Архива

Од Монтреал 2019 ова беше најјако

Рафа Надал го освои Мастерсот 1000 во Канада откако со 6:0 и 6:3 го совлада Медведев, но ние би се вратиле на четвртфиналето против Фоњини. Италијанско-шпанска работа на која би уживал и човек што не прати тенис. Мама миа.

Слатките спомени на Ливерпул од Истанбул

Нема да се вратат на истиот стадион, бидејќи тогаш играа на Олимпискиот, а сега на Водафоун каде игра Бешикташ, но како и да е, овој град на навивачите на Ливерпул им вади од меморија неверојатни сцени кои само фудбалот може да ги изрежира. Ливерпул - Милан 0:3 на полувреме, 3:3 на крај и освојувач на ЛШ Ливерпул на пенали.

По ново, неспиењето е полошо за деца отколку социјалните медиуми

Помалку грижа за времето што децата во текот на денот го трошат на социјални медиуми, а повеќе внимание на подолг сон за истите, е новата препорака за родителите.

Aроганцијата на терминот „антропоцен“

Постоењето на геолошка епоха во која доминира човекот, и која е наречена според него, дава погрешен впечаток за нејзиното значење во големата слика на историјата на планетата.

Само напредни и чувствителни навивачи го прават ова

Кога на клубот не му текнува, тогаш навивачите ќе се ангажираат за да испочитуваат една многу добро познава нивна легенда, а покрај тоа ќе смислат уште нешто плус. Првото заслужено, второто многу корисно. Браво.

Кралот лав е ужасен филм / цртан

Барем од перспектива на антилопите, или па антилопите се комплетни идиоти освен оваа една, освестена.

Барби како нас

Разведена е. Пие вино, пуши трева и има еден куп розеви пушки. Повраќа, крвари и оди во тоалет. Пцуе во јавност, има трансродови пријатели и често покажува среден прст. И од некоја причина, има еленски рогови.

Разбивање на вечната летна измама

Сето ова време, цела хотелска индустрија (и слична фела) да не лажела дека постои хемикалија што ја претвора водата во базените во друга боја кога ќе мочаш во нејзе. Е па, не постои.

Како Кајли Џенер направи империја

Од ова нема да научите како вие да направите империја. Без разлика што Џенер еднаш тресна дека е „самонаправен” милијардер, тешко дека некој ќе заборави од каде доаѓа. Сепак, јавни фаци има колку сакаш, ама не стигнале сите до овие размери.

Батали заговорите, фактите околу смртта на Епстин се многу полоши

За тие што не се упатени краток вовед: Епстин е милијардер кој е во затвор заради трговија со луѓе (гранично полнолетни манекенки од Источна Европа), кој пред некое време проба па не успеа да се самоубие, за пред некој ден да му успее самоубиството додека само откако му беше укината стражата што го пазеше пак да не проба пак да изврши самоубиство. Исто така во целата работа се вмешани многу моќни и многу богати луѓе од американските елити.

Издрибла 7 души и влезе со топка во гол

Извесен Андерсон Диаз од Колумбија нема насит кога ќе фати да дрибла. Кога тргнал да прави слалом, овие од клупа избегале во соблекувална исплашени да не земе и нив да ги ора.

Лудата пенал серија на Ѕвезда во ЛШ

Копенхаген и Црвена Ѕвезда одиграа два квалификациски меча за ЛШ кои завршија 1:1. Синоќа во Данска беше циркуз за сите пари. Шутираа 22 пенали, утнаа девет (пет завршија на трибина) бидејќи белата точка беше како бавча. Херој е Милан Борјан кој фати три пенали, даде еден и ја однесе Ѕвезда во плејоф.

Деби на Де Роси за Бока со гол

Аргентинците со душа го чекаа првиот настап на Даниеле Де Роси за Бока Јуниорс и измонтираа видео само со него. Италијанскиот ветеран даде и гол, ама резултатот ич не му се посреќи. Ова беше куп натпревар на кој Бока е елиминирана од Алмагро на пенали.

Коментаторот на Арена за Адеми: Ве молам станете да му се поклониме на овој човек

На македонскиот репрезентативец му беа потребни само 15 минути да го отвори резултатот на гостувањето против Ференцварош во квалификациите за ЛШ. Знаеме дека е играч од среден ред, ама кога ќе влезе во шеснаесетник се однесува како Луис Суарез.

Песна изгравирана на таблета за хемотерапија

Британците, исто како и Американците, имаат позиција „поет лауреат“, која постои од 17 век. Оваа година неа ја држи поетот Сајмон Армитиџ, кој напиша песна на необичен медиум.

Десетка со кромид

Во 2010, кога почнувавме со МакеДокс, често добивавме коментари, и тоа од луѓе блиски нам и до фелата кои сумирано би можеле да се парафразираат некако вака - ќе пуштате филмови за бели мечки и лавови во Куршумли? Зошто?