Архива

Лука го исфрли Интер од Лига Европа, Арсенал надмоќен

„Топџиите“ рутински со 3-0 го совладаа француски Рен и се пласираа во 1/4 финале на ЛЕ. Виљареал глатко против Зенит, а во Прага и Лисабон се играа продолженија после кои испаднаа Динамо Загреб и Севиља.

Неверојатен гол на Ел Хадади во Лига Европа

Првиот меч меѓу Севиља и Славија Прага во 1/8 финалето на Лига Европа заврши 2-2, а на реваншот во Чешка Мунир Ел Хадади израмни на 2-2 со неверојатен гол.

Челси јуришно во Киев, Жиру како Кристијано

Со хет-трик на Французинот и голови на Хадсон-Одои и Алонсо, Челси со вкупен резултат 8-0 по двомечот со Динамо Киев, фати сериозен залет кон трофејот во Лига Европа. Валенсија со гол во 93-та минута обезбеди пласман во 1/4 финале.

Седумте потези со кои Алегри го сруши Атлетико

Макс Алегри сега ќе продолжи да работи со идејата да стигне до финалето во Мадрид, пред да му се посвети на семејството и на морето во Ливорно. Тој не од вторникот, туку откако тренира на одредено ниво го претставува модерниот израз на италијанскиот фудбал. Влегува во друштво на Трапатони, Капело, Липи, Анчелоти, не случајно најуспешни според титули и признанија.

Америка има повеќе милионери отколку што Шведска има луѓе

Минатата година бројот на богати домаќинства во САД постигнува нов рекорд, отприлика исто колку целото население на Шведска или Португалија.

Роналдо како старее дивее сè повеќе

Имаме интересно видео со споредба на осум светска класа напаѓачи на кои им се прикажува реализацијата во секоја нивна возраст од кариерата. Во младоста најмногу растураат Агуеро и Руни, ама потоа едни други двајца им го земаат приматот и се качуваат на тронот каде се недостижни. 1.327 голови имаат заедно. Неверојатно.

Бендот за кој сите мислеа дека е „Битлси“

Веста за распаѓањето на Битлси го погодила светот како ниту една друга слична вест до тогаш (а можеби и засекогаш). Така, некако е логично дека кога во 1976 се појавил еден мистериозен албум, фановите сакале да веруваат дека тој е на нивниот омилен бенд.

ФФМ е држава во држава?

Секој што следи фудбал малку повеќе веројатно нема да падне во несвест кога ќе прочита како уствари функционира најбогатата спортска федерација во земјава. Ја водеа Ѕинго, Љубен, Хари, Илчо, а сега за прв човек се мести Муамед Сејдини кој е в.д. Сите се срцки и работеа за доброто на фудбалот.

Се бара мораториум за дизајнирање бебиња

Водечки светски научнуици и етичари побараа да се воведе мораториум за генетско едитирање на човековиот ДНК, барем додека не се воспостават меѓународни стандарди за оваа технологија и не се одговори на бројните прашања и дилеми поврзани со оваа контроверзна тематика.

Направи сам нешто за себе

Кејси Неистат е една од најголемите глобални ѕвезди на социјалните медиуми, со бројки од типот 11 милиони претплатници на Јутјуб, и стравопочит од секој еден од негова фела каде и да се појави. На кратко, Неистат одлучи да се откаже од социјалните медиуми (Твитер и Инстаграм), затоа што му е смачено од истата работа од која и вам ви е смачено само не преземате ништо околу тоа - социјалните медиуми се претворени во комплетно бесцелно губење време, кое не си ни свесен дека ти се случува. А дечкото не прави ништо радикално, туку само решава да ги избрише апликациите од својот смартфон, што е буквално еден потег пер социјална мрежа.

Роналдо се појави во ресторан после хет-трикот

Ресторан во Торино во вторник навечер после Лига на шампиони. Амбиентот мирен, луѓето си вечераат. Поминува Роналдо после хет-трикот со Атлетико и се пореметува и амбиент и сè.

Дали ЦИА упадна во севернокорејската амбасада во Мадрид?

Ел Паис објавува информации од шпанските истражувачи на случајот според кои најмалку двајца од десеттемина кои упаднаа во севернокорејската амбасада, ги држеа вработените како заложници и избегаа со службените компјутери, се поврзани со ЦИА.

Фабио Канаваро нема интервенирано вака

Се сеќавате ли на аргентинскиот стопер Фабрицио Колочини? Епа игра за Сан Лоренцо, има 37 години и гледајте на каков начин спречи убавина од акција. Не сме виделе ваква интервенција до сега и тоа се искупи откако излета во празно. 

Колено му исчаши

Фабињо тргна да му ја земе на Ренато Санчез, ама така добро се заеба, коленото му знае најдобро. Со кошаркарски ролинг го остави на средина игралиште трева да пасе.

Невидливата предност

Твитер знае да биде глуп, ама повремено се искупува со одлични примери од животот што нè тераат да ги разгледаме работите од поинаква перспектива.

Вакви сте

Опсесивните дечковци се толку романтични.

Меси прати двајца по баничка во Милениум

Со два гола и две асистенции Лионел Меси блесна на реваншот против Лион и го однесе својот тим во четвртфиналето на ЛШ. Во контрата за 3:1 двајца гостински играчи се обидоа да го покријат Меси па летнаа мислејќи дека ќе шутира со лева. И сега ене ги заглавија кај Млечен.