Архива

Како истовремено да чуваш уметност во магацин, и да ја презентираш?

Шаулагер од надвор изгледа прилично мистериозно - нешто помеѓу огромен бункер и склад. Всушност станува збор за интересен концепт, кој дава сосема поинакво значење на музејскиот термин „депо“.

Две години од смртта на најубавата во Стоунси

На 13 јуни 2017 година почина Анита Паленберг, „шестиот член на Ролингстоунс“, како што многумина ја нарекуваа.

Телеграм со објаснување на ДДОС напад што секој може да го разбере

На Телеграм, апликацијата за пораки, неколку пати деновиве му се случи куршлус заради кој сервисот беше прекинат. Причина за ова беше ДДОС напад кој се верува дека доаѓа од Кинезите бидејќи апликацијата е користена за организирање на масовните протести во Хонгконг.

„Ја примивме пораката“

Ако владината ПР машинерија реши да направи промотивна кампања со оваа моќна и јако убедлива политичка порака и мантра, еве ние бесплатно да помогнеме околу фото - илустрација на кампањата која ќе изгледа прекрасно по билборди и постери. Слоган имате од Заев, фотографија имате од нас, што се чека? Нели е фер и рајата да ја прими пораката дека сте ја примиле пораката?

Како изгледаше кога Том Хенкс го присилија да држи говор

Во договорот за филмот „Ангели и демони“ Сони му вметнува на Хенкс дека ќе мора да се појави и да држи говор на ЦЕС конвенцијата. Том Хенкс најпрофесионално се појавува, и најпрофесионално го трола Сони веројатно како никогаш во историјата, имајќи спектакуларно добар настап на кој не штеди ни најмалку од својата маестралност.

Епскиот пречек на ново засилување - Дариус Васел во Анкара

Во јули 2009 година англискиот центарфор Дариус Васел од Манчестер Сити премина во турскиот клуб Анкарагучу. Дојде како реномиран шпиц кој игра за репрезентација. А кутриот претходно не гледал на Јутјуб како на аеродром се пречекуваат засилувања во турските клубови. Пребледе.

Да речеме дека сакате да инвестирате во ташна

Треба да биде модел што нема да излезе од мода. Треба да врвно изработена. И треба да ја задржи вредноста, без разлика што времето поминува.

Да, добра ташна е инвестиција. Па, да видиме.

Една од појаките финти некогаш изведени од слободен удар

Младинско Светско првенство У20 во 1995 година во Катар. Португалците Дани и Бруно Саиреш глумат караница меѓу себе за тоа кој да го изведе слободниот, а на крај голманот е матиран.

Луи Витон плус современа уметност

Ќе чита човек незгодни вести од цел свет, па ќе го почасти интернетот и со вакви пријатни работи повремено.

Колорадо стигна до милијарда долари данок од марихуана

За 3,5 години американската сојузна држава стигна до 500 милиони долари собрани од данок од легалната продажба на марихуана. За следните 500 им требаше само уште година и пол.

До Припјат по лајкови

А што, не ви текна дека во свет каков што е нашиов денес ќе навалат безмозочни инфлуенсери на Чернобил?

Вардар се збогува со Карачиќ, Милосављев, Парондо

Европскиот шампион им се заблагодари на ракометарите за епскиот успех кои го направија со Вардар: „Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо“.

26 години од неодиграното дерби Пелистер - Вардар во Битола

На 13. јуни 1993 година под „Тумбе Кафе“ во Битола требаше да се одигра големото дерби меѓу ривалите од Битола и Скопје. Поради нереди на навивачите и влегување на терен, мечот воопшто не се одигра. Кога ќе види човек колку луѓе имало тогаш на стадион, а колку денес, се прашува каде ја утнавме работата.

Што е Зелениот нов договор?

Од сегашна перспектива (што треба да се направи и како тоа да се постигне) Зелениот нов договор е научна фантастика.

За 30 години во Англија нема да остане ниедно име Гари, поради пеналот на Линекер

Поранешниот легендарен фудбалер, а сега мегаѕвезда во стручните аналитички студија Гари Линекер објави интересен твит во кој има статија за непопуларноста на името Гари.

Ник Кејв испадна срцка (пак)

Блогот на Кејв станува одличен извор на приказни и комуникација на човекот со светот. Еве ја најновата.

Нејќе пајак во поштен Капиштец

Вака изгледа навечер скопската населба Капиштец во општина Центар. А од тоа кафаните пичат живи музики, како на Ибарска магистрала да живее човек. Градоначалници, служби и инспекции, како попрво да ве опцуе човек? 

Чернобил и инфлуенсерското право на селфи

Лоша вест: Инстаграм инфлуенсери одат во Чернобил за да се сликаат. Добра вест: Инстаграм инфлуенсери одат во Чернобил за да се сликаат.

Автоголот на Венди Ренар - францускиот Ван Дајк

Венди Ренар е една од најдобрите француски фудбалерки на Светското првенство за жени кое се игра во оваа земја. Игра на позицијата стопер и ја викаат француски Ван Дајк поради тоа што личи на Холанѓанецот и игра на негова позиција. Но на мечот со Норвешка во 54’ минута направи нешто како да е француски Дејан Ловрен.

Учете странски јазик, да не бидете дрво ко мене

Еден од подобрите фудбалери на лондонски Арсенал, Лукас Тореира признава дека секојдневието му било многу подобро во Италија каде играше за Самдпорија, отколку сега во Англија каде не зборува речиси со никој.

Сите наши обиди да се протнеме во ЕУ

Во моментов, не се работи на подигнување на мостот туку на спуштање на нашата височина. Фала на прашање, одлично оди работата. 

Да имаш свое јас е првиот и основен чекор за да седнеш со најважните шизици

Да, сте правеле компромиси со ДУИ и сте го доуништиле системот, сте го утепале Собранието, судовите, Уставот.... сè, за "големата слика" и "поважните работи". Сега тоа СÈ, ни се мава на сите од глава.

Како ќе изгледаат Меси и обновените гаучоси на Копа Америка

Цели 26 години Аргентина чека на трофејот од Копа Америка. Нацијата сонува како Меси го крева толку посакуваниот пехар. Со подновен состав ќе го напаѓаат тронот.