Архива

Ви се гледа баскет? Од 1939-та?

Ова маалски се вика „фрљотка“, ама тоа не им смета да го наполнат Медисон сквер гарден со 16.000 навивачи. Веројатно вака и ќе останеше американската кошарка да не дозволеа црнци да почнат да играат.

Најспориот пенал на светот, дур ја изведе се стемни

Барнсли имаше 2-1 против Чарлтон во англискиот Чемпионшип, а гостите добија совршена шанса во 89’ минута да израмнат од пенал. Лил Тејлор ја намести топката, и го заспа гледалиштето додека изведе.

Митот за рециклирање пластика

Рециклирањето беше проблематично и пред Кина да реши да го укине увозот на светскиот отпад за рециклирање, откако го укина скоро и да нема разлика што правиш со ѓубрето.

Исис, блупери

Светов е забразден во комплетна естрадизација. Блупери, односно грешки при снимањето на видео сцени сме навикнати да гледаме за филмови и серии. Не запира тоа тука. Жанрот се прелеал онаму каде што најмалку го очекуваме, меѓу спротивставени терористички групи. Елем, за да ги руга конкурентите, Ал Каеда деновиве на интернет пушти блупери од Исис.

Дејвид Блат откри дека има мултиплекс склероза

На неколку дена пред почетокот на Светското првенство 2019, трофејниот тренер Дејвид Блат ја шокираше јавноста со отворено признание за болеста која што ја има.

Дали - и зошто не - користите тире?

Од време на време помеѓу писателите, новинарите, уредниците и лекторите - добро, не баш нашите - се разгорува тема за полезност или излишност на некој интерпункциски знак. Веќе пишувавме во слава на точка запирката. На ред е - тирето.

Сè што не е во ред со денешните менаџерки

Таа е успешна. Опасна. Стои зад нејзините цврсти ставови. Гази по луѓе. Не, најозбилно, уште малку фали за буквално да те згази за да помине. И сè ова зад еден бучен феминистички параван.

Сега сум за втора средно, а вчера играв против ПСЖ

Возрасната граница во спортот сериозно се поместува. Доказ за тоа е Едуардо Камавинга, фудбалер роден на 10 ноември 2002 година во Ангола. Има само 16, а годинава одигра 10 средби за првиот тим на Рен. Во неделата против ПСЖ на Кавани и Мбапе, беше јунак со асистенција во триумфот од 2-1.

Фативте „Working Moms” на Нетфликс?

Многу е добро. Дури и ако не си воркинг мам.

Слика на која толку долго чекавме

Конечно после толку желби, мемиња, видеа и зезалици, дочекавме Давид Луиз во последниот ден од преодниот рок да потпише договор со Арсенал и да му се придружи на својот брат по природна коса, Матео Гендузи.

НАЈДОБРИОТ ТИПУВАЧ НА „SPORT LIFE“ ДОБИ ПЕЖО 308

Прогласен победникот на финалето на втората етапа на „Типстер купот“.

Западен Балкан стигна во Европа

Во Европската унија лани легално се доселиле 228.000 граѓани на земјите од западен Балкан - Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Косово. Од ослободената, нормализирана и блескава Македонија е бежанија поголема од она од Босна, Србија, Косово или Црна Гора.

Париз и туристичките измами што ве чекаат

Некој ќе рече „туристичките измами се дел од искуството“, но друг ќе рече „повеќе сакам кога јас бирам на што искуство ќе ми отидат 100 евра или цел новчаник“. Ги има различни, за големи и за мали, и за различен буџет.

Апсурдната забрана на рекламата за еГолф

Фолксваген има нова реклама за еГолф. Ја забранија додека да трепнеш, заради родови стереотипи. Сега ќе можете и сами да процените дали е апсурд или не.

Ако живееш во град пушиш по кутија цигари на ден

Градскиот воздух е станат штетен како кутија цигари на ден, е објаснувањето до кое доаѓаат доктори извадени од памет како се повеќе непушачи страдаат од проблеми на белите дробови стандардно резервирани за страсни пушачи.

Чекајте, застанете, го имаме голот на сезоната

Куп на Италија. Риети - Тернана конечни 1:3. Вториот гол за гостите, дело на господинот Аниело Салѕано е ЛУДОРИЈА. Л-У-Д-О-Р-И-Ј-А!

А за канцери ќе се чудиме

Во Скопје треба да пукне цевка за луѓето да видат и (евентуално) се освестат дека цевките им се од оној ужасен и опасен азбест. 

Преубав гест од Бразил, Палмеирас потпишал договор со фудбалер со оштетен слух

На почетокот на август месец, фудбалерите на Палмеирас добиле нов, 18-годишен соиграч од младинскиот тим. Станува збор за Густаво Пералта од Парагвај кој има 80% загубен слух и не зборува.

Џорџ Р.Р. Мартин: Конечно раат

Две важни работи од интервјуто на Џорџ Р.Р. Мартин за Гардијан се дека: 1. Уште до никаде не е стигнат со пишувањето; 2. Не му прави нешто многу разлика крајот на серијата, ама фино што заврши.

Ова со два пати на кругче го изведе или како?

Жозеф Мартинез од Атланта Јунајтед ќе треба поопширно да објасно како ја распали топката од место на мечот против Портланд на гости (0:2).

Поубавата половина на Ник Кирјос

Црепот нема ден да не направи глупост или на тениски терен, да се скара со судија или да напише некоја навреда на Твитер. Ама затоа покрај себе има прекрасна девојка.

Лука Бо(м)бичанец

Во 6. коло од првата лига на Словенија, Мура освои нови три бода по триумфот над Рудар од 2-0. Резултатот на соодветен начин го отвори дечкото со интересно презиме, Лука Бобичанец.

Дани Алвеш носи 10-ка во Сао Пауло и даде решавачки гол

Човекот е просто цар. Можеше да бира со прст во кој светски тим сака да игра. На крај се реши за бразилскиот гигант и еден од најтрофејните светски клубови Сао Пауло. Таму му дадоа 10-ка и го пречека како крал. А тој им врати со победнички гол на дебито против Сеара.

Младиот тренер на Рен кој го победи ПСЖ со 16-годишен фудбалер

Минатата година клубот Рен стана откритие, затоа што одлично играше во Ла Лига и стигна дури до 1/8 финале на Лига Европа каде во првиот меч го совлада Арсенал. Славеше и над ПСЖ во финалето на Купот на Франција, а истиот ривал го совладаа и синоќа.

Стивен Колбер и Џ. Р. Р. Толкин за страдањето

Кога прочитавме дека во интервјуто на Андерсон Купер со Стивен Колбер на Си-ен-ен од 16 август главната тема била тагата, тоа ни зазвучи необично. Колбер - циничниот комичар - зборува за тага? Да, и за страдање, и за Бог, и притоа го цитира Толкин.

Холандија во војна со туристите

Земјата има 17 милиони жители, ама затоа годишно има 19 милиони туристи, и тоа главно концентрирани на неколку локации.