Архива

Дали Шекспир бил жена?

Контроверзите околу авторството на драмите кои му се припишуваат на бардот се стари скоро исто колку и самите дела. Но можеби тоа е затоа што до сега никој не ја зел предвид можноста Вилијaм всушност да бил - Вилијaмина.

Половина од посетите на Гугл њуз одат кај 20 медиуми

Ревизија на работата на Гугл њуз покажува дека агрегаторот на вести фаворизира многу мал број новински извори на сметка на сите останати.

Исланд на Евровизија пратија „Лорди на стероиди“

Се викаат Хатари, песната им се вика вака: „HATRIÐ MUN SIGRA“

Уметноста да знаеш да кажеш доста - Робин Ван Перси испратен како доликува

Во неделата Феенорд го одигра последниот домашен меч во сезоната и изгуби 0:2 од Ден Хаг, но на крајот е третопласиран, ќе игра во Лига Европа, а натпреварот беше во втор план. Навивачите имаа друга цел.

Од бивша до самурај

Тетовирањето има две важни правила: Прво, немој на себе да ја тетовираш девојка ти / дечко ти. Второ, ако не го послуша првото правило гледај да знаеш некој што добро црта самураи. Дечково на пример паднал на првото, ама има грб за второто.

Како симпатизерите на Ајакс го испратија својот миленик

Френки де Јонг кој беше главен автор на бајката на Ајакс сезонава, со титула во холандското првенство се прости од навивачите и оди во Барселона. Го испратија како голема легенда на клубот иако има само 22 години.

Дизни се изгоре со 400 милиони долари вложени во Вајс

Пред неколку години Вајс успеа да направи страшна приказна околу себе - медиум што младите го следат и читаат, нешто што ги привлече сите поголеми медиумски куќи од кои најголеми мускули покажаа Дизни, инвестирајќи 400 милиони долари во Вајс. Сега Дизни се пишман за парите што ги дале.

Имате ли вие време за лажна свадба?

И тоа се лажира за внимание, само треба да имаш пари. А Енди Потамкин ги има поприлично.

Совршен британски хумор од навивачите на Лидс до Лампард

Во полуфиналето на баражот за пласман во Премиер лига, Лидс Јунајтед на нашиот Алиоски на гости со 0:1 го совлада Дерби Каунти. Тоа беше доволна причина навивачите на Лидс да го пецнат тренерот на Дерби Френк Лампард за аферата со шпионот кој Марсело Бјелса го прати во нивната база.

Судија, симни се, ќе паднеш високо е

Некогашниот познат романски судија во УЕФА Александар Тудор, денес работи како контролор на судење во својата земја. На мечот од втора лига меѓу Енергетикианул и Снагов (3:3) се качил на кров за подобро да гледа. Полицијата барала од него да се симне, да не настрада.

Евровизиски гатања 2019-та

Во најамбициозното и најхраброто од досегашните предвидувања на исходот на Евровизија ги имаме првите три места во крајниот исход, и еден голем бонус заради кој моравме исходот денес да го објавиме а не да чекаме до петок.

Џорџ Р.Р. Мартин пред цел свет да му се плаши

Година 1998, Џорџ Р.Р. Мартин познат само по дома и ретко на кој друг, за време на некоја конвенција дава интервју за некоја нова книга што ја пишува со наслов „Судир на кралеви“, инаку втора книга од неговиот серијал „Песна за мразот и огнот“. Со нула подготвеност за зборење пред камера, и идентично искуство, Мартин меѓу другото планира дека за 5-6 години сите книги од серијалот ќе му бидат завршени. 21 година подоцна, уште не се.

Де Брујне до Пеп: „Ебате тренерот, само победуваш“

Манчестер Сити ја прослави титулата со своите навивачи на гостувањето кај Брајтон каде победи 1:4 и освои 3 клучни бода за пехарот. Во текот на прославата белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне имаше што да му каже на Пеп Гвардиола.

Ќеркичката на Салах како татко ѝ, дава голови пред КОП

Се вика Мака. Ќерка е на најдобриот стрелец во англиската лига и најдобар фудбалер во историјата на Египет, Мохамед Салах. Во такви околности не може да не ја засака фудбалската топка.

Римејк на фискалната сметка каков што сите заслужуваме

Една исповед од нас: освен финансовиот, никој не разбира што пишува и како се чита фискална сметка (посебно на оние тесните), кое е прво, која количина си купил, колку е парче, која бројка на што се однесува, зошто толку си купил, како дојде за 3 работи излезе со количка... Изгледа не сме биле единствени кога дизајнери се зафатиле да го решат проблемот.

На сред Олд Трафорд дошол со дрес на кој пишува Агуеро

Ама не е тоа што мислите. Малиот едноставно самиот се презива Агуеро и си го испечатил своето презиме на дресот од својот омилен клуб.

Три минути разочарана екипа на ГоТ

Овде нема спојлери, ама... Многу е симптоматично.

После 18 години, Даниеле Де Роси ја напушта Рома

Еден од најголемите фајтери, капитен на Рома и легитимен наследник на Франческо Тоти, ненадејно соопшти дека по крајот на сезоната во Серија А ќе замине од клубот за кого игра речиси две децении.

А на дното, ќеса

Приватен инвеститор со својата подморница се нурнува на 10.927 метри во најдлабокото место на светот, и таму наоѓа едно многу ништо и едно парче отпад.

Кога ќе кажете ова го има само на Балкан, размислете два пати

Грасхоперс e најтрофејниот фудбалски клуб во Швајцарија. Минатиот викенд испадна од лига првпат после цели 68 години, а навивачите насилно го прекинаа мечот и имаа барање до играчите.

Во контролниот бункер на Мет Гала

Како успеваат тие настани да поминат толку беспрекорно? Така, ќе ставиш еден куп дотерани луѓе во подрум, со кабли и лаптопи и нема ни влакно да се помести.

Нема да има Викторијас Сикрет на телевизија

Според протечена информација, ревијата на Викторијас Сикрет веќе нема да се емитува на телевизија.

Да видиш судијата Мајк Дин како го бодри Транмере

Англиските медиуми конечно дознаа за кого навива најпознатиот фудбалски судија Мајк Дин. Камерите го уловија Дин како еуфорично го слави триумфот на Транмере Роверс против Форест Грин со што влегле во баражот на Лига 2.

Мурињо раскажа кога се криел во корпата за алишта зошто бил суспендиран

Челси против Баерн Минхен во Лига на шампиони. Мурињо суспендиран и нема како да влезе до соблекувална кај играчите пред важниот натпревар. Кабинерот го става во метална корпа за алишта.

„Диригентката“: приказната за првата жена диригент на симфониски оркестар

Многу нешта во овој филм не се како што треба од кинематографска гледна точна. Но добрата вест е што преку него многумина ќе слушнат за една од првите жени-диригенти од почетокот на минатиот век.