Архива

Нови два комада на Нестогол

Македонскиот голгетер Илија Несторовски одлично ја темпира формата пред стартот на Серија А која почнува на 24 август. Удинезе го совлада нисколигашот Сан Луиџи со 9:2, а Иле погоди во 30-та и 34-та минута.

Фасцинантни бројки од едногодишното маркетиншко работење на ФК Осогово

Само пет дена откако пишавме дека се најмодерен македонски клуб во однос на тоа како се работи на интернет, само уште еднаш ни ја потврдија перцепција за нив. Друг клуб не ни излегува со вакви податоци за сопствената промоција.

Навивачите на ПСЖ: "Neymar, hijo da puta"

Плукаше по судии, па го казнија, па се повреди, па излезе видео од хотелска соба како се тепа со старлета (она го мава) која инаку го обвини дека ја силувал, па каснеше во Париз на подготовки за да се види дека се зеза по плажи. Човеков е тешка гњаважа, а зборот „професионалност“ кај него повеќе не постои. Сега го поврзуваат со заминување не само во Барса, туку и во Реал.

Јапонката што ја издрибла пола Северна Кореја

Видеово е старо од 2010-та, ама епско за азискиот фудбал и младинските мундијали. Ја имаме Куми Јокохама од Јапонија на која се обидува да и ја земе пола селекција на Северна Кореја. Се работи за светско првенство за фудбалерки до 17 години. Ги изора како нива.

Запознајте ја „Генерација Алфа”

Се разбираат во технологија, цврсто се поврзани со надворешниот свет и најстариот меѓу нив има 9 години.

Нов концепт: клубови за тивко читање

Сакате да читате, ама не можете да се натерате да пуштите мобилен од рака и да земете книга, за смирено со неа да минете барем еден час? Или немате каде? Има лек. Читање во тишина, со други.

Има ли уште Секс во Градот?

Авторката на „Сексот и градот” размислува за љубовниот живот и женските пријателства, исто како во епските колумни што станаа серија, со тоа што, овој пат обрнува внимание на жени над 50 години.

Како Британија може да ви помогне во крадење милиони евра

Прво и основно за планот е дека треба да ги имаш парите, системот не работи на правење нешто од ништо. А ако веќе ги имаш, Британија логистички, правно и чисто заради личен мерак, веројатно е најдобрата опција за перење на твоите пари.

Какви бевме во 2000-ти

The Milk Club на Јутјуб, решава да ги почасти своите следачи со еден моден времеплов и да ги врати во 2000-ти, сосе сите детали.

ИКЕА упатство низ шведскиот правен систем

Во една од поопскурните случки изминативе месеци, Канје му се јавува на Трамп за да побара од  американскиот претседател да се јави кај шведскиот колега и да ургира околу апсењето на американски рапер (A$ap Rocky) во Стокхолм. И Трамп стварно се јави кај шведскиот премиер и стварно проба да ургира - буквално понудил тој да му ја плати кауцијата на раперот.

Хармони ОС, замената на Хуавеи за Андроид

Бекап планот на Хуавеи за Андроид, во случај на вечен бојкот од САД, се вика ХармониОС, и според нив е побрз и побезбеден од Андроид, и за сега намерата е да се користи за ИОТ производи (паметни телевизори, автомобили, звучници и сл...) а не во смартфони.

Сите да си дочекате вака да ги резилите своите тинејџери

Како тинејџер видеото од мајка ти како се прави интересна да стане вирално, веројатно е врвниот срам што можеш да го доживееш. Како возрасен, тоа ќе биде видеото на кое ќе покажуваш колку биле интересни твоите. Нормално, за мајката и едното и другото се ќар.

Кога Шекил О`Нил ја исчисти клупата на Феникс

Го носеше нивниот дрес во сезоната 2008/2009. Тие што седат на клупа се од негова, ама тоа ништо не менува кога по баскетот ќе тргне човекот со 150 кила и 216 висина. Сакаат и утре да седат на истата клупа, живи и здрави.

Господар на прстените на Амазон башка од Господар на прстените на Питер Џексон

Ликовите и локациите од книгата на Толкин ќе може да бидат дел од серијата на Амазон, меѓутоа приказната нема да смее ни ишарет да пушти кон она што се случуваше во трилогијата филмови.

Твит на денот за високиот триумф на Манчестер Јунајтед

Откако паузираше цела година од тренирање, Жозе Мурињо нема тренерски ангажман ниту оваа сезона, но затоа почна да работи како стручен коментатор за Скај Спортс. Деби за анализа му беше Манчестер Јунајтед - Челси, по што Гери Линекер се отвори со јак штос.

Православие се трпи, ама поповите тешко

Човекот службено се вика игумен Фотиј и од пред некое време не е дел од руската православна црква. Видеото не се препорачува на луѓе што во скоро време имаат закажно крштевка или планираат да закажат. П.С. секоја чест на воздржаноста на родителите.

„Светлина на мојот живот“ (2019)

Во годината која не може баш да се пофали со добри драми, оваа избива на површина, иако со веќе видена идеја.

Само запекот ќе ја спаси планетава

Запрашан околу тоа како планира да го комбинира земјоделскиот развој на земјата и заштита на околината, бразилскиот претседател порача дека луѓето треба секој втор ден да одат по голема нужда ако сакаат да ја спасат планетата.