Архива

Прогласена највлијателната академска книга во Британија

Во Британија, втора година по ред, од 23-28 јануари се одвива недела на академските книги „заради отварање дијалог помеѓу оние кои ги пишуваат, и оние кои ги користат“. Оваа година беше спроведено и гласање за највлијателната ваква книга на сите времиња.

А која тоа војна на Балканот сме ја избегнале или одложиле

Овој пат изгледа невозможно да се замисли мир по уште една таква војна. Има само една причина зошто таа војна, сепак, нема да ја има. Тука веќе нема ништо стварно важно. Благословените се неважни.

Од играчка - плачка и најглупави повреди на фудбалерите

Последната епизода на Кристијано кој поради болки во палецот не можел да вози и викнал влечна служба за неговото Ламборгини во познатото зимско одморалиште Навасерада нè испровоцира да избунариме разни бизарности за познатите фудбалери.

Најкусиот и најглупиот хајлајтс во историјата на фудбалот

Гринвич Бороу е аматерски клуб од Англија кој поради смрзнат терен мораше да го прекине мечот против Ханвел Таун по само 15 минута игра. Имаат официјален јутјуб канал, а нивниот хајлајтс од овој меч изгледа вака:

Најголемиот кикс во историјата на Блекбурн

Во 1992 година беа удрени темелите на новата англиска прва лига под името Премиер лига. Првата и втората сезона ги освои Манчестер Јунајтед со Фергусон, а третата беше изненадување бидејќи пехарот го крена Блекбурн, тимот со голем пропуст од епски размери.

Како Голдман пак ќе ја Секса Америка

Хилари Клинтон со изборен пораз ја плати цената што се полакоми по парите на Голдман Сакс, најомразената американска компанија и синоним за злото на Вол Стрит. А сега Доналд Трамп рекордно ја накрцка Белата куќа со кадри од таа компанија.

Што не е во ред со генерацијата родена после 1984?

Имаме старосни граници кога се во прашање цигари, алкохол и коцкање, а немаме старосни граници кога се во прашање мобилни телефони и социјални мрежи. Тоа е како да отворите бифе со алкохол и на тинејџерите да им кажете - ако ве мачат адолесцентски проблеми, послужете се. Баш тоа се случува, објаснува британскиот автор Симон Синек.

Стереотип за хулиган од Англија

Старо видео со Суарез во дрес на Ливерпул со една буталетинка која веројатно од тогаш гледа фудбал само на тв.

Островската фудбалска бајка каде нашите се најдоа во погрешно време

Навивачката страст во јужна Италија е посебна, а ја красат топлите срца на тифозите кои се луди по фудбал. Од нив и од нивните јунаци течеа солзи радосници само затоа што влегоа во прва лига. Приказната е за Палермо кој ја крена Сицилија на нозе, а сега е во длабока кал.

Зошто има онака нездраво дебели Американци

Една од причините е тоа што компаниите кои произведуваат храна сами решаваат за која употребена состојка ќе побараат одобрение од регулаторот. Ако не побараат, никому ништо, таа оди директно на рафтовите.

22 години од Кунг-фу ударот на Кантона

На денешен ден пред 22 години еден од најдобрите француски фудбалери во историјата, доби црвен картон и откако беше испровоциран од навивачот на Кристал Палас Метју Симонс, реши да го удри со силен Кунг-фу удар. Јунајтед го суспендираше 28-годишниот Кантона до крајот на сезоната и го казни со 20.000 фунти.

Животната драма на хрватската тенисерка која прави чуда на Гренд Слем

Цели 10 години трпела неподнослива тортура од татко ѝ кој физички и психички ја малтретирал. Со помош на Иванишевиќ бега во САД каде работи на благајна и сонува да му се врати на тенисот.

Кармата е (стипендирана) кучка

Африкански активист се залага за симнување на статуа на еден расист во неговиот град. Од Америка добива не само аплаузи туку и стипендија. Стипeдијата доаѓа од фондација основана од - пазете сега - истиот тој расист. Па има ли боље?

Како се обликува дрво

Градските дрвја, за разлика од шумските, треба и мора да се обликуваат. И шумските може да се обликуваат, но изгледа таму секогаш се трга од парите - колку вложуваш за нешто а колку ќе добиеш. Во шумите наменети за стопанска сеча целта на оформувањето поединечни стебла е поинаква и обично се користат техники поврзани со густината на садење и со видот на сеча отколку вистинско обликување. Но, дури и тие можат да извлечат корист од начелата на текстов што следи. И во шумарството се користи термин „грешки во дрвјата“ за непожелни форми кои не можат максимално да се искористат финансиски. Барем сопствениците на приватни шуми би требало да ги знаат. Но овде ќе зборувам за оформување градски дрвја, нешто што обичните луѓе ги засега повеќе.  

Кампањата на Трамп никогаш нема да заврши

Американската инаугурација на претседател е замислена како моментот кога раскрстуваш со кампањата за твоето следно вработување и ја преземаш улогата на лидер на земјата. Ама како човек што толку добро си пројде за време на кампањата, да ја прекине кампањата.

Амбасадори, Ми Амор

Не знам дали да ви ги претставувам, пошто мене они ми се легенди. Добро, ај малку: тоа е оној пеjач (Ерол се вика, добар човек и крајно љубезен комшија) кој пее како оној од Хари Мата Хари. Ви текнува?

Судиски грешки на штета на Барселона сезонава

Весникот El Mundo Deportivo кој е со седиште во Каталонија, ја проанализирал работата на судиите на средбите на Реал и Барселона во шпанска Примера и дошол до заклучок дека арбитрите ја направиле бодовната разлика во корист на „Кралевите“.

Слобо, човек и гласови

Кањон колку Морача зјае меѓу неговата желба за пеење и способноста да го прави тоа. Се вика Слобо Пјешчиќ и важи за најдобриот машки и женски вокал во Црна Гора.

Силно светнал ден

Многу - ама многу! - корисна апликација за луѓе кои имаат проблеми со видот. Телефонот ги препознава работите во околината и ги кажува. И не само што ќе ви каже дека имате куче пред себе, туку и кој модел е и колкаво е отприлика. Во следната верзија можеби ќе каже и дали кучето ве гледа попреку. Браво, за сите пари.

Слободен удар кој потсеќа на Роналдињо против Англија

Голот од слободен удар, ама со вакво обратно ефе е реткост. За фудбалерите е многу тешко да погодат, а за голманите е сосема неочекувано изненадување. Синоќа успеа не меч во Мексико, а ние се потсетивме на СП 2002, кога Роналдињо го закопа Дејвид Симан од уште подалеку.

Инсиње има да ви каже нешто

Наполи е првиот полуфиналист во италијанскиот Куп откако синоќа со голот на Каљехон ја елиминираше Фиорентина. Кога ќе треба да се прави нова фудбалска шпица во Италија, еве им материјал.

Aмазон воведува награда за автори кои самообјавуваат на Киндл

„Самиздат“ за наш менталитет сè уште одѕвонува како „книга што никој не сакал да ти ја финансира и објави, па си морал сам“. Светскиот пазар пак на дигитални изданија за повеќето наши автори е како друга планета. Ама некои од нив се осмелиле, а сега можат да бидат и наградени.