Архива

Што еден народ може да научи од волците?

Бидејќи оние силни историски лекции за формациите на фалангата и слично не ни помогнаа баш многу, да пробаме да научиме нешто од волците. Пазете, овде дури и за нив имаме погрешна претстава па ја шириме онаа дека „на волкот му е дебел вратот зашто сам си ја брка работата“. А не е баш така. Да видиме како функционира една волчја формација во секојдневието.

Прва мобилна апликација за осигурување на македонскиот пазар

Денес, осигурителната компанија Еуролинк осигурување ја пушти во употреба првата мобилна апликација за осигурување, со која на своите клиенти им овозможува брзо и лесно купување и плаќање полиси, пријавување евентуални штети, информации за услугите и понудите и кога се во движење.

Господинот 32 трофеи

Агентот на Дани Алвеш неодамна изјави дека 34 годишниот Бразилец сега игра подобро отколку кога замина во Барселона во 2008-ма. Можеби некој нема да се сложи ама тоа е вистина и плус има ист број трофеи со Златан. Само двајца играчи на планетава имаат повеќе.

Креационист го тужи Големиот Кањон за верска дискриминација

Националниот парк не му дозволувал на еден од претставниците на креационизам на млада Земја (дека планетава е стара колку библијата) да собира карпи од кањонот бидејќи го мразел заради неговите верски убедувања.

Најдобриот твит во корист на Бентнер

По толку многу тролања на негова адреса се појави еден извонредно добар и сосема неочекуван факт поврзан со Никлас Бентнер. Не дека данскиот напаѓач треба да се фали што дал два гола за англиски второлигаш, ама па им помогнал човекот и тоа повеќе од што мислите.

Нешто се случува во нашиот град

Секое скопско утро е живо и раздвижено, сите некаде брзаат и одат. Но, денешното утро е по нешто посебно – низ скопските улици забележани се четворица млади момци, во необична облека како некаде брзаат. Се прашуваме кои се овие мистериозни момци. Дали некој нешто знае?

Најбогатите 500 луѓе изгубија 35 милијарди долари од драмите околу Трамп

Во падот на американските берзи што следуваше по најновите политички вознемирувања околу Трамп, Русите и што има они да бидат толку блиски, се проценува дека топ 500-те милијардери во светот имаат изгубено 35 милијарди долари. Најлошо минува Зукерберг, со минус од 2 милијарди долари.

Како да препознаете чие дело е сликата?

Кратко и ефикасно упатство за трупови, како да препознаат дело на некој од најголемите мајстори на сликањето на сите времиња.

 

23 години од лекцијата на Милан против Барса

На денешен ден во 1994. година, на Олимпискиот стадион во Атина Милан со 4:0 ја декласираше Барселона во финалето на Лигата на шампионите. Четата предводена од Капело: Роси, Тасоти, Панучи, Албертини, Гали, Малдини, Донадони, Десаи, Бобан, Савичевиќ и Масаро, одиграа незаборавен меч.

Што заедничко имаат најмалку стресните земји во светот?

Во прашање се Норвешка, Луксембург, Швајцарија, Шведска и Австралија. И сите тие имаа четири заеднички карактеристики. И ниедна не е онаа што ја мислите.

Известуваш во живо и ти се качуваат на ушка

Првиот од трите трофеи на кои целат го освоија, а тоа е Купот на Италија против Лацио. За случувањата од Олимпико и славјето со навивачите имаше известување во живо на каналот на Јувентус. Стрелецот на првиот гол Дани Алвеш не бираше начин како да се израдува.

Летечки магариња или стари магариња од Киево

Италијанскиот прволигаш од градот Верона ги има најстарите фудбалери во Топ 5 европските лиги. Просекот на години на „жолто-сините“ од Верона е 32,9.

Ако Реал Мадрид стане шампион, Малага ќе се офајди со милион евра

Насловот на прва изгледа нелогичен и несфатлив, ама жива вистина е и поврзан е со еден договор вклучен меѓу двата клуба. На Барселона ништо друго не ти преостанува освен да ги мотивира противниците на Реал со нешто повеќе.

Никој во Европа не е чист

Најнапредните ДНК анализи ги обесмислуваат оние реакции на континентот дека бегалскиот бран од Блискиот исток ќе ја извалка генетската мапа на Европа. Што се однесува до Балканците, поуката до нив гласи: ако сакате да сте верни на автентичната и повеќе милениуми долга традиција - мотиката в раце.

Рамстор воден од многубројната пубила ја совлада Систина за Ф4

По пласманот на Лукоил и Трансмет, во полуфиналето од Бизнис лигата на Македонија влегоа и екипите на Рамстор и ЕЛЕМ.

За што се користи тишината?

Сме ја „чуле“. Филмовите, особено тие денес што ги гледаме се експлозија од бои и звуци, ама повремено, дали за да го направат искуството поинтензивно, или да ни покажат баш како му е на тој што го гледаме во моментот, се служат со - тишина.

