Архива

Маск бара забрана на роботите убијци

Технологијата сама по себе е неутрална но некогаш треба да се повлече линија. Со робот, на пример, тешко е људски да се разбереш, особено ако има пушка во рака и е програмиран да ги потепа сите кои сакаат да се разберат со него.

Женско помрачување на сонцето

Денес, 21 август, околу 12 милиони луѓе ќе можат да го посведочат целосното затемнување на сонцето, прво кое ќе се гледа од целиот северно-американски континент, од еден брег до друг, од 1918. Нова книга под наслов „Американска еклипса“ од Дејвид Барон ја раскажува приказната за обидот на една нација да ја фати „сенката на месечината“ и улогата на жените во ваквиот потфат.

Зборовите на Бонучи пред Милан - Шкендија

Клупскиот канал на Милан го објави видеото и откри како новиот капитен на тимот ги мотивира своите соиграчи пред мечот од баражот за Лига Европа против Шкендија кој заврши 6-0 во корист на италијанскиот тим.

Први меѓу безбедните

Американската амбасада во Авганистан го смета 5-минутното возење од своите канцеларии до аеродромот во Кабул како премногу ризично, заради што целиот свој персонал од точка А до точка Б го префрла со хеликоптер.

Што бе не вредам 222 милиони

Дебитираше против Генгамп со гол и асистенција, па со Тулуз постигна два гола и две асистенции. Она со што се обидува да ги купи француските навивачи и општо цела светска фудбалска јавност, се неговите лудории со топка по кои беше познат уште во Бразил. Обрнете внимание на дриблингот еден на еден, а потоа и голот кога ја понижи цела одбрана. Растур систем.

Старт на големите екипи од Серија А кој не се случил 32 години

За да се пронајдат пет победи на петте големи екипи од италијанското првенство во прво коло, треба да се копа во историјата се до сезоната 1985/1986. Но ако тоа е знак дека може да се повтори и конечниот изглед на табелата, тогаш пак ќе се радуваат само Јувентините.

Што им значи „AWOK” на вработените во Вог?

Вог има нова колекција на дигитални стикери, од кои што една се истакнува само поради тоа што на аутсајдер не му е одма јасно што сака да каже. Се работи за едно насмеано пост-ит ливче, со напишано AWOK на него.

Како Ибра го тренира коленото

Првичните најави беа дека ќе се врати на крајот од годинава, но докторските прогнози не важат за Златан. Се погласни се шпекулациите дека тој ќе продолжи да игра во Јунајтед, клубот кој минатата сезона го носеше сам на грб. Ибра на Инстаграм прашува: Кое колено?

Така зборуваше Коко Шанел

За љубов, за парфеми, за мода, за мало црно фустанче. Коко Шанел, освен што остави цела една модна филозофија и специфичен правец - остави мудрости по коишто може да се живее.

Да се живее во 8 квадрати во Токио

Ема е влогерка од Австралија што по секоја цена мора да живее во Токио. Брајс е лик што се воодушевува на мали простори за живеење. Тука имаме снимка од стан колку плакарот што го имате дома.

И сега ова намерно е или не?

Само едно коло беше доволно да помине во шпанскиот фудбалски шампионат, за навивачите на Реал и Барса да се грабнат и да се расправаат за судиите кон кого биле повеќе наклонети. Барса синоќа славеше 2:0 против Бетис, а ова е спорниот момент кој крена тензија на социјалните мрежи.

Меџик Џонсон и Самуел Џексон ги помешале со имигранти во Италија

Илјадници корисници на социјалните мрежи сериозно сфатиле еден трол на познатата манекенка Нина Мориќ на Фејсбук која што навлече дури и политичари да коментираат лошо за мигрантите.

Интелигенција од слободен удар

Познато е дека левицата на Александар Коларов е створена да ги буши мрежите од 30 па и повеќе метри, но овој пат српскиот репрезентативец го гледаме во едно сосема поинакво издание. Прв настап за Рома, прв гол за победа од 0:1 на гости против Аталанта.

Букбокс гледаше на Македокс: „Avec l'amour" (2017)

Не се сеќавам кога последен пат сум присуствувала на искрени стоечки овации по завршување на проекција, а камоли да се работи за документарец. Ама и тоа се случи, на домашната премиера на овој во основа неамбициозен, но крајно „фил гуд“ македонски филм, правен со многу љубов. И ова не е лажна вест.