Архива

Престанете да се секирате што многу се секирате

Нема ништо понадразнувачко од обидот на оние во вашата околина да ви ја намалат тензијата со тоа што ќе ве советуваат „Да не се секирате“. „Па што не кажувате вакви работи?“ - ви иде да крикнете, оти облачното расположение се растерува баш така. Но можеби има нешто во тоа да не олабавувате и да продолжите да се секирате. За ваше добро.

Посвои кокошка

Зделката што ја нуди една холандска компанија е: посвојуваш кокошка и за тоа плаќаш годишна претплата, а за возврат бесплатно добиваш јајца. И ова вака им успева веќе неколку години.

И сега гол е или не е гол?

Пеналџијата биеше силно и прецизно по земја баш онака како што треба. а голманот одличен ама и тотално несреќен. Жолтите се радуваат, што значи дека голот е признат.

Интересна ангегдота за трансферот на Ето во Интер

Една од најпознатите трампи меѓу напаѓачи од светска класа беше онаа која ја направија Интер и Барселона пред 8 години, која многу поскапа излезе за Каталонците. Зад таа зделка се крие и една куса приказна која лично ја раскажува Ето.

Осврт на дваесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Ивица Стефковски од екипата на Еуролинк со 14 гола ги засени сите стрелци на 20. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Тагни си го другарчето кој го има направено ова

Тагнувањето важи за сите вие кои имате другари кои обично во маало играле во одбрана, а вие во напад и често ви мрчеле кога не сте можеле да дадете гол, па се обиделе да ви покажат.

Фчерашни, сезона 2 епизода 23

„Фчерашни новости“ екслузивно од терен: Во тек е панихидата за палмите! Во недела следи уште една епизода од најгледаната забавно-сатирична емисија на македонските телевизии.

10 карактеристики на просечен фудбалер во македонско првенство

Не се фаќаме/фаќајте за тоа дали ова е профил на фудбалер од македонска прва, втора или трета лига, иако според муабетите кои се слушаат за некои клубови може да биде и прва. Одиме со ред:

Во неуспешната кампања на Хилари

Кривицата за неуспехот на Хилари да порази сенилен ТВ водител, според Демократската партија, паѓа комплетно на Русија, сиромашните белци, Берни Сандерс, и.тн. Кривицата никако не паѓа на тоа што нејзината кампања страда од исти пропусти како и во 2008: дезорганизиран кадар кој се мачи да дефинира јасна и убедлива порака за нивниот невозбудлив кандидат од естаблишментот.

Општинско - црковен инцест

Како најлесно да се изгребеш 600.000 денари од општинските власти? Така што богоудно ќе им ги погалиш нивните локални „камбани“ и ќе им кажеш дека нивната власт е од Бога дадена. Од Бога дадена! Џизс, ова нашево никад во ништо нема да се оправи!

Глобалните елити се пред крах, и немаат поим за тоа

Демократите и понатаму си повторуваат дека Хилари Клинтон е вистинскиот победник, Републиканците се тешат дека ја имаат контролата врз власта, а на центарот низ Западот му олесни откако пресметаа дека Макрон најверојатно ќе победи во вториот круг на претседателските избори во Франција. А не се свесни колку грешат, пишува Дејмон Линкер во Вик.

Диего Ел Чоло Симеоне каков што не сте го знаеле

Каде и да играл или да бил тренер, викал, пцуел, урлал, но никој никогаш не му замерувал затоа што тоа го правел како мотивирачки лидер кој способностите ги наследил од баба му од која најмногу се плашел. Ова е сторијата за најдобриот аргентински тренер.

22 години робија за руски полициски генерал

Московскиот суд го осуди генерал Денис Сугробов наа 22 годишен затвор, заради обвиненијата за корупција. Делата се направени додека Сугоробв беше шеф на анти-корупциска.

Теретана по наша мерка

Во Глазгов се отвора теретана која на нашки би се викала „дремара“. Наменета е за подобрување на вкупното психо- физичко здравје а од посетителите ќе се бара вредно да одремат 45 минути. „Сонот е потценет“, велат менаџерите. Комплетно се согласуваме, особено што јавето вака упорно нè разочарува.

Последниот напад на Вардар и славјето за историскиот Фајнлфор

27 април 2017 ќе биде запаметен како датум испишан со златни букви во македонскиот ракомет и спорт воопшто. По пласманите на ЖРК Вардар во Ф4, конечно и ракометарите на Вардар се најдоа во друштво на големата европска четворка. Последниот напад против Флензбург кој делуваше загубено во Јане Сандански, како и поголемиот дел од мечот навивачите го гледаа застанати на нозе нетрпеливи да истече и последната 60-та минута од историскиот меч. На крајот сите во еден глас: шампиони, шампиони.

Необичното мото на крајот на филмовите на Џонатан Дем

Завчера, 26.04, почина славниот режисер на „Кога јагнињата ќе стивнат“, „Омажена со мафијата“ и „Филаделфија“. Познати се случаи кога негови колеги вметнуваат препознатлив „печат“ не само во, туку пред и после своите филмови. Ама мотото на Дем има специфична приказна.

ЕХФ ги спрема жителите на Келн, доаѓаат навивачите на Вардар

Дека ракометарите на Вардар ја имаат најдобрата поддршка во Европа веќе одамна не е тајна, но по синоќешните „грмотевици“ во салата „Јане Сандански“, европската ракометна федерација посебно ги предупреди жителите на градот каде на 3. и 4. јуни ќе се игра Фајнал форот да си купат тампони за уши.

Во лудо време кога само разговор и пиво помагаат

Можат ли двајца луѓе кои лично не се познаваат а делат крајно спротивни погледи на жешките прашања да седнат за по некое време да заклучат дека постојат многу повеќе работи кои ги поврзуваат отколку што ги раздвојуваат? Нека не ве обесхрабрува тоа што ова е, во крајна линија, реклама за пиво. Паметните ќе умеат да извлечат поука, на оние другине и буриња ум да истураш пред нив, џабе е.