Богами заслужено.

Три баби на грас

Три англиски бабички доаѓаат во Амстердам решени за прпват во нивните животи да вдишат малку од тамошната култура. Резултатот е спектакуларно симпатичен. Вакво нешто треба да им следува и на овдешните пензионери, за да олабават малку на оние утрински емисии.

Матиќ го сликаше син му со Роналдо

По завршувањето на мечот од квалификациите за ЕП 2020 Србија - Португалија (2:4), син му на фудбалерот на Манчестер Јунајтед со уште едно другаче посакал да се слика со Роналдо.

Литванскиот селектор кој со право збесна и удираше по маса

Во решавачкиот меч за пласман во четвртфинале, Литванија претрпе голема судиска неправда откако при резултат 76:75 не беше досуден контакт со обрачот од страна на францускиот центар после второто промашено слободно фрлање. Селекторот на Литванија Даиниус Адомаитис беше бесен како рис на пресот. Со право би се рекло.

Група хрватски навивачи заспиваа бебе во Словачка

Околу 4.000 хрватски навивачи ја бодреа репрезентацијата на мечот против Словачка на кој „коцкестите“ ги прегазија домаќините со 4 парчиња во нивната мрежа (0:4). Пред и после мечот навивачите на Хрватска се забавуваа на секаков можен начин.

Хостелите веројатно не се тоа што мислите

Што ви паѓа на памет прво кога ќе го чуете зборот „хостел”? Собрани 20-и-кусур-годишњаци на беснеење? Смрдливи хипи-типови што шетаат боси по светот? Филм што успеа да комбинира доволно малтретирање и покољ да оштети цела една генерација?

„Мртвите не умираат“ (2019)

Нов на Џармуш? Со Бил Мареј, Иги Поп, Tилда Свинтон и Том Вејтс? Давàј! 

Септемвриска чистка во Јутјуб

Видео платформата соопшти дека отстранила преку 100.000 флегнати видеа, во согласност со новите правила за говор на омраза. Изгорени се и 17.000 канали и 500 милиони коменари на нив. Сè за ваше добро, чиста мисла и мирен сон.