Архива

Кратка Убер-хорор приказна

Убер ми е една од најомилените апликации во телефон. Обожавам такви пријатни и корисни тракатанци. Толку ми е корисна, што ќе продолжам да ја користам дури и покрај тоа што еднаш ми се случи, макар на секунда, да сум уверена дека ќе умрам во Уберот, или барем во негова близина.

Кратка Убер-хорор приказна

Убер ми е една од најомилените апликации во телефон. Обожавам такви пријатни и корисни тракатанци. Толку ми е корисна, што ќе продолжам да ја користам дури и покрај тоа што еднаш ми се случи, макар на секунда, да сум уверена дека ќе умрам во Уберот, или барем во негова близина.

Ако нивните елити дремат, некои народи остануваат оцрнети

„Фикцијата ја голта историјата“, вели во еден скорешен текст нобеловецот Марио Варгас Љоса кој зборува за опстанувањето на црните легенди против Шпанците, кои, иако создадени како пропаганда на нивните империјални непријатели, останале да живеат заради неспремноста на шпанската елита да се брани од нив и да ги раскринка.

Во Сити пред да дојдат шеиците немало врата во тоалетите

Поголемиот дел од својата 138-годишна историја клубот Манчестер Сити го минал во тотална сиромаштија, но парадоксално меѓу навивачите има многу носталгични за тие времиња во кои клубот бил секому достапен. Денес Сити е симбол на модерниот капиталистички фудбал.

Првата комедија напишана од жена се поставува по 400 години

Се викала лејди Мери Врот, а нејзината драма, „Љубовна победа“, се смета за прва комедија чиј автор е жена. Дури сега, четири века откако е напишана, таа ја добива својата прва професионална продукција.

Сè што е заробено во Сирија мора да биде депортирано дома

Странски борци на ИСИС кои ја преживеале војната во Сирија и завршиле како воени заробеници ќе треба да бидат вратени во своите матични држави, затоа што луѓето што ги заробиле не планираат да ги чуваат.

Рускиот план за извлекување на Асанж од Лондон

Планот за вадење на основачот на Викиликс од амбасадата во Лондон за време на католичкиот Божиќ во 2017 не е исполнет затоа што се покажал како премногу ризичен, се тврди во веста објавена од Гардијан.

Штулиќ: За војната беше крив Бајага

Војнички другар и подоцна продуцент и спонзор на негови албуми вика дека Џони тврдел дека за војната во поранешна Југославија бил виновен Бајага. „Тој на луѓето им пееше „Зажмури“ а јас ги терав да отворат очи“ 

На Британците уште не им е јасно што ги снајде

Додека неколкуте дена на Тереза Меј на самитот во Салцбург беа прогласени за дебакл, а по дома во игра се сите можни комбинации околу брегзит, на помалку од 6 месеци од отцепувањето од ЕУ просечниот Британец уште е збунка што точно е тоа брегзит.

Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор

Новите деловни простории во строгиот центар на Скопје се дизајнирани да обезбедат највисока агилност во работењето и најдобар работен ден за сите вработени

Теророт со кој се соочил Тоти во очи на СП 2006

На 27 септември во продажба излегува книгата „Un Capitano“, посветена на еден од симболите на италијанскиот фудбал. Има еден извадок каде Тоти раскажува за најтешката повреда во неговата кариера која му направила голем стрес и му стоела на патот до Мундијалот кој го освои.

Вечна дилема - кој е најдобриот шутер на слободни удари?

Прашање кое веројатно никогаш нема да има одговор затоа што имало и има толку многу мајстори зад топката кои изведуваат слободен удар и даваат гол кога сакаат.

Вучиќ: Гинат наши ама гинат и Амери

По неодамнешното фатално страдање на двајца градежни работници и повторното актуелизирање на српските стандарди за заштита при работа, Александар Вучиќ проба да ја спушти тензијата со податок дека во САД на секои 10 секунди гине по еден перач на прозроци. Од надлежно место брзо му беа пребришани наочарите преку кои гледа податоци.

Италијанските расисти се посебен тип цвикатори

Парламентарец од италијанска крајно десна партија пред неколку години ја споредува италијанската политичарка Сесил Кјенге, прва црнкиња министер во италијанската влада, со орангутан. Кјенге на него и на неговата партија им порача дека се расисти. Сега истата оваа партија е на власт во Италија, и уште и памтат на Кјенге.

Карамбол на кој арно што не се испотепаа

Снимката е стара 30 години, како и што може да се забележи, а инаку се работи за меч од ФА Купот на кој Манчестер Сити успева некако во последните минути од мечот да даде гол. Налет голот, сепак сметаме дека е најважно е што сите се живи и здрави.

Магијата на Лига на шампиони

Нашето најомилено клупско фудбалско уживање кое до нова година ќе се повтори уште пет пати вторник/среда, е посебно јако за сите. И за вас жените односно мајките кои не можете да ја погодите вистинската песна за успивање бебе. Еве пробајте.

МекДоналдс му нуди на Наполи нов стадион со нивно име, црквата го брани Свети Павле

Неаполитанците се толку поделени што едни влечат на страна на градските власти кои за мизерната состојба на стадионот покажуваат со прст во Де Лаурентис, други кои го бранат режисерот со факти дека од третолигаш направил светски клуб и трета страна.

Прославуваше гол и потоа го снема

Косовскиот фудбалер Бенјамин Кололи го постигна единствениот гол на мечот АЕК - Цирих 0:1, откако го искористи пеналот кој го направи Даниел Мојсов со рака. Убаво е да се слави со навивачите, ама и да се знае кај се тера.

Ганди од Нови Сад

Се вика Боро Новаковиќ а тоа двајцата се некои смарачи кои провоцираат веројатно чекајќи овој да им врати или да ги одбутне па да ја прават голема. Ама нема толкави политички простаци кои не можат да се решат со дијазепам.