Архива

Викенд романче од 2.630 долари

Голем број трговци со книги на Амазон се обидуваат да си ја продадат робата што поевтино - логиката вели дека спуштањето на цената во услови на компетитивен пазар ја зголемува продажбата. Ама некои други имаат поинаков, контраинтуитивен пристап.

Еден „навивач“ на Ренџерс расистички навредувал деца во Скопје, друг се изгубил

По триумфот од 2-0 во Глазгов и ремито 0-0 на реваншот во Скопје, трофејниот клуб го елиминираше тимот на Шкупи, а двомечот остана во сенка на расистичките навреди на еден кретен кој се декларира како навивач на Глазгов Ренџерс.

Хелсинки како поле за натпревар на лимузините

И Путин и Трамп на самитот во главниот град на Финска пристигнаа со најтешката цивилна механизација со која располагаат - претседателските лимузини.

Mr. Big донираше за кампањата на Миранда

Или, ако сме посериозни, после Сара Џесика Паркер и Кристин Дејвис (Шарлот од „Сексот и градот”) за кампањата на Синтија Никсон донираше и Крис Нот, или Mr. Big, или како што се преведува кај нас „Sверката”.

Супер ѕвездата од НБА Марк Гасол спасил жена мигрант среде море

Најдобриот кошаркар на Мемфис Гризлис учествувал во спасувачките акции во Средоземното море и ја спасил Жозефина, Камерунката која што ја пронашле жива среде море.

Миланска модна недела: Улична мода

Има нешто што ти прави фино, кога со кафе гледаш слики од последниот голем моден настан. Ама не толку поради тоа како продукциски го средиле, не од гломазно популарни фаци. Повеќе од околните минувачи, посетителите со послабо познати имиња и главно луѓето што ги бојат улиците. А богами во Милано посветено ги обоиле. 

Донесен закон што можеше да ги спречи Блер и Буш да извршат инвазија на Ирак

Од вторникот секој политички или воен лидер кој ќе нареди инвазија на странска земја ќе се смета за виновен за агресија, и ќе подлежи на казна од меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Би ви рекле пазете како се ракувате, ама џабе

Една жена тужела дека откако агентот за недвижнини, кој ѝ покажал некој имот во Сиднеј, толку силно ѝ ја стиснал раката за поздрав, што ѝ нанел тешки повреди и сакала тоа да биде категоризирано како „насилство”.

Слатки нешта на интернет како антидот на цинизмот

Старо правило, на кое често се заборава, е дека секое екстремно растегнување на дискурс во една насока, предизвикува реакција во спротивната.

Што сè ваше не сте вие

На прва топка депресирачко видео за тоа колку од она што сме ние, всушност е на автопилот, иако се сметаме за свесни команданти на нашето јас. Истовремено, потсетување колку сме среќни што (можеме да) сме свесни за нашата несвесност. Од сите познати суштества, само нам ни е даден тој драјвер на тестирање. И тоа треба да се слави.

Сторија за англискиот голман кој ги избави од проклетството пенали

Пред една година никој не знаел ништо за голманот Џордан Пикфорд кој се ашкал по позајмици во нисколигашите, потоа бранеше во испаднатиот Сандерленд а денес важи за најдобар англиски голман.

Кога ќе си видиш школски

Да е кај нас средба на двајца средношколски другари, тој во меѓувреме да се развил во криминалец а таа да завршила во суд, не сме најсигурни кој би се расплакал.

Малиот што треба да добие златен медал на маратон

На еден маратон, дете со кацига на глава им држи хамер со нацртана печурка од култниот јунак Супер Марио која носи енергија.

Најшармантниот шопинг во супермаркет (и готвење) што денес ќе го изгледате

Главен лик е Џеф Голдблум, и целата работа е составеа од една голема реклама за ланец супермаркети, ама со Џеф Голдблум, по што следува готвење со Брајс Хауард, девојката од Светот Јура што мислите дека е Џесика Честејн.

Нинџите пред истребување во Јапонија

Да е Исланд па да му снемаат нинџи и да ти е јасно, ама кога Јапонија пријавува дефицит на нинџи тогаш тоа е веќе валидна криза. Мада па кој ги видел?

Санти Казорла се врати на терен после 636 дена

Еден од најдобрите техничари на модерниот шпански фудбал се врати на теренот во својот Виљареал, клуб кој го направи голема ѕвезда и кој сега му дава нова шанса.

Французите почнаа да ги исполнуваат ветувањата ако станат шампиони

Иако најчесто читаме и слушаме за некоја старлета, фото-модел или манекенка како ветила дека ќе направи нешто необично ако нејзината земја стане светски првак, такви ветувања даваат и самите фудбалери.