ВИП носорог

Ако си последниот машки претставник од својот род и уште ако тој род е Северен бел носорог, тогаш ти следува вооружена придружба и обезбедување 24 часа на ден.

Во 1960-та на планетава има 2.000 носорози од овој вид, во 1984-та има 15. Денес се 5, од кои само едно е машко и е сместено во Ол Пеџета резерватот во централна Кенија, се вика Судан и има 42 години.

Од предострожност на Судан му е отсечен рогот за тој да биде помалку интересен за ловокрадците. Тоа што не оди во негова корист е дека рогот е составен од кератин (истиот протеин што го има во ноктите на луѓето) и со тек на време тој пак ќе порасне.

Двете невести за Судан, Фату и Наџин, исто така се паркот, а останатите две во зоолошките во Чешка и во Сан Диего. Судан остана единствен мажјак откако минатата година во Зоолошката во Сан Диего од старост почина 44-годишниот Ангалифу.

Тимот ренџери што ќе го обезбедуваат Судан ќе биде платен со донации. До сега за ова се собрани 64.000 долари. Цената на рог од бел носорог може да достигне до 75.000 долари за килограм.

17 април 2015 - 10:18