Архива

ПСЖ се спаси во 93-та, Барселона сигурна и без Меси

Со головите на Инсиње и Мертенс, Карло Анчелоти имаше 3 бода в рака против својот поранешен клуб на гости, но Ди Марија го спречи изненадувањето со мајсторија. Борусија и Ливерпул ги декласираа Атлетико и Ѕвезда.

Модна кариера без модни студии?

Дали диплома од модни студии вреди за парите на прагот на 2019-та? Што треба да се студира ако сакаш да работиш со мода? Прашањето често се поставува, а одговорот е различен во зависност од тоа кого прашуваш.

Halloween ентузијасти, соберете се

И не давајте да ви викаат „тоа не е наш празник.” Да, во право се, и ви е гајле, тоа е само изговор да се исшлапате со чудна шминка и тематски да се соберете со друштво. 

Британската влада го забрани терминот „фејк њуз“

Затоа што англискиот јазик и онака е богат со соодветни зборови и фрази, нема никаква потреба од користење на омилениот термин на Трамп, посебно не во службени документи на британската влада.

Песимизам на денот: нема помирување околу длабоки несогласувања

Едноставните случаи на несогласувања би требало да се разрешат токму така - едноставно. Но што е со оние подлабоките? Наспроти сите заложби за „приближување на ставовите“, тоа во такви случаи едноставно не е можно.

Тоа е таа банда со јака команда

Пол Сколс, Рио Фердинанд, Вејн Руни, Алан Смит, Џон О’Ши, а во позадина ѕирка Руд ван Нистелрој. Доволни се имињата на првите тројца како едно потсетување какво екипиште беше ова и каков фудбал играше во споредба со сегашниот тим кој го носи само иметo на Манчестер Јунајтед.

Прашање до Клоп за европскиот првак Црвена Ѕвезда

Ливерпул вечерва ја пречекува Црвена Ѕвезда во 3. коло од Лига на шампиони. Јирген Клоп доби прашање на прес за тоа дали се сеќава кога вечерашниот негов противник ја освоил Европа во 1991? Секогаш, ама секогаш е спремен со одговор по кој следува смеење.

Халкбанк е нов официјален спонзор на РФМ

Денес, во присуство на медиумите, спортските новинари и претставници на Ракометната Федерација на Македонија, во просториите на Бизнис-центарот на Халкбанк, и официјално беше потпишан договорот за годишно спонзорство помеѓу Халкбанк и РФМ.

Кина гледа, Русија вади

Најавата за американско повлекување од историскиот договор за контрола на вооружувањето со Русија нема многу врска ни со нуклеарното оружје ни со Москва. Кинезите имаа отидено многу напред и треба да се стигаат.

Писмо од синот му помогнало на колумбиски голман да ја преживее загубата на сопругата

Во колумбискиот фудбал неколку денови се зборува за тажната сторија на голманот Луис Делгадо кој останал без сопругата а најголема храброст да продолжи понатаму му дал малиот Матијас.

Лукаку белите не се од твоја

Манчестер Јунајтед сезонава има само две победи на домашен терен на сите натпреварувања, а сезоната ја стартуваа на 10 август. Добар показател за тоа дека екипата личи на раштиман оркестар е овој нејасен пас на Ромелу Лукаку. Погледна убаво кај се неговите и пак џабе.

Манчестер синоќа пак доцнел, а Мурињо тргнал пешки на стадион

Манчестер Јунајтед, освен на теренот има проблеми и надвор од него: никако не може да стигне на време на дуел од Лига на шампиони па сега се соочува со нова казна од УЕФА.

Посебната поврзаност на Роналдо со Олд Трафорд

Кога Кристијано Роналдо беше потиштен од тага за црвениот картон во првото коло од ЛШ, многумина сметаа дека се плаши од суспензија која нема да му дозволи да се врати на Олд Трафорд. Местото каде се создаде нераскинлива врска меѓу него и публиката.

Филип Морис започна кампања против пушењето

Тобако гигантот најде начин како маркетиншки да се појави во услови кога постои глобална забрана за рекламирање цигари и пушење. Реклами непушење.

Најстариот фудбалски клуб на светот денес слави роденден

Пред 116 години на едно место во Англија за првпат се играла најомилената игра која години подоцна ќе стане најважната споредна работа на светот.

Брозовиќ на полувреме од дербито со Милан возел статичен точак

Во првиот дел од миланското дерби фудбалерот од среден ред на Интер и на репрезентацијата на Хрватска, Марсело Брозовиќ здобил повреда на бутниот мускул. На полувреме не сакал да излезе од игра и за да не му се олади мускулот решил да вози на статичен точак. Излегол на терен во второто полувреме и истрчал вкупно 12,5 километри.

Ирски прволигаш ќе носи дресови со ликот на Боб Марли

Љубовта на Боб Марли кон фудбалот била можеби и поголема од страста за музиката. За 38-годишнината од неговиот настап на стадионот во Даблин, Бохемијан ќе игра во дресови со неговиот лик.

Може ли #MeToo да е компатибилен со шеријат?

На првата пушка на #MeToo, Алиса Милано, чие обвинение против Вајнстин за сексуално малтретирање го започна целиот бран на женско отворање и раатисување, и понатаму редовно и се трие од нос нејзиното пријателство за Линда Сарсур, половина активист за права на жените, половина поддржувач на шеријатот.

Од каде се најдоа чудните линии на Олд Трафорд?

Главниот меч на вечерта меѓу Манчестер и Јувентус се одигра на невообичаен терен - сите 90 минути под нозете на фудбалерите имаше бели долги линии.

По 136 години платени комуналии за базиликата на Гауди

Зданието сред Барселона, чија градба по 136 години се уште не е завршена, исто така сето ова време терала како дивоградба без платени давачки.

Хулигани на ЦСКА Москва настрадаа во римското метро и во тепачки низ Рим

Како и во 2014-та кога ЦСКА Москва гостуваше во главниот град на Италија, така и синоќа стотици навивачи на рускиот клуб предизвикале нереди од кои на крајот сами го извлекле подебелиот крај.

Пантерската интервенција на Де Хеа против Роналдо

Поразот на Манчестер Јунајтед од Јувентус е 0:1, само поради извонредниот Давид де Хеа. Овде човек не може да не се воодушеви на страшниот удар во трк на Кристијано кој упати проектил во агол, кој изгледаше дека е неодбранлив. Како ли само успеа да го скроти ова шпанскиот голман?

Ракометни совети на српско англиски јазик во Саудиска Арабија

Бошко Јоловиќ од Србија беше тренер во младинските категории во Саудиска Арабија и ништо повеќе од тоа нема потреба да знаете за него, туку треба само да го слушате. Он е толку јак стратег за ракомет што објаснува и како Џордан ја протнувал низ нозе.

Нов биографски филм за легендите на комедијата, Станлио и Олио

Ги викавме „Дебелиот и слабиот“ а нивните неми филмови ни беа еднакво смешни како оние на Чарли Чаплин. И некако ни е необично што никој до сега не се сетил на вакво нешто - да ја раскаже приказната за ова дуо кое има инспирирано бројни генерации комичари.

Сава Осигурување го сочува водството и стигна до победата над Рамстор

Екипите на Вип, Еуро Табак и Сава Осигурување со победи го стартуваа 5. коло од Бизнис лигата на Македонија.