Архива

Свадба со навивачки карактер

Кога срцето на зетот освен за невестата бие за клуб кој го поддржуваат и неговите другари, кумот, старосватот и братучедите, тогаш нема потреба од машка фотка, туку видео кое потоа ќе го пушта дома до даска едно 100 пати. Се работи за Фоџа.

Малер на колото кој падна на Лестер за 4.000 евра

Далеку е бранителот на титулата од тоа што беше лани, ама па да не може човек да го фати дома двознак против ВБА, стварно е срамота. Па дај му го на човекот овој одлично смислен тикет за убави пари.

Како Кварезма го плаши Кристијано Роналдо

Одговорен за добра атмосфера во репрезентацијата на Португалија очигледно е Рикардо Кварезма. Последна негова „жртва“ беше Кристијано Роналдо во тренинг кампот на репрезентацијата.

Британија нема да го добие брегзитот што го посакува

Поранешниот белгиски премиер и еден од најфанатичните бранители на Унијата, Ги Верхофстад, е човекот што Европскиот парламент го избра за свој главен преговарач за брегзит, потег што Најџел Фараж го нарече "објавување војна" од страна на ЕУ.

Навивачите на Интер удрија остро по играчите и управата, а не тренерите кои ги менуваат како чорапи

Кога клуб по име Интер после 12 минати кола во Серија А има 5 порази и е на 9 место со 13 бода зад лидерот, тогаш очигледно е дека нешто не оди. Но тоа е така веќе шест сезони по ред и навивачите не може повеќе да живеат со старата слава која ја создаде Мурињо.

Фудбалер на Вотфорд кој во Битола би го викале Успехо

Голманот на Слиго Роверс, Михаел Шлигерман доаѓа од Каунти Мајо а дедо му е Германец. Зборот German е дел од неговото презиме. Има ли уште такви примери каде презимињата на играчите содржат збор кој директно ги поврзува со нивната националност или националноста на нивните родители?

Мултилевел маркетинг кај Џон Оливер

Кај народот познати како „Јеховини сведоци за пари“, или „А за тоа ме бараше другарка ми од средно“, или „Барем да знам на кои роднини да не им се јавувам“. Во бизнисот познати како „индустрија што во САД заработува 36,12 милијарди долари годишно“. А сега, сè што не сакавте да знаете околу бизнисот.

Да беше тука Суарез, ќе седеше на клупа

Навивачите на Ливерпул синоќа против Вотфорд пееа песна која што ја насмеа целата фудбалска јавност. Според нив, тимот е толку добар што и кога би го имале Луис Суарез повторно, тој би седел на клупата за резерви. „Црвените“ играат препородено со Клоп.

Осигурување за лузери

Италијанец во изминатите 12 месеци купува 255 грепки од лотарија. Не му се паѓа на ниту една од овие 255 грепки. Крајно решение, оди на суд за да ја тужи лотаријата. Затоа што е Италија, ја добива лотаријата на суд.

Словенец, ај глеј си работата

Сакајќи на хумористичен начин да си играат со стереотипите за бившите ју народи, во овој очаен обид за римејк на Топ листа надреалиста, се потврдува барем еден стереотип: дека Словенец и хумор не одат заедно.

Графитот на МЗТ Скопје кој не се брише

Од епските слободни фрлања на Перо Блажевски кои беа клучни за гигантот Реал Мадрид да падне на колена во Скопје, освен што не се бришат спомените на Аеродромци, не смее да се пипне ниту овој нивен омилен графит.

Детето без извод од матичен кое стана европски шампион

Премијата Golden Boy, златно дете на европскиот фудбал се доделува веќе 14 години. Годинава наградата ја доби Ренато Санчез кој минатата сезона играше за Бенфика а годинава стана шампион на Европа и фудбалер на Баерн Минхен.

Магнус и баскетот

Ако фрлите баскет од многу високо, тој ќе паѓа нормално, по вертикала. Но, ако го фрлите со вртенка, ќе отиде џенем, заради тн Магнусов ефект. И јес да Магнус е роден во 1807-ма година, ама па немојте сега во Фб коментари да нè прашувате од кај му на Магнус баскет во тоа време.

Осврт на петтото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во 5. коло од Бизнис лигата на Македонија најпрецизен играч беше Сашо Георгиев од ЈСП со 5 голови.

Твитер троловите се штетни за демократијата

Анкета покажува дека на 65% од корисниците на социјални медиуми им е смачено од тоа колку е гнасен онлајн разговорот околу политика. Њујоркер 2016 ја нарече "Годината на политичкиот трол". Заклучокот на Вашингтон пост е дека тролањето не само што лошо влијае на корисниците на социјални медиуми, туку и штети и на демократијата.

Ја шутна од пола терен и си лапна 35.000 долари

Џабе играме спортска и се надеваме дека ќе ги заколеме кладилнициве за викенд. Мајката му е само да имаш прецизен шут.

Eмпатијата не чини

Кој би можел да тврди дека ставањето во туѓа кожа, и согледувањето на работите од негова гледна точка, би можело да штети? Нели токму сочувството и емпатијата нè прават луѓе, а не себични ѕверови? Епа, не баш.

Завршните спотови на Хилари и Трамп

Грубо преведено на нашки, Трамп игра на СДСМ карта (Ја украдоа државата, Да им ја вратиме на граѓаните...) а Хилари на наративот на ВМРО (Ние сме одговорни, Ние се грижиме...).

Ван Перси ќе гледа и со левото око

Сè е во ред со холандскиот репрезентативец Робин Ван Перси за кој некои медиуми доцна синоќа објавија дека при еден дуел останал без едното око.

Голманот на викендот доаѓа од Турција

При водство на Фенербахче од 0:2, голманот на домашниот Акхисар Беледје, Фатих Озтурк го запечати поразот на својот тим иако претходно фати два чисти зицери.

Апел за тридневна работна недела

На младите светот им останува. Особено после среда.