Европски лиги со некои нови шампиони

„Кои ли се овие Виторул“? праша еден познат маалски кладилничар и ја отвори темата (билтенот) за екипите кои со децении, од сенка чекале да освојат титула и да ги тргнат од тронот неприкосновените лидери.

Најсилниот човек на светот и исхраната од 12.000 калории на ден

Брајан Шо е Најсилниот човек на светот во 2011, 2013, 2015 и 2016 (плус еден куп други први места во слични натпреварувања). По неговите зборови: од сè ова кревањето тегови не е најтешкото нешто, јадењето е. Прв оброк, појадок: 1180 калории. До крај на ден треба да ги потепа уште 10.000 калории. И така секој ден.

Интервјуто на кое Швајнштајгер посакувал да исчезне

Те бараат за изјава како поразен во финале, а тебе не да не ти се збори, уста не ти се отвара. Згора на се шампионите поминуваат и ти прават вовче. Е во таква булшит ситуација се најде Бастијан Швајнштајгер откако Шпанија ја совлада Германија so 1:0 на финалето ЕП 2008.

Почина Крис Корнел

Брзо и неочекувано, на 52 години, само неколку часа по настап, почина Крис Корнел од Саундгарден и Аудиослејв, едно од најубавите рокерски грла на сите времиња. Глас распослан во четири октави во кој чудесно се мешаа и свила и шмиргла. 

Што сè излезе на првиот ден од Гугл I/O

Андроид О, Гугл ленс, печатени фото-албуми, попаметни апликации за по дома, виртуелна реалност, ама не и нов смартфон. Барем не за сега.

Колективно лудило во Москва за шампионската титула

Спартак Москва е најтрофеен клуб во Русија со вкупно 22 титули, a во периодот од 1992-ра до 2001-та беа неприкосновени со 9 од можни 10, но потоа се изначекаа за ново славје кое може да се прогласи за најјако, најорганизирано и најоткачено за 2017-та.

ПАРК ХОТЕЛ И СПА ЈА ОТВОРА НАЈГОЛЕМАТА ТЕРАСА ВО ГРАДОТ

Во наредните две недели ве очекуваат бројни промоции, настани со бендови во живо, диџеи и многу забава во текот на целиот ден

Ени мени сени, сени чоколада на Серхио Рамос и Васкез

И покрај големиот притисок на гостувањето во Виго каде ако изгубеа, извесно ќе ја изгубеа и титулата, фудбалерите на Реал со 1:4 ја згромија Селта и сега бод ги дели од титулата која не ја освоиле 5 години. На крај знаеа да го прослават триумфот.

Доделувањето на пехарот се враќа на теренот, симнете се долу

Новиот претседател на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин донесе одлука со која се менува решението на Мишел Платини од 2007-ма, на победниците во Лига на шампиони и Лига Европа пехарот да им се доделува горе на трибините.

Капиталистите го уништуваат капитализмот а еврото не може вака

Водечки европски економист предупредува дека еврото е оставено на цедило. Националните влади се лишени од одговорност а европска влада не постои. Враќање на националните валути не е предвидено и никој не знае како тоа би завршило. Најверојатно со распаѓање на ЕУ.

Роналдо јеси ли то ти?

Не дека требаше да се секира пошто имаа 1:3, ама па голот е 7 метри долг, 2 висок, а Роналдо ќе има еден гол помалку сезонава бидејќи реагираше како бек. Со други зборови требаше да го праша голманот каде да му шутира. Кој знае колку се јадел што не постигна хет-трик ради ова.

Како до убава жива ограда

Повеќето луѓе што имаат двор имаат и жива ограда. Таа може да биде доста практична. Може да служи како заштита од несакани погледи или да биде добар филтер за звуци, прејака светлина а најчесто за прашина. Но, понекогаш знае и многу да разочара. Уште повеќе ако комшиите имаат убава ограда но вашата е ретка и болежлива. 

Господин Дурасел ја заврши богатата кариера

36-годишниот Дирк Кајт на најдобар можен начин се прости од фудбалот откако со хет-трик во последното коло му донесе титула на саканиот Феенорд после цели 18 години.

70-то издание на Kaнскиот фестивал - контроверзи и очекувања

Вчера се отвори Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 17-28 мај. Претседател на жирито оваа година е Алмодовар, а во него, соочен со презир на европските филмофили, членува и Вил Смит. Моника Белучи го водеше отварањето, а дел од нејзиниот настап беше залапувањето на сцена со францускиот колега, комичарот Алекс Луц. И ова е само почеток.

Навивач на Ренџерс ја зема топката и избега

Откако Рајан Кристи од Абердин ја шутна „небо под облаци“ и топката залута на трибината зад голот на стадионот „Иброкс“, еден навивач на Ренџерс реши порано да го напушти мечот.

Гол на сезоната во мал фудбал

Во меч од италијанската футсал лига, играчот на Наполи Тиаго Амарчанде (19) постигна гол против Пескара што долго ќе се памети.