Архива

Навивачите на Реал Сосиедад: Вардар, Вардар, Вардар

Комитските грла повторно грмеа на запад по завршувањето на вториот меч на домашен терен од ЛЕ, но овој пат песна се слушаше и на спротивната трибина. Шпанците на источната трибина беа околу 200, но направија шоу на празен стадион, па дури скандираа и за македонскиот шампион. Браво.

Немилосордните Баскијци броеа до 6

Фудбалерите на Реал Сосиедад се прошетаа на Филип Втори исто како Зенит. Иако Вардарци добија поголема поддршка на трибините за разлика од тој дуел, не променија ништо ниту во играта, ниту во пристапот. Мечот им беше очај, a стадионот почна да се празни пред време.

Што го чека Арсенал во тунелот на Маракана

Неколку наши фудбалски репрезентативци кои во кариерата играа за Црвена звезда раскажуваа дека противничките фудбалери во подтрибинскиот простор на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград се бледи како крпа. Еве и зошто.

Како Наполитанците урлаа за промашениот пенал на Дибала во 95-та

Младиот албански голман, Томас Стракоша во неделата не беше херој само за навивачите на Лацио. Пазете што се случуваше во Неапол, каде живеат најоткачените навивачи од Италија. Неочекуваната победа на Лацио на гости против Јуве на Наполи му донесе 5 бода предност пред актуелниот шампион во Италија.

Класа реклама за канабис

Канабисот пројде непотребно долг пат за нејзина рехабилитација во очите на јавноста. До пред неколку години мнозинството се ужаснуваше од нејзиниот непостоечки пекол (сè се тоа дрогаши), за денес да се прават вакви, најстрејтерски, скапи и пицнати спотови.

Новите шест правила на Хајнкес во Баерн

Дисциплината е збор кој најдобро го опишува старо-новиот тренер на Баварците, Јуп Хајнкес кој се врати од пензија за да го врати победничкиот менталитет, но и редот во клубот. Строгиот Германец им донесе тројна круна во сезоната 2012/2013.

Војводата и сердарот

Се знаеле многу години и многу филмови имале заедно гледано. А нас многу нè чеша да ви откриеме кому Харви Вајнстин (и Џенифер Лоренс) ќе му доделат награда, но штом го слушнете името, конекцијата меѓу него и Харви ќе ви добие на квалитет.

Колку може Вардар против Реал Сосиедад

Секако дека би било убаво да се прослават првите историски бодови во едно УЕФА натпреварување, но фудбалерите на македонскиот шампион не треба да имаат резултатски императив и треба да играат за душа и за публика.

ЕЛЕМ со пресврт до победа над Пекабеско

Во третиот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија бодовите ги собраа ЈСП, Окта и ЕЛЕМ.

Навивачи на Сосиедад уживаат во центарот на Скопје

Околу 200 симпатизери на шпанскиот клуб од Сан Себастијан синоќа и рано утринава пристигнаа во Скопје на мегдан со Вардар во 3. коло од Лига Европа. Им се погоди времето, а сонцето им го заслади и пивцето.

Пред 15 години коментаторот за него рече: Запомнете го имево

Денеска е голем ден за Евертон бидејќи го сметаат за еден од најлегендарните во поновата историја на клубот. Вејн Руни, дете со само 16 години, пред точно 15 години против Арсенал го постигна деби голот во Премиер лигата, кој му е врежан во глава на секој нивни навивач. Во недела знаете кои играат? Евертон - Арсенал.

Разочарани сме од јавноста и срамота е клуб како Вардар да игра во Ѓорче пред 30 души

Играше во ЛШ и имаше привилегија да ги чува Фалкао, Агуеро и Форлан, ама позначаен му е историскиот пласман на Вардар во ЛЕ. Им симнува капа на Комитите за авантурата до Норвешка, а журката со нив на Боемска улица ќе ја памети додека е жив.

Суперкомпјутерот нè прочита како селски буквар

DeepMind, суперкомпјутерот на Гугл успеа да го совлада и надмине знаењето и искуството во една игра кое човештвото го кумулираше цели 3.000 години. За тоа му беа потребни само 40 дена. 

Кој е тој Миле за кој зборува Мурињо

Неодамна на 27. август славел 18-ти роденден и полнолетство а само 53 дена подоцна бранеше против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Кој е бисерот Миле Свилар?

Наци, геј, Евреј

Приказната за Кевин Вилошу, кој уште во 80-тите беше еден од најбитните фигури во радикалниот фашистички Национален фронт на Велика Британија. Цели 40 години од својот живот Вилшоу поминува во некаква политичка омраза - расна, националистичка, хомофобна... Сè додека не собрал сила да признае дека е Евреј (делумно) и геј (комплетно).

Тргнал цреп да прави селфи со Арсен Венгер

Нема оправдание за ова. Ни трема, ни возбуда, ни брзање, ни гужва...

Што готвеше Реџепи во Мексико

Да не седи бадијала додека му се реновира НОМА во Копенхаген, Рене Реџепи реши со својата екипа до отиде на еден месец во Мексико. Се врати со 4,2 милиони долари.

Научи да медитираш за четири дена

Под слоганот „Научи да медитираш за четири дена“ во Скопје ќе се одржат три јавни предавања, еден голем концерт со изведувачи од многу светски држави и бесплатно едно месечно предавање по медитација за сите оние кои сакаат да се задлабочат во оваа древна индиска практика.

Стив Џобс живее во патент центар

Иако почина пред 6 години, Стив Џобс е едно од оние имиња од кои глава не може да крене американскиот завод за патенти. Од неговата смрт до сега има патентирано 141 изуми, повеќе отколку што некои иноватори имаат пријавено дур биле живи.

Тренингов е како за Чех или Штербик?

Застанат во ракометарска поза со поставен робот кој му пушта пинг понг топчиња, Петр Чех постираше видео од еден би рекле невообичаен голмански тренинг пред дуелот со Црвена Звезда во Лига Европа. Реагира како да ги има годините на Донарума.

Како играчите на Манчестер го тешеа најмладиот голман во историјата

18 годишниот голман Миле Свилар синоќа постави рекорд откако стана најмладиот голман во историјата на Лига на шампиони. Претходно рекордот го држеше Икер Касиљас. Малиот заигра против Јунајтед, направи кардинална грешка кога влезе со топка во гол по центаршутот на Рашфорд во 64’ минута, па гостите го тешеа да крене глава горе.

Mрачното минато на Букеровата награда

Завчера, 17.10, беше доделено овогодинешното Букерово признание, на американскиот писател Џорџ Сондерс, за романот „Линколн во бардо“. Повод за потсетување за она што стои во основата на славата и парите стекнати со оваа награда - наследството на ропството и на белиот супрематизам.