Архива

Не биди турист во Париз

Messy Nessy Chic е блогот што ни ја покажа последната продавница за филмски реквизити во Париз, и ни раскажа како да посвоиме замок во Франција, а секојдневно ги части своите следачи со секакви фини куриозитети пронајдени на интернет. А ако не се пронајдени на интернет, тогаш најчесто ги наоѓа во Париз. Авторката на блогот сега има книга и веб серија.

Екипите на ЕЛЕМ и Еуро Табак ги поделија бодовите

Пекабеско го пресврт го доби мечот против Уни Банка, а ЕЛЕМ и Еуро Табак одиграа без победник во првиот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Сите се криви

Не беше апокалипса, бидејќи немаше библиска величина, ниту катастрофа, ќерка на циничната судбина. Синиот бастион потона во хаос за кој треба сите да одговараат и никој да не биде исклучен.

Како сојузниците помогнаа борците на ИСИС да избегаат од Рака

ИСИС од една, Курдите и американско-британски сили во Сирија од друга страна постигнале таен договор кој им дозволил на стотици терористи на ИСИС заедно со своите семејства и оружје да избегаат од Рака. Конвојот испратен под закрила од западните сојузници во Сирија, вклучувал и некои од најозлогласените членови на ИСИС, плус десетици странски борци на џихадистите, објавува Бибиси.

Зошто служи полукругот на врвот од шеснаесетникот?

Вниманието со кое се испраќаат баражите за Светско 2018 потврдуваат дека фудбалот без конкуренција е најпопуларен спорт на светот.

Кога капите фатија еден бизарен правец во '50-тите

British Pathé е едно богатство од снмики што сведочат за секое поле од животот кога нашите баби и дедовци биле мали. Заради нив знаеме како пред 60 години правеле пудра, и они сведочат за постоењето на салони за убавина за мажи, матејќи им ја водата на (непостоечките) алфа-мажи. А понекогаш, чуваат и вакви работи: во еден момент, жените се такмичат која ќе извади побизарна капа.

Дали мора баш секој онлајн текст да е илустриран со слика?

Како се чувствувате во врска со отсуството на визуелна дразба во текстов во форма на фотографија или цртеж? Искрено, нам ни е некако шубе. 

5 години од најубавиот гол во кариерата на Златан

Неговите Швеѓани само што обезбедија пласман на СП и одма се поставува прашањето дали нивниот најдобар играч во историјата, кој реши да ја заврши репрезентативната кариера, ќе се врати за Мундијалот. Во меѓувреме ние и натаму ќе уживаме во спектакуларните „ножички“ од пред 5 години на пријателска против Англија.

Нека ве разбуди вибратор, затоа што алармот е демоде

Зад најновото од категоријата „Кај им текнуе” стои идејата дека нема смисла жените што сто пати стискаат „снуз” и ги шамараат сите саатчиња со аларм, да страдаат поради нивната неспособност да се разбудат рано. Постои вагинален аларм, луѓе, и се употребува точно како што мислите дека се употребува.

Ќе се врати ли Ибра во Шведска за Светско 2018?

На Мундијалот нема да гледаме легенди како Џиџи Буфон, Арјен Робен, Дидие Дрогба, Џорџо Киелини... Се надеваме само дека шведската јавност и селекторот ќе го предомислат Златан да се врати во репрезентацијата и да заигра во Русија следното лето.

Основни лекции по паркирање

Прва лекција, немој да паркираш блиску до пруга. Прва лекција под Б, на тој што паркира блиску до пруга возот за ништо не му е крив.

Кај се двата пенали за Шведска?

Шпанскиот судија Лаоз немаше храброст да покаже на белата точка и покрај тоа што имаше барем три спорни ситуации кои слободно може да се третираат како пенал. Еден за Италија и два за Шведска. Да беше обратно, италијанските медиуми и критичати ќе го распнеа судијата на крст и немаше дома да го пуштат.

Бараж натпреварите ни се за гледање, ни за типување

Шокантната елиминација на Италија во бараж средбите за пласман на Мундијалот во Русија не е единствената работа за чудење. Погледнете ги резултатите на сите досегашни мечеви.

Виетнамци го пробија Face ID на Ајфон со маска

Она за што Ајфон тврдеше дека е несоборлив бедем на лична безбедност, падна на гумена маска. Запрашани, како вам ви успеа, а слични обиди, како на Вајард, не успеаа, одговорот на Виетнамците е „па сепак ние сме водечка компанија за компјутерска безбедност.“

Најстариот селектор што ја посрамоти Италија

Италијанскиот фудбал го претрпе најголемиот неуспех во последните 60 години. За таквиот епилог на квалификациите за Светско италијанската јавност ги линчува селекторот Џанпиеро Вентура и првиот човек на сојузот, Карло Тавекио.

Амазон ќе прави серија од Господар на прстените

Видео стриминг сервисот објави дека ги добил правата за делото на Толкин и најави снимање на серија од повеќе сезони со потенцијални спин-офи на приказната.

Ако се прашувате зошто Италија не отиде на Светско

Човеков се вика Карло Тавекио. Има 74 години. Претседател е на Италијанскиот фудбалски сојуз. Освен тоа што од 1970 до 1998 заработил неколку месечни затворски казни поради дубари и фалсификувања не направил ништо значајно во фудбалот. Ретрограден, деструктивен шеф на италијанскиот фудбал кој стави и декадентен селектор.

Буфон не го заслужи ова

Нема фудбалски навивач кој не го почитува и кој не жали што интернационалната кариера му завршува на ваков тажен начин. Со солзи кои кажуваа сè. А тој во џентлменски стил изјави: Не плачам за мене, туку за италијанскиот фудбал.

Прв препев на „Одисеја“ на англиски направен од жена на сите времиња

Западната книжевна традиција не може да се замисли без „Илијада“ и „Одисеја“, а секако и без нејзините преведувачи. Ново издание на „Одисеја“ на англиски е прво во долгата англо-саксонска традиција на преводи на ова дело започната во 17 век, препеано од жена. 

Како шведските навивачи ја тешеа Италија

Навивачите на Шведска се цареви и кога во моментите имаа потполно право да го превртат стадионот од среќа и радост, тие им ја пееја на домаќините „Always look on the bright side of life“. Иако нема утеха ниту за играчите, ниту за навивачите, ни за цела земја која сега ќе мора да го чека Катар 2022.

Стави го Инсиње, што ќе сум ти јас

Џампјеро Вентура целосно го изгуби компасот како селектор на Италија и во клучните моменти кога требаше да се нападне Шведска, тој сакаше во игра да го стави ветеранoт Даниеле Де Роси кој игра во среден ред. Фудбалерот на Рома здиве од нервоза и потоа изјави дека реакцијата не била ништо лично спрема селекторот, туку сметал дека е подобро во игра да го стави Инсиње бидејќи им треба гол по секоја цена. 

Хероите на Шведска ги јавнаа коментаторите во сред програма

Ти ги мислиш Скандинавци кои на мравка не лазат, а тие беа во целосен делириум и не знаеа што прават. Селекцијата на Шведска има потполно право и на вакво славење. Го урнаа 4 кратниот светски првак Италија кој по пауза од 60 години нема да учествува на Светско првенство.