Архива

Султанот од Брунеи ја врати дипломата од Оксфорд

Чергата му ја запалија Џорџ Клуни и Елтон Џон заради тоа што во султанатот се воведоа смртни казни и каменувања на хомосексуалци и силеџии. Ама сечи им го паметот на оние во Оксфорд што уопште му давале почесни титули на султан.

Сноуден: САД му отворија војна на новинарството

Влогот е судбината на новинарството како што го познаваме, вели најпознатиот свиркач на светот, Едвард Сноуден, за одлуката на Вашингтон во 17 чекори да го гони Џулијан Асанаж за шпионажа.

Порнхаб е новиот Спидо

Порнхаб се махери да произведуваат вести и да се врти муабет за нив. За таа цел овојпат создале машки купаќи (Bonerless Bathing Suit) кои ги поштедуваат мажите од неугодноста од непосакуваните ерекции на плажа. Тврдат дека нивниот дизајн и употребениот материјал го зауздуваат неочекувано разбудениот пријател без да го задават. А може да се носат и чисто за чалам, за само 69 долари да оставаш впечаток дека чуваш Дрогон меѓу нозете.

Обид за убиство поради книжевен спојлер

За некој што не гледа ГоТ, интензитетот на чувствата поврзани со постирање спојлери за нови епизоди од серијата е феномен. Со клетви, со закани, со исклучување од Твитер, со сè. Но сериозноста на реакциите не се однесувала само на серии и филмови, туку и на книги.

Многу штосен хајлајтс од сезоната на Шалке

Нив уствари ова им е сезона за заборав бидејќи завршија на катастрофалната 14-та позиција со ужасен скор од 8 победи, 9 нерешени и 17 порази. Ни Европа, ни бутур, за опстанок се бореа. Арно ама на 4 кола до крај го одиграа мечот на сезоната со кој се спасија, а на противникот му ги расипаа шансите за титула.

Кој бил најмногу втор во Серија А?

Наполи во ерата на Де Лаурентис создаде силен состав кој му парира на Јуве, ама никако не успеа да му го грабне врвот. Но никој како Рома во однос на ова прашање. 12 пати заглавиле на втора позиција во 4 децении.

Што гледаше Мурињо по дома на мобилен на 22 мај?

Поминаа 9 години од тој незаборавен 22 мај во Мадрид, кога Интер ја освои ЛШ во годината кога стигна до историската тројна круна. Незаборавен и за нас, бидејќи во тоа славно друштво е и Горан Пандев со македонското знаме на гради. Интер - Баерн 2:0 со двата гола на Милито.