Архива

Најдобар и најсмешен гол во ЛЕ

Од вкупно 52 гола на натпреварите од второто коло во Лига Европа ви издвојуваме два. Кевин Де Брујн од Волфсбург му испрати проектил на Лил, а фудбалерот од Феенорд Свен Ван Бек на мечот против Стандард постигна регуларен гол со рака.

Пораз на Муарем и Адеми, три бода за Абдурахими

Гостувањата на Карабах и Динамо Загреб против Интер и Селтик се покажаа како тешки тврдини за освојување. Локерен каде настапува Бесарт Абдурахими славеше против Металист. Беспрекорни во второто коло од ЛЕ беа италијанските претставници, а во Лондон, Демба Ба го спаси Бешикташ од пораз.

Зошто Милан треба да биде среќен што не игра во ЛШ

Тоа што не си дел од најелитното клупско европско друштво има и добра страна. Ќе го одмориш тимот, ќе се спремаш повеќе тактички и нема да имаш стрес во сред недела. Јувентус и Рома имаат такво искуство.

Балотели е непотребно ѓубре

Вчерашниот настап на Балотели во Лигата на шампиони, ги разбесни навивачите на Ливерпул кои веќе го прогласија за непожелен.

Велбек од Манчестер Јунајтед

Дани Велбек е главно име во денешниот англиски печат, бидејќи по Анри и Бендтнер, стана само трет фудбалер на Арсенал кој успеал да постигне хет-трик во Лигата на шампионите. ФА денеска го соопшти списокот на Англија за следните два квалификациски дуели, но му го утна клубот.

Кофа без осет за фер-плеј

Натпревар од некоја втора, трета српска лига "на крилјата" на коментар од Маракана и ланскиот судир меѓу Србија и Хрватска. Коментатор Аца Стојановиќ.

Најсилната страна на Партизан

Фудбалерите на Партизан заминаа во Грција каде вечерва ќе одиграат натпревар од Лига Европа против Триполис. Во експедицијата ги понесоа најсилните адути на клубот.

Што ако сите фини држави засекогаш се откажат од организирање Олимпијада?

Откако Норвешка се повлече (затоа што не и се трошат многу пари), како кандидати за организирање на Зимската Олимпијада 2022-ра останаа Кина и Казахстан.

Муарем на Меаца, Адеми во Глазгов против Селтик

По првите натпревари во Лигата на Европа пред две недели, второто коло продолжува вечерва, а најголемо внимание за нас привлекуваат дуелите на двајцата македонски репрезентативци, како и средбата во Лондон помеѓу Тотенхем и Бешикташ. 

Гонзалез: Новата сала ни создава возбуда и притисок

Ракометарите на Вардар во сабота против Чеховски Медведи ќе отворат ново поглавје во „Јане Сандански“. Тимур Дибиров посакува тоа да стане неосвоива тврдина.

Највоспитаните демонстранти на светот

На целата подготвеност на Пекинг и комплетната полициска машинерија што им е на низок старт, луѓето никако да стигнат да покажат се што знаат на тема смирување протести и покрај тоа што пола Хонгконг е излезен на улица.

Свирете ја „Хадронски колајдер“, тивко, полека

Циничниот табор научници кои сметаат дека за експериментот во ЦЕРН се трошат премногу пари за нешто што не изгледа дека има непосредна практична примена, сега конечно можат да здивнат - Големиот хардонски колајдер може да создава музика. И така одеднаш сè добива смисла.

Тотенхем – Бешикташ на МТВ и Интер – Карабах на Арена Спорт 1

Од спорт на ТВ за денеска ви предлагаме еден куп натпревари од второто коло од Лига Европа.

Зошто прогнозерите го пцуеа Чичарито?

Мексиканскиот напаѓач им ги искина нервите на сите кои чекаа да го штиклираат Реал Мадрид на тикетите откако ја извади топката од голот на домашните при резултат 1-1.

Пеналите на Реал Мадрид во Софија

Лудогорец излезе на терен сред Софија, и наспроти сите очекувања му поведе на кралскиот клуб. Реал сепак успеа да се врати во игра, многу благодарејќи на два пенала. Еве за што Реал доби пенали.

Се гледаме на следниот скопски маратон

Иако се носи на грб и е туч тешко (цирка 5 кила), овој ранец на млазен погон помага на секои истрчани 100 метри да ќарувате по неколку секунди. Па да видиме чија мајка џетпек плете.

Зошто да не ги бомбардираме сите муслимани во светов?

Автор на Гардијан ја иронизира "хуманитарната мотивација" на бомбардирање на џихадистите во Сирија и Ирак хиперболизирајќи ја идејата животот да се спасува со бомби.

Денот кога прв пат напишавме "анус на гулаб"

Оваа чест ни ја направија кинеските властите кои за Денот на создавањето на Кина, од безбедносни причини, почнаа да бараат бомби во анусите на гулабите кои беа дел од прославата.

Пиро шоу на Емирати и во Брисел

Навивачите на Галатасарај и Борусија Дортмунд ѝ тераат инает на УЕФА. И едните и другите направија бакљада на натпреварите од Лигата на шампионите, настап што скапо ќе ги чини по казните што им се спремаат во Цирих.

Упалапу Шринивас - заминувањето на индијскиот музички гениј

„Еди Ван Хален, да си јадеш ушите", наводно изјавил Џорџ Харисон кога налетал на еден од албумите на Шринивас. Музичкиот гениј и виртуозот на индијска мандолина, кој соработуваше со Меклафин и Мајкл Најман, почина на 45 години.