Архива

Како попушти сефот што требаше да го спаси човештвото по апокалипса?

Намената на Свалбрад, глобалниот сеф за семиња сместен во далечните предели на Арктикот, е да послужи за не дај боже во случај на некое апокалиптично сценарио во кое е уништена комплетната глобална залиха на храна. Се наоѓа во планина, и направен е да издржи големи катастрофи "природни или човечки" и "да го издржи тестот на времето". Вчера сефот протече.

Како е да се биде маркетинг агенција на Порнхаб

Агенцијата е Офицер и Џентлмен, и е одговорна за најголемиот дел од виралните видеа и кампањи околу брендот Порнхаб. Главниот предизвик: како да рекламираш на популација која е премногу засрамена да признае дека секој ден минува повеќе време на сајтот отколку на миење заби.

Германските градинки во шумата

Она што ја разликува градинката Робин Худ од голем дел од другите градинки во Берлин е што таа е една од "шумските градинки", во која на децата со наставна програма им е пропишано секој ден да минуваат по неколку часа во шума. И ова важи за секој ден без разлика дали врнело или е сончево или е затрупано во снег.

Рангирани 100 начини да ѝ се помогне на Земјата

За првпат некој да седне, собере и измери кои се всушност најефикасните начини да се зачува планетава и да се сопрат погубните трендови на нејзиното загадување. Резултатите ќе ве изненадат.

Нит нешто од ова ни текнало, нит нешто ќе запамтиме (3)

Знаете зошто ги објавуваме овие, за да ни се најдат при рака еден ден кога ќе решиме да сме вредни. Додуша, досега не ни притребале ама тоа не е причина да не се надеваме дека... еден ден....

Македонец 2017

Вакви работи треба во етнолошки музеј да одат. Пар експонати, со наслов „Македонец, 2017“, како пресек на времето кое ни се падна да го живееме.

Том Морело за Крис Корнел

„Ти благодарам за твоето пријателство и твојот хумор и твојот интелект и единствен и неспоредлив талент“, напиша по веста за трагичната смрт на Крис Корнел неговиот соборец од Аудиослејв, Том Морело. И додаде поема посветена на својот другар.

Катар го отвори првиот стадион за Светското 2022

Во Доха и официјално е отворен првиот стадион за Мундијалот кој за четири години ќе се одржува во Катар.

Првата жена главен судија во Бундеслига

Германската фудбалска федерација реши од следната сезона да ја промовира судијката Бибиана Штејнхаус од втората лига во Бундеслига.

Денот кога Реал стана европски шампион после 32 години

На 20. мај 1998 година, Реал Мадрид со голот на Предраг Мијатовиќ во 67’ минута го победи Јувентус во финалето на Лигата на шампионите и после 32 години го врати највредниот пехар на „Сантијаго Бернабеу“.

Стриптастик: илустрирана книга за тоа што значи да заработуваш од стриптиз

Стрип-албум за стриперската професија, направен врз основа на изјави на 300 соговорнички од бизнисот, а издадена со пари собрани преку кампања на Кикстартер.