Архива

Ако мајке, барем е убава

Сцена од англо-саксонска верзија на оној телевизиски мрак кој се вика „Брак на невидено“. Тој ѝ кажува дека е астрофизичар, таа му одговара дека е.- близнаци. Не е до народот, до франшизата е.

Не станавме дебели од што сакаме

Не е дека јадеме повеќе од порано и не е дека вежбаме помалку од порано, неочекувано тврди колумнист на Гардијан барајќи да престане товарењето на дебелите со грижа на совест дека немаат волја да ослабат. Потребна е волја, ама кај политиката и властите кои му дозволија на лакомиот капитализам да ги злоупотребува човечките слабости.

Балкански дил на Видиќ и Бербатов во шеснаесетник

Бугарскиот напаѓач се мести во шеснасетник да ја збрца по изведен слободен удар на Роналдо, ама пола гол е на Немања кој му кажал на српски дека ќе му прави блог, за никој да не ги разбере. Договор е повеќе од успешен.

Убава си, како за дебела девојка

Куп навредливи комплименти.

Mеталика објавува детска книга

Насловот е „АБЦ на Металика“, а ја раскажува историјата на бендот, истовремено подучувајќи ја англиската абецеда. Средствата од продажбата се наменети за хуманитарни цели.

Харви Вајнстин е ноќна мора за адвокати

„Невозможен е за работа“ вели човек кој ги познава состојбите во адвокатската екипа на филмскиот могул кој чека судење за сексуални обвиненија. Истиот извор тврди дека Вајнстин се однесува како да снима филм. И уште е кај кастингот. 

За една епска тениска класика на Вимблдон која ќе се повтори по 11 години

За некои ова е најјакиот натпревар во историјата на тенисот меѓу две легенди кои пак сметаат дека го створија најголемото тениско ривалство евр. Ова нивното беше неповторлива битка и единствена по многу основи.

Најубавиот гол во кариерата на човекот кој денес заврши кариера

После 467 меча во Премиер лига со 108 гола и 58 асистенции, харизматичниот Питер Крауч (38) кој забележа 42 настапи за Англија со 22 гола, денес објави дека ја завршува својата фудбалска кариера.

“Слабо“ паричиња ќе се делат во Лига на шампиони

Лига Европа е ситна риба во однос на Лига на шампиони. Фондот за тоа натпреварување е четири пати послаб од најелитниот. Едно реми да изиграш во ЛШ и во клупска каса ти легнуваат 900.000 евра. Годишен буџет за еден македонски клуб. Од прилика.

Чизмата се смалува

За првпат во последните 90 години, Италија падна под 55 милиони жители. По сицилијанските села раѓање на бебе е толку ретка прилика што тоа се обележува со биење камбани.

Вештачка интелигенција тренирана на стари научни статии дојде до откритија кои луѓето ги промашиле

Врз основа на јазикот на милиони постари научни текстови, алгоритам за машинско учење успеа да направи сосема нови научни откритија.

Да пожонглирам со багеристов на пауза

Додека мајсторите одмораат со ладно пиво, главниот проектант си игра со багеристот.

Бањалучкото 7:1, денес

За Бања Лука некогаш важеше фамозната легенда дека е град во кој има седум жени на еден маж. Денес списокот на работи кои се наоѓаат во овој размер е нешто подолг. Скопје би требало веднаш да се збратими со Бања Лука.

Необичен навивачки колорит - убавината на Купот на Африка

Купот на Африка (пандан на Европско првенство) не е само чудни стадиони и специфичен фудбал, туку и необични навивачи какви што никогаш нема да сретнете на Европско или во Лига на шампиони.

И Барди троа да се пошали

Македонскиот репрезентативец се врати на подготовки во Леванте за да се спрема за сезоната број 3 во шпанското првенство. На пик го фати новинарот со кој тераше малку мајтап.

Бескрајниот шарм на нона Паола

Ви обравме неколку видеа за сами да се уверите каков смех и весеља е да се има крај себе оваа ведра и лесно запаллива бабичка. Ја снима синот и многу се сакаат. Тој ја зафркава, таа го вика дикхед. Едно време ќе почне да го вика шитхед пошто чула дека дикхед е срамен збор.

Ваков глумец не е виден во 150 години фудбал

Рами Бенсебаини од Алжир дефинитивно заслужува дебела суспензија бидејќи оваа снимка е срамна за сите пари. Му ја зема раката на Заха да се поудира по фаца и потоа падна ко покосен како да го тепале со боксови. Е не сме виделе вакво нешто до сега. Инаку Алжир го доби четвртфиналето против Брегот на Слоновата Коска на пенали.

Овошните сокови и ракот, по најново

Британски Телеграф пишува дека пиењето две чаши овошен сок дневно за 50% го менува ризикот од добивање рак. Во лоша насока. Крај нема ова.