Архива

Митот за 99%

Што се однесува на поделбата на богатството општиот впечаток и уверување меѓу Американците е дека државата е поделена меѓу 1% кој поседува значителен дел од парите во земјата, и 99-те проценти или „луѓето“. Иако не го спори ова, Метју Стјуарт од Атлантик лицитира околу процентите.

Главниот спортски комплекс во Рим е споменик на фашизмот

Во „вечниот град“ постои огромен спортски, олимписки комплекс којшто изобилува со споменици изградени од основоположникот на фашизмот Бенито Мусолини. Денес таму се одигруваат големи спортски манифестации а италијанската јавност не се срами од фашистичката архитектура.

Како Робин Вилијамс му го скршил носот на Де Ниро и други работи од неговата нова биографија

По уникатно богата децениска кариера и веројатно подеднакво долга борба со депресија и пропратни проблеми, Робин Вилијамс во 2014 си го одзема животот со бесење. Месецов Дејв Ицкоф од Њујорк тајмс ја објавува биографијата за Вилијамс „Оружја за самоуништување“.

Мажи пробуваат вештачки трепки

Некој ќе праша зошто. 
Така.

Ај да не купуваме Кајли Џенер кармини од пазар

Со должна почит кон продавачите таму, ама не е до нив. Копиите на скапите брендови за шминка се опасни по здравје.

Половина процент од комплетната глобална потрошувачка на струја оди на биткоин

Иако 0,5 како 0,5 не звучи нешто страшно, многу е поинаку кога ќе го ставиш во перспектива на половина процент од сè што годинава ќе потроши струја на планетава од Индија и Кина до Америка.

Tajниот партнер на Витгенштајн чија смрт го скршила филозофот

Се викал Дејвид Хјум Пинсент. Му бил (најверојатно) платонска љубов на големиот логичар и филозоф, извор на негова стабилност и верен придружник. Денес малкумина го признаваат неговото влијание врз ликот и делото на Витгенштајн.

10 моменти кои ја одбележаа кариерата на Буфон

Да ја анализираш кариерата на Џиџи Буфон е како да раскажуваш дополнителни 22 години живот. Историски мигови, незаборавни паради, многу трофеи, безброј рекорди и пред сè верност кон Јуве која ја демонстираше со срце дури и во втора лига. Голманиште за кое ќе се зборува и по 100 години.

Остануваме 77-ми во свет

Македонската фудбалска репрезентација не се помрдна ни погоре ни подоле на најновата ранг листа, ама пак е подобро рангирана од своите противници во Лига на нации која стартува за три и пол месеци.

Никој како тебе Џиџи

Никој нема да го брани дресот како тебе, никој нема да лета како тебе, никој нема да не возбудува како тебе, никој нема да го брани невозможното како тебе, никој нема да не обедини како тебе, никој нема да инспирира како тебе, никој нема да биде голман како тебе, никој нема да биде како тебе.

Фотографии од семејниот албум на Џиџи Буфон

На денот кога објави дека во сабота играчки се збогува со Јувентус (и во очекување да дознаеме дали ќе се збогува и со фудбалот), дојде ред да го разгледаме неговиот омилен албум со спомени.

Лажете ли на Тиндер?

Неверојатно е со каква леснотија луѓето праќаат пораки полни глупост, особено кога некој им се свиѓа. На пример, кога на некого намерно му праќаш порака со специфични информации, па после му пишуваш „еј, не беше ова за кај тебе.” Или кога ќе додадеш уште шест непотребни детали на објаснување зошто сакаш да презакажеш состанок, во надеж дека ќе звучиш поубедливо. И други слични работи, јасно ви е.

Во сабота го играм последниот меч за Јувентус

Дотеран и скоцкан во одело, во друштво на претседателот Андреа Ањели, Џиџи Буфон се појави во прес центарот на Јуве и со кнедла во грлото го објави своето официјално збогување со клубот на кој му служеше со срце 17 години.

Љубовта меѓу Хуанфран и навивачите на Атлетико

Пред две години Хуанфран не го даде решавачкиот пенал во историското финале на Лига на шампиони против Реал Мадрид, после што им се извини на навивачите. Тие го поддржаа и него и целиот тим. Синоќа одново отиде кај нив, овојпат како победник во Лига Европа.

Продавачите од најголемиот трговски за продажба на големо во светот

Титулата „најголем“ Јиву интернешн трејд маркет ја добива со 8 километри ходници за шпартање и над 75.000 продавници од кои секоја претставува некоја фабрика од Кина. Видеото е посветено на продавачите од трговскиот. Нешто како шопинг-мол „Барака“.

Историја на Универзумот

Наше е да ви кажеме дека секоја од овие домино плочки претставува 1 милион години. Останатото ќе ви го каже човекот кој за видеово нареди 300 метри домино плочки.

Новиот стадион на Тотенхем ќе биде чудесен

На 14 мај 2017 година мечот Тотенхем - Манчестер Јунајтед беше последен во историјата одигран на стадионот „Вајт Харт Лејн“. 36-илјадниот стадион отворен во далечната 1899 година го срушија.

Испичутури светски ги исцицаа Јапонците

Сантори ќе престане да продава два свои бренда на виски, 12-годишно Хакашу и 17-годишно Хибики, затоа што им го испија целото.

Апсолутна власт

Ако некој и натаму сомневаше чиј клупски фудбал е најдобар на светот, од синоќа веќе нема дилеми. На Пиринејскиот полустров се игра најдобриот и најуспешниот фудбал.

Голман, на лева нога да не си станат?

На серијата чудни и несфатливи автоголови кои почнаа со Холандија, па продолжија со Шведска, им се прикличуваат и Американците на турнир за играчи до 23 години. Со таа разлика што во случајов, некако голманов како да се ушепртља.

Стен Ли бара отштета од 1 милијарда долари од својата поранешна компанија

95-годишниот автор на куп ликови од универзумот на Марвел тврди дека компанијата POW: Entertainment му ги украла правата и ги препродала на кинеска компанија. Им бара 1 милијарда долари.

Фото на денот

За да не ги помешате ради истиот имиџ: лево на сликата е Перо Антиќ, десно неговиот клупски колега Филип Човиќ. Сеирџиите со повеќе слободно време во животот искористија заедничка фотка од нив двајца за да објаснат кој е уствари тој до Перо.