Архива

Овие изгледа не чуле за јорган од чеиз

Gravity ќебето е Кикстартер проект осмислен со цел да му се помогне на делот популацијата што има проблеми со спиење - поубаво да спие. Имено, ќебето е конструирано еднакво да ја распоредува својата тежина од 6 до 9 кила врз тебе, за ти кога ќе си легнеш да се почувствуваш како некој да легнал врз тебе. Тоа божем е удобно и се чувствуваш заштитено, ама да се разбереме, нашите прабаби одамна го имаат ова хакнато.

Пораз на Вардар во Норвешка со историски прв гол

Фудбалерите на македонскиот првак загубија 3-1 од норвешкиот шампион Розенборг во 2. коло од Лига Европа. Хуан Фелипе постигна убав гол, прв во групната фаза.

Младите „револуционери“ кои заслужуваат одмор

Годината е 1970. Во Грција владее воената хунта, која се обидува да ја заштити земјата од наводна „комунистичка конспирација“. Од татковината поради политички прогон емигрираат стотици грчки интелектуалци-левичари.

Французинот што стана џихадист

Пишувајќи за француската владина програма за искоренување на тероризмот преку образование на ризични групи млади луѓе на тема историја, филозофија, литература и религија, новинарката на Атлантик ја раскажува приказната за родениот Французин кој стана дел од ал-Каеда.

Најубавите насловни на Playboy со спортистки

Основачот на Плејбој почина синоќа на 91-годишна возраст а во знак на негово сеќавање избравме 12 најдобри насловници од магазинот на Хеф со спортистки.

Фото на денот

Старата амбалажа на кока кола, вино-розе, костум, кошулче, кравата, густи коси. Спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев и техничкиот Илија Најдоски на некоја поодамнешна прослава со веројатно омилената песна на Кобра кој е во транс. Легенди.

Кога маж ти мисли „дека е можеби геј”

Една жена се мажи за забавен тип што сака да се дотерува. Ништо спорно тука, така? Да, ама ѝ помага и да избере венчаница, и многу сака антиквитети и јакната му е со анимал принт од внатре... Да не претеруваме? Ај до тука можеби, ама не е баш совршен брак ако ти рече „знаеш што, ја не дека ќе направам нешто, пу пу, ама нешто се загледувам во мажи.”

Грне внимавај на дечкото кој не продаде ниту еден дрес за Јуве, во топ форма е

Напаѓачот на Розенборг, Никлас Бендтнер котира доста високо во светот на тролањето, но вечерва ќе го напаѓа Вардар како втор стрелец во норвешкото првенство и затоа пожелно е цврство да се чува.

Искрениот трејлер за Ѕвездени патеки: Наредната генерација

Главното прашање што ќе ве прогонува по видеово: дали е ова стварно толку добро како што го памтиме?

Колку е Ајфон 8 Плус да го купиш на делови?

Си-ен-ен прави пресметка по пазарната цена на деловите на моделот на 8 Плус со 256 гигабајти меморија, дека дисплејот чини 43 долари (оди па смени дисплеј на Ајфон за 43 долари), камерите 37 долари, а батеријата 4 долари, за да види колку чини производството на еден уред (притоа уредно запоставувајќи ги сите други трошоци околу телефонот).

Колку екипи во Романија се викаат Динамо, Рапид или Стеауа

Ќе бидете добри да ни помогнете кај нас колку клубови се викаат Вардар освен оној од Брвеница, оној од Неготино и шампионот на земјата од Скопје. Ние за тоа време најдовме каква е ситуацијата во Романија.

Во Норвешка се воопшто по фудбалот?

Актуелни прваци се, рекордери со 24 титули во својата земја, лидери на табела, со славен шпиц од Арсенал, а интерес за медиумите нула.

Зошто џандар гледа во бетонски блок?

Бразилската федерална полиција по 2-годишна истрага открива зошто некој од Бразил би испраќал готови бетонски блокови тешки по неколку тони во Европа со брод. Вие ќе откриете за околу 3 минути.

Згасна фудбалски клуб во Романија поради лоши резултати

Има две верзии за распуштањето на клубот од кои едната е пласирана во јавност како официјална, но која и да е точна, едно е сигурно, на 8:0 им се случи требење.

Издишува европската социјалдемократија

Европската социјалдемократија се наоѓа во голема, историска криза, најмногу затоа што престана да биде тоа на што се издигна - заштитничка на работно зависното население кое се потешко ги поднесува негативните последици на глобализацијата, пишува Златко Црнчец во колумната за Нови лист.

Најјаката навивачка кореографија

Играа Копенхаген - Брондби на 4. мај 2014. Ова е најголемо градско дерби во Данскиот фудбал. Домашните навивачи на клубот кој летово загуби во Скопје од Вардар направија сензационална кореографија на која може да им завидат и во Кореја.

Чудесија од гол падна во Мексико

Не би било неправедно ако луѓето од комисијата во ФИФА коишто ги номинираат кандидатите за „Гол на сезоната“ да го затворат годинешниот избор. Фудбалерот Амаури Еското од мексиканскиот тим Лобос БУАП постигна страшен гол против Чивас. Браво мајсториште!

Најсмешни 10 автогола во холандскиот фудбал

Холандското првенство Ередивизија важи за многу ефикасно а често паѓаат и автоголови. И тоа какви автоголови.

Црногорско министерство за здравство и 9GAG

Како што уште од времето знаеме дека секоја болница која држи до себе треба да биде накитена со постери со едукативни медицински совети, така и Домот на здравје во Подгорица меѓу другото има постер со над 20 илустрации за грижа за бебиња. Злонамерници ќе забележат дека постерот изгледа како да е од 9GAG, ама тоа не значи дека е погрешен.

Во кадар Меси, а пејат за Роналдо

Добрите познавачи на фудбал нема воопшто да се чудат на ова и одма ќе им стане јасно што му скандираа навивачите на Спортинг на Меси на синоќешниот меч од ЛШ. Епа Роналдо таму ја почна кариерата, сигурно нема да му се клањаат на Меси.

Кој вика дека Шкотланѓаните играат со долги топки

Во групата Б од ЛШ каде ПСЖ синоќа стигна до два од два, првите бодови ги освои и Селтик кој го попари Андерлехт на гости со 0:3. Акцијата на првиот гол на на почеток изгледа досадна за гледање и безнадежна, ама дечките трпеливо врзаа 28 додавања по ред и бап голче.

Еден мал, црн фустан - 32 начини

Не дека не знаевме, ама никогаш не боли да се потсетиме уште еднаш колку се многу опциите кога ќе ти се погоди малиот црн фустан.

Како Хју Хефнер стана американска поп икона?

За конзервативците беше расипувач на смерната американска младина. За феминистките беше шовинист. За многумина беше борец за човекови права, особено за сексуалните. Хју Хефнер се одјави на 91, задоволен од постигнатото